Author: dino

Дефанзивниот фудбалер на Рома, Александар Коларов, изјави дека неговиот тим треба да биде оптимистички расположен пред утрешниот реванш меч со Барселона во 1 /4 финалето на Лигата на шампионите. „Римската волчица“ во првиот меч во Шпанија загуби со 4 спрема 1 а веднаш потоа челниците на тимот реагираа дека судиите направиле неколку грешки и дека директно влијаеле на конечниот резултат. Според нив, на Италијанците не им биле досудени два пенала а Барселона ги добила речиси сите спорни моменти во нејзина корист. „Мораме да се надеваме и да бидеме оптимисти. Мора да одиграме добар фудбал и да докажеме дека навистина заслужуваме…

Read More

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, потенцира дека неговиот тим ќе влезе максимално мотивиран на утрешниот реванш со Манчестер Сити во Лигата на шампионите. „Црвените“ ќе гостуваат на „Етихад“ со предност од 3-0 која ветува дека можат да бидат дел од наредната полуфинална фаза. „Не смееме да размислуваме дека сме влезени во 1 /2 финалето додека не заврши мечот. Сити има одлична сезона иако по поразот од нас загуби и од Манчестер Јунајтед во градското дерби. Тоа не смее да не залаже дека ќе биде лесно“ вели германскиот стратег. „Јасно е дека Пеп располага со  играчи кои имаат големо искуство во…

Read More

Напаѓачот, Фернандо Торес, објасни дека има намера да си замине од редовите на Атлетико Мадрид иако планирал да се пензионира токму во редовите на шпанскиот состав. Според него, тимот има потреба од свежи сили и млади фудбалери а тој е подготвен да го отстапи неговото место. Шпанецот беше дел од Атлетико од 2001 до 2007 година а потоа ги бранеше боите на Ливерпул, Челзи и Милан (позајмен). Торес реши да се врати во матичниот тим во 2015 година. „Сонував да заминам во пензија како играч на Атлетико, но, соништата не се остваруваат секогаш. Не знам каде ќе одам по завршувањето…

Read More

Томас Тухел кој седеше на кормилото на Мајнц и на Борусија Дортмунд, најверојатно ќе го замени Унаи Емери на клупата на францускиот фудбалски  состав ПСЖ, објави денеска екслузивно весникот „Билд“. Според наведеното, соработката меѓу двете страни е договорена а одличниот стратег на крајот на сезоната ќе потпише договор за две години. Посебни детали засега не се издвојуваат. Тухел имаше завидни резултати додека седеше на клупата на „милионерите“ а неговото име во повеќе наврати се поврзуваше и со Баерн Минхен.

Read More

Луѓето од Мерцедес на брифингот пред трката во Бахреин, открија, дека користат три начини на работа на моторот: еден за поголемиот дел од тренинзите, вториот за квалификациите и третиот за главната трка. Секој начин може да биде регулиран за одредени ситуации. Главната разлика е во тоа како се користи електричната енергија – дали се употребува во рамките на еден круг,  дали е во режим на заштеда или пак во мешовита положба (рамнотежа помеѓу користење и обновување). Првиот човек на екипата, Тото Волф, потврди дека високиот режим на моторите не бил користен од пилотите на Мерцедес пред третата фаза на квалификациите.…

Read More

33-годишниот Кристијано Роналдо со вчерашните два гола на мечот со Јуве постави нови рекорди во Лигата на шампионите. Португалецот е единствениот кој има реализација на 10 последователни натпревари. „СР7“ е исто така играч со најмногу поогодоци во 1/4 финалната фаза или вкупно – 22. Роналдо со 119 голови е рекордер во Лигата на шампионите. Играчот на „кралевите“ погоди против Јуве по само 2:47 минути што е негов најбрз гол во елитата. Тој е убедливо најпрецизниот фудбалер меѓу првите 5 европски шампиони. Роналдо кој го очекува 150-от меч на турнирот, полека се доближува до неговиот рекорд за најмногу голови во една…

Read More

Фернандо Алонсо може да влијае на одредени рокади во екипите во Формула 1. Шпанецот кој добива плата од 40 милиони евра во Мекларен може да биде ослободен од обврските доколку британскиот тим не излезе од лошата финансиска состојба. Според шпанскиот печат, Алонсо може да се пресели во Рено а неговото место да го преземе Валтери Ботас од Мерцедес. Германците сакаат да привлечат поголема ѕвезда која ќе му биде партнер на Луис Хамилтон. Соодветна опција за тоа е Даниел Рикардо. Неговиот договор со „Red Bull“ истекува на крајот на сезоната а Австралиецот сака да вози добар болид и да се бори…

Read More

Македонската тениската Дејвис куп репрезентација со денешниот меч против Исланд ќе го отвори турнирот од Третата Европска зона кој се реализира во соседна Бугарија. На мечот со „рибарите“ прв на теренот ќе се појави Србљак кој ќе игра против Егил Сигурдсон додека потоа Грабул ќе игра против Биркир Гунарсон. Во мечот во двојки Србљак и Грабул ќе треба да играат против истите ривали од сингл мечевите. Македонија во досегашните три пресметки со Исланд има предност од 2-1 во победи.

Read More

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, не криеше дека е презадоволен од синоќешниот натпревар против Јувентус а посебно од тоа што го покажа Кристијано Роналдо. „Кралевите“ во првиот меч од 1 /4 финалето победија со убедливи 3-0 на стадионот во Торино а вториот гол на Португалецот кога со ножички го совлада Буфон е еден од најубавите во историјата на ЛШ. Веднаш по мечот новинарите го прашаа Зидан кој гол е поубав – неговиот против Леверкузен или тој што го даде Роналдо. „Ох, мојот. Дефинитивно мојот.“ – порача Зидан низ смеа а потоа додаде :Не е лесно да постигнеш три гола…

Read More

Раководството на Формула 1 планира да направи нови промени се со цел да привлече повеќе публика. Според наведеното, досегашните квалификации може да бидат променети во спринт-трка на 100 километри без ограничувања на лимитот на горивото и на гумите. Врз база на резултатите остварени на спринтот би се формирал и стартниот редослед за Гран при трката. Доколку тимовите се согласат со таквиот предлог, тогаш новиот систем на квалификации може да стартува од 2021 година.

Read More