Author: riste

Фудбалерот на Шкендија, Марјан Радески сепак, нема да може да настапи за својата екипа во второто квалификациско коло од Лигата на шампионите против Шериф Тираспол од Молдавија. Младиот напагач доби незгодна повреда на коленото на реванш-дуелот во Велс со ТНС и по дополнителните прегледи, од лекарскиот тим на тетовчани информираа дека Радески нема да биде подготвен за двомечот со молдавскиот шампион. Ова ќе биде голем хендикеп за Шкендија, ако се знае дека радевски е еден од клучните играчи во нападот на овој тим. Шкендија во првото коло го елиминира велшкиот шампион ТНС, откако најнапред во Скопје славеше со 5:0, а…

Read More

Фудбалерот на Интер Раџа Наинголан доби повреда на мускулот за време на пријателскиот натпревар со швајцарскиот Сион и беше заменет во 24-та минута, соопштува „Football Italia“. Италијанскиот тим го загуби натпреварот со 0:2. Сеуште не е јасно колку е сериозна повредата наовој играч и колку време тој ќе се опоравува од повредата. Тренерот на Интер имаше можност да ги тестира повеќето нови засилувања и младите играчи. Голгетерот на тимот, аргентинецот  Мауро Икарди не се појави во игра. 30-годишниот Наинголан дојде во Интер од Рома во јуни. Тој има 203 натпревари и 33 гола во сите натпреварувања како играч на Рома…

Read More

Рускиот тим Зенит е блиску до завршувањето на преговорите со играчот од средниот ред Милан Бадељ , но фудбалерот не се брза да ја прифати понудата, затоа што повеќе сака да оди во Милан. Според информациите од Италија, 29-годишниот играч од средниот ред ги чека резултатите од состанокот на одборот на директори и акционери на клубот Милан, кој ќе се одржи на 21 јули, по што ќе одлучи за својата иднина. Вреди да се напомене дека поранешниот капитен на Фиорентина е исто така интересиран за Виљареал и Лил. Бадељ во последната сезона на италијанскиот шампионат одигра  27 натпревари за Фиорентина и беше…

Read More

Барселона планира да даде многу интересен предлог, со што ќе се обиде да го добие Еден Азар пред Реал Мадрид кој исто така е во битка за големата ѕвезда на Челзиј. Според шпанските медиуми каталонците планираат да го вклучат во својата понуда Осман Дембеле, за кого минатата сезона платија 105 милиони евра плус 40 милиони во форма на бонуси. Претходно оваа недела медиумите во Франција открија дека Азар веќе му кажал „да” на Реал Мадрид, но допрва двата клуба треба да ја договорат трансферната сума, што нема да биде воопшто лесно, бидејќи лондончани не сакаат да се разделат со големата…

Read More

Македонскиот вицешампион Вардар вечерва од 19 часот на Националната Арена „Филип Втори“ во Скопје, го пречекува тимот на Пјуник во реванш натпреварот од 1. квалификациско коло во Лигата на Европа. Вардарци после првиот натпревар имаат негатива, но во последните три квалификациски натпревари во Европа кои ги играле како домаќини, излегувале како победници (против Малме, Копенхаген и Фенербахче). Како најава за натпреварот на прес-конференција тренерот Александар Васоски потенцираше дека оваа екипа на Вардар има квалитет за да ја анулира предноста на противникот и дека треба да играат стрпливо и да не дозволат да примат гол. Играчите се полни со самодоверба дека може…

Read More

Англискиот клуб Манчестер Јунајтед е заинтересиран за двајца играчи на Баерн Минхен, објавија медиумите на Островот. „Црвените Ѓаволи” сакаат да ги привлечат Роберт Левандовски и Тиаго Алкантара. Баварците се отворени за преговори, а во исто време „црвените ѓаволи” имаат потреба од овие играчи и доволно пари за да го направат договорот. Манчестер Јунајтед и во 2013 година беше на прагот да потпише договор со Тиаго Алкантара, но во последен момент тој се определи за Баерн Минхен. Левандовски е играч на кого Жозе Мурињо отсекогаш се восхитувал. Претходно, медиумите објавија дека полскиот напаѓач Леванвски, исто така има понуди од Барселона и…

Read More

Новото и најголемо засилување на Јувентус, Кристијано Роналдо, ќе дебитира во дресот на Јувентус на 12-ти август во Италија. Како што е познато Португалецот ќе ги пропушти натпреварите од турнирот „International Champions Cup“, кој ќе се одржи од 20 јули до 12 август, како и натпреварот со ѕвездите на Американската Мејџор Сокер лига (МЛС) на 1 август. Покрај 33-годишниот Роналдо, на претстојниот турнир нема да учествуваат и другите фудбалери на Јувентус кои играле на Мундијалот во Русија. Роналдо се очекува да дебитира за тимот на традиционалниот пријателски натпревар против младинскиот тим на Јувентус. Дуелот е планиран на 12-ти август во…

Read More

Валенсија го обнови интересот за играч од средниот ред на Јувентус Марко Пјаца. Хрватскиот репрезентативец нема да остане на „Алијанц“ стадионот и неговиот клуб ќе бара купувач. Досега се веруваше дека речиси сигурно ќе се приклучи на Фиорентина, но двете страни не успеаја да постигнат договор и трансферот не успеа. Така, Валенсија ќе се обиде да го искористат овој развој на нештата и да го земат играчот во своите редови. Односот помеѓу Јувентус и Валенсија на трансфер пазарот е доста добар откако двата клуба неодамна преговараа за трансферот на Жоао Кансело во насока на Торино. Затоа се очекува разговорите да…

Read More

Сè околу трансферот на Алисон Бекер од Рома во Ливерпул е веќе договорено на клубско ниво, а бразилскиот голман вечерва патува за Ливерпул. Римската „Волчица“ ќе добие 75 милиони евра, што значи дека овој договор ќе го претвори 25-годишниот Алисон во најскапиот голман во историјата на фудбалот. Според информациите во Италија, самиот фудбалер веќе ги прифатил условите на Ливерпул. Договорот на Алисон ќе трае пет години. Се претпоставува дека трансферот ќе биде официјално објавен во сабота. Се очекуваше дека во последен момент последната понуда на Челзи кој можеше да даде подобра,но такво нешто од „Стемфорд Бриџ“ не дојде и затоа…

Read More

Шпанскиот клуб Валенсија ја продолжува соработката со својот досегашен предводник. Тренерот на екипата Марселино Гарсија Торал го продолжи договорот со клубот за една сезона и ќе остане на „Местаља“ до 30 јуни 2020 година, објави официјалниот сајт на шпанскиот тим. 52-годишниот тренер го презеде тимот на „лилјаците“ во летото 2017 година и под негово водство Валенсија заврши на четвртото место во „Ла Лига“ во сезоната 2017/2018, обезбедувајќи ново учество во Лигата на шампионите.

Read More