Author: riste

Поранешниот капитен на Челзи и англиски фудбалски репрезентативец Џон Тери ја заврши својата кариера и ќе биде телевизиски коментатор, објави „Мирор“. 37-годишниот дефанзивец во моментов е слободен агент по минатогодишниот настап во втората лига во тимот на Астон Вила. Тој одлучи да стави крај на фудбалската кариера , но нема да работи како тренер, туку ќе ги покаже своите квалитети на телевизија. Спортскиот канал „Скај спортс“ понудил да го ангажира Џон Тери во својот тим како фудбалски аналитичар и експерт на местото на Тиери Анри, кој сака да се фокусира на тренерот професија. Џон Тери ја помина речиси целата своја…

Read More

Челзи нема намера да го продава Еден Азара на Реал Мадрид и за 170 милиони фунти, соопштува британското издание „Мирор”. Претходно во текот на неделата медиуми од Англија и Шпанија соопштија дека лондончани може да се разделат со 27-годишниот напаѓач, но за сума не помала од оваа. „Азар е еден од најдобрите фудбалери во Европа. Сакам да го направам дури подобар од сега, но тоа ќе биде комплицирано, бидејќи тој веќе е на многу високо ниво”, рече новиот менаџер на Челзи Маурицио Сари. Раководството на „сините” од Лондон е убедено дека белгискиот играч нема да се обидува да го прекине…

Read More

Манчестер Јунајтед не се откажува од намерата да го привлече одбранбениот играч Хари Мекгваер од Лестер Сити, соопштува „”Дејли Меил”. Од „Олд Трафорд” подготвуваат подобрена понуда за 25-годишниот англиски репрезентативец во вредност од 65 милиони фунти, откако првиот предлог од 50 милиони фунти беше одбиен. Според изданието ако двете страни стигнат до договор, Манчестер Јунајтед ќе мора да продаде еден од тројцата дефанзивци Маркос Рохо, Ерик Бејли или Крис Смолинг, за да го финансира договорот. Во исто време Лестер сака да го задржи Мекгваер во составот, а од управата на клубот се подготвени да му понудат нов договор со зголемување…

Read More

Освојувачот на сребрен медал од Светското првенство во фудбал во дресот на Хрватска Матео Ковачиќ остварил средба очи во очи со новиот тренер на Реал Мадрид Јулен Лопетеги и му рекол дека сака да го напушти клубот, соопштува весникот „Марка”. Поранешниот играч од средниот ред на Интер зборувал со тренерот во базата на клубот и му објаснил дека најдобрата опција за неговата е да биде продаден во клуб каде ќе добива почесто минутажа. „Марка” информира дека Ковачиќ и Лопатеги зборувале пријателски, но не многу долго, бидејќи фудбалерот бил цврсто решен за неговата желба. Весникот потсетува на интервју со Хрватот од…

Read More

Организаторите на ЛОИ во Токио 2020 ги претставија маскотитее за Олимписките игри кои ќе се одржат во овој град. На посебна церемонијата што се одржа во главниот град беа преставени маскотите. Нивните дизајни се направени од студенти од цела Јапонија, со цел да се подигне интересот на децата во спортот и претстојниот настан. Макотите за Олимпијадата во Токио се нарекува„Мирајтоуа“, што е комбинација на јапонски зборови за иднината и вечноста. Изгледот на маскотите  преставува комбинација на традицијата со иновативност, истакнуваат од организаторите.

Read More

Ракометната машката младинска репрезентација на Македонија го стартуваше настапот на ЕХФ шампионатот со победа. Овој шампионат од денес се одржува во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје. Селекторот Данило Брестовац кој е предводник на оваа селекција може да биде задоволен од победата против Велика Британија со 32:15 (15:5). Нашите ракометари започнаа мечот внимателно , но потоа направија убава серија и дојдоа до предност од 12:3. На крајот на првиот дел отидоа со двоцифрена предност од 15:5. Во вториот дел се беше рутина и формалност. Селекторот Брестовац им даде шанса скоро на сите ракометари од клупата, да го почувствуваат теренот, но тоа…

Read More

Младиот напаѓач на Манчестер Јунајтед Антони Марсиал може да остане во клубот наредната сезона, но само ако покаже добра игра за време на предсезонските подготовки на „црвените ѓаволи” во САД, пишува британскиот весник „Express”. Според изданието менаџерот на англискиот тим Жозе Мурињо е разочаран од развојот на 22-годишниот фудбалер, но е подготвен да му даде последна шанса. Клубот нема да го продава Марсиал, ако Французинот се претстави добро во средбите од американската турнеја. Тековниот договор на играчот е до крајот на следната сезона. Марсиал дојде во Јунајтед од Монако во 2015 година. Напаѓачот постигна 9 гола во 30 натпревари во…

Read More

Реал Мадрид ја договорил една од најголемите ѕвезди на Челзи и репрезентацијата на Белгија Еден Азара, тврди француското издание „Le10sport“. Според последните информации двата тима постигнале согласност за цената на белгискиот репрезентативец, а договорот е во вредност од 190 милиони евра. Токму оваа сума ќе влезе во касата на „сините” од англиската престолнина, кои најпосле според истиот извор се согласиле да се разделат со својот најдобар фудбалер. Пред два дена се зборуваше дека од Реал се подготвени да платат 300 милиони евра за Куртоа и Азар, но очигледно само офанзивниот фудбалер влегува во нивните планови. Во текот на следните денови…

Read More

Шампионите во Формула 1 Мерцедес и официјално објавија дека Луис Хамилтон го потпиша својот нов договор. Договорот е за две години, а Британецот ќе добие годишна плата од 30 до 40 милиони фунти во зависност од неговите резултати. Со овој нов догово и платата која ќе ја добива, Хамилтон е најплатениот спортист во Велика Британија, но и Ф1 возач. Хамилтон рече дека договорот е само формалност. Пилотот беше убеден дека сака да ја продолжи својата кариера со шампионите по разговорот со шефот на тимот Тото Волф минатата зима. Откако му се приклучи на Мерцедес во 2013 година, Луис освои три…

Read More

Тимот во американски фудбал Далас Каубоис е најскапиот спортски клуб во светот, покажа истражувањето на списанието Форбс. Вредноста на Далас изнесува 4,8 милијарди долари, што е за 14 % повеќе од 2017 година. Во ова рангирањето има три фудбалски тимови. Тоа се Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид и Барселона. Англискиот клуб е проценет на 4.123 милијарди долари, а брендот Реал Мадрид чини 4.09 милијарди долари. Цената на Барселона изнесува 4.064 милијарди долари. На петтата позиција е тимот во американски фудбал Њујорк Јенкис (4 милијарди долари), а следен е Њу Ингланд Петриотс (3.7 милијарди долари), кошаркарските екипи од НБА лигата Њујорк Никс…

Read More