Author: dino

Тренерот на фудбалерите на Ливерпул, Јирген Клоп беше видно расположен на средбата со новинарите пред утрешниот дуел со Рома во полу-финалето во Лигата на шампионите кој ќе се одигра на „Енфилд“. Германецот одговори шеговито на прашањето дали некогаш би водел тим од  „Чизмата“. „Нема логика да ме ангажира италијански клуб бидејќи таму можам само да си нарачам едни шпагети а тоа не е доволно” – изјави искусниот тренер алудирајќи дека не говори италијански и дека за него е многу значајно да комуницира со фудбалерите. „Ќе видиме што ќе се случи, но, сигурно нема да има ништо во наредните 4 години…

Read More

Шпанскиот фудбалски тренер, Унај Емери, вели дека Арсен Венгер може да се врати во татковината и да го наследи на кормилото на ПСЖ. Французинот по 22 години на клупата на Арсенал се одлучи пред време да го раскине договорот и да си замине од Лондон. Се споменува дека Венгер нема намера да се повлече од фудбалот, напротив тој има желба да остане и да добие функција во некој друг клуб. И тука е во игра ПСЖ. „Тој е поим за искусен тренер. Многу луѓе се присутни на неговите предавања во Нион. Венгер е одлична опција за ПСЖ“ вели Емери кој…

Read More

Македонската женска тениска репрезентација го освои петото место на турнирот од Третата Евро Африканска зона откако ја совлада секецијата на Алжир со 2-1. Во првиот сингл меч, Јана Таневска загуби од Јасмин Буџаџи со 2 спрема 1 по сетови 6-3, 1-6 и 6-2 додека Ана Ристевска со службен резултат го доби вториот дуел против Ана Амира Бенаиса. Мечот во двојки меѓу нашите Таневска и Ристовска и Биџаџи и Бенаиса исто така заврши со службена победа на  Македонија.

Read More

Италијанскиот фудбалски тренер на клупата на Челзи, Антонио Конте, проценил дека Жозе Мурињо имал подобри услови и поголема помош од челниците на „сините“ и дека затоа му било полесно да работи во клубот. Четата на Конте не успеа да ја одбрани титулата од претходната сезона во Премиер лигата и мораше да му ја препушти на Манчестер Сити. Згора на тоа, лондончани најверојатно ќе останат и без пласман во Лигата на шампионите за наредната сезона. „Мурињо имаше 72 победи пред многу години. Сега е многу потешко да се постигнуваат такви резултати со Челзи. Постојат други работи кои мораат да се земат в…

Read More

Тренерот на фудбалерите на Ливерпул Јирген Клоп по нерешениот резултат на тернот на ВБА (2-2) изјави, дека домаќинот се послужил со трик на полувремето и не ги пуштил прскалките по што теренот бил премногу сув и им правел проблеми на неговите фудбалери. „ Воопшто не сум задоволен од состојбата на теренот. Кога тој е сув, топката не можете да ја додадете ниту пет метри. Најлесно е така да го неутрализирате противникот, но, тоа му одговара на ВБА со начинот на кој игра фудбал“ – вели Клоп кој со изјавата ги налути домашните фанови. „Ако топката е постојано во воздухот, не…

Read More

Спортскиот директор на фудбалскиот состав Милан, Марко Фасоне, призна дека клубот е надгледуван од УЕФА и дека набрзо може да биде казнет за непочитување на финансискиот фер-плеј. „ Росонерите“ по трет пат имаа средба со луѓето од УЕФА за да ги презентираат информациите за нивната финансиска состојба. „Го претставивме планот за наредните години. Милан ќе ги почитува правилата. Сега ништо не може да се случи со финансиската состојба во нашиот тим. Претходните сопственици на клубот не ги почитувале параметрите и затоа сме под лупа поради сезоните 2014/15, 2015/16 и 2016 / 17“ вели Фасоне. „Ќе има санкции иако се надевам…

Read More

Бугарскиот тенисер, Григор Димитров, изрази задоволство од денешниот настап и победата против Белгиецот Давид Гофин со 2-0 по сетови 6:4, 7:6 на престижниот „Мастерс” во Монте Карло. Димитров утре во полу-финалето ќе се соочи со 10. кратниот шампион и воедно лидер на АТП листата, Рафаел Надал од Шпанија. „Мислам дека денеска одиграв многу подобро за разлика од претходните мечеви. Започнав добро со сервисот иако е тешко да бидеш прецизен на земјените терени. Заостанував во вториот сет но, стигнав до пресврт. Иако заморот е евидентен,  од денешниов меч можам да извлечам многу позитивни нешта” – потенцирал Димитров.

Read More

Легендарниот пливач, Мајкл Фелпс, кој има 28 медали од големите меѓународни настани од кои 23 се златни, признава дека проживеал и тешки моменти. Американецот е категоричен  дека нештата се многу покомплексни и мрачни и дека помислувате дека нема крај на таквиот циклус и на моменти добивате … самоубиствени мисли. „Имаше еден момент, тогаш …немав желба повеќе да живеам” – открива Фелпс ексклузивно пред „Си Би Ес“. Врвниот пливач вели дека депресијата го зафаќала речиси по секој голем настан без разлика од постигнатите успеси. „Настапот на Олимпијада ве тера да работите максимално активно во период од 4 години. Кога се ќе…

Read More

Александар Ставрев, еден од нашите најдобри судии ќе ја дели правдата на дерби мечот од 29. коло во првата фудбалска лига меѓу Шкендија и Шкупи. Натпреварот ќе биде одигран в недела на стадионот под Шара од 16.00 часот. Доколку домаќините ги освојат трите бода, тогаш и теоретски ќе ја обезедат титулата и ќе бидат новите шампиони на Македонија. Охриѓанецот, Марјан Марковски, ќе бде на центарот на мечот Победа-Вардар. Натпреварот Работнички-Пелистер му припадна на Стојанче Стоилов од Штип. Судијата од Кавадарци, Зоранчо Темелков, ќе ја дели правдата на средбата во Кратово меѓу Силекс и Ренова додека натпреварот меѓу Скопје и Академија…

Read More

Челниците на фудбалскиот состав Рома, сакаат да му го продолжат договорот на дефанзивниот играч, Хуан Жесус, тврди денеска – „Tuttomercatoweb“. 26-годишниот играч од одбраната и се приклучи на „волчицата“ во летото во 2016 година кога го напушти составот на Интер. Тој во тековнава сезона одигра 26 натпревари и беше еден од главните фактори за пласманот на калчолигашот во полу-финалето во Лигата на шампионите. Според наведеното, Жезуз ќе доби нов двегодишен договор со евидентно подобри услови пред се од финансиски аспект.

Read More