Author: riste

Данило Бала Соуза Муниз и Вардар, денеска успешно ги завршија преговорите, и бразилскиот фудбалер стана дел од „црвено-црните“ потпишувајќи две годишен договор со „црвено-црните“. Со тоа тимот го доби и третиот интернационалец од Бразил во своите редови. Новото име во редовите на Вардар игра како крилен фудбалер и во Вардар доаѓа од екипата на Кампиненсе каде што настапуваше во изминатите месеци. „Дојдов во најголемиот и најтрофејниот клуб во Македонија. Со своите настапи сакам да помогнам тимот да ја освои титулата во првенството. Среќен сум што дојдов во овој клуб кој што има славна историја. Знам дека минатата година тимот влезе во групната фаза од Лигата…

Read More

Бразилскиот голман на Рома Алисон, кој беше незаменлив стартер на Бразил на СП во Русија е се поблиску до трансфер во Премиер лигата на Англија. Фаворити за неговиот потпис се Ливерпул и Челзи, но според некои најави сепак „црвените” имаат предност, бидејќи понудиле 70 милиони евра за правата на голманот. Од друга страна, новиот менаџер на Челзи Маурицио Сари сака да потпише со голманот, бидејќи Тибо Куртуа е ред заминување од клубот. Гласините за трансферот на Алисон изгледаат реални, откако тој ги отстрани од социјалната мрежа „Инстраграм” информациите дека е играч на Рома.

Read More

Актуелниот селектор на Колумбија, Хозе Пекерман е фаворит за испразнетото селекторско место во Аргентина, откако Хорхе Сампаоли беше отпуштен поради неуспехот на Светското првенство, тврдат медиумите во оваа земја. 68-годишниот Аргентинец има силно лоби во федерацијата, каде се импресионирани од резултатите со Колумбија, откако се пласираше во елиминациската фаза на СП во Русија, но и на претходното СП во Бразил. Во исто време во Колумбија размислуваат разделба со него, бидејќи се незадоволни од елиминацијата во 1/8-финалето во Русија. На Мундијалот 2014, Колумбија стигна до 1/4-финале, а загуби од Бразил. Договорот на Пекерман со Федерацијата на Колумбија истекува на 31-ви август.…

Read More

Ракометарките на ЖРК Металург го добија својот противник во ЕХФ Купот. Потежок противник и не можеше да добијат со оглед на тоа дека беа во послабо рангираниот шешир. Иси Париз, екипата што е позната и како женскиот ПСЖ ќе биде противник на нашиот преставиник во ова натпреварување. Во оваа екипа играат Хана Бреда, опасната Холанѓанка Луис Абинг, Норвежанката Сије Солберг, Австријката Фреј, Романката Пинтеа и други. Мали се шансите на Металург на дуел против еден ваков противник. Првите натпревари од првото коло во ЕХФ Купот ќе се играат на 8 или 9 септември, а реваншите ќе бидат една седмица подоцна.

Read More

Осумкртаниот олимписки шампион во атлетика  Усаин Болт може да игра во австралискиот фудбалски тим Централ Коуст Маринерс, откри неговиот агент Тони Ралис. 31-годишниот Болт, кој минатата сезона ја заврши својата атлетска кариера, започна шест неделен пробен период во тимот. Спринтерот од Јамајка е голем обожавател на фудбалот и долго време сонувал да игра на професионално ниво. Тој се обиде во Борусија Дортмунд и Норвешкиот Штромгодсет, но не успеа да постигне договор за настап.

Read More

ПСЖ пројавува многу сериозен интерес за левиот бек на Тотенхем Дени Роуз, тврдат медиумите во Франција. Шампионот на Франција бара класа играч за левата страна на одбраната, откако веќе се раздели со Јури Берчиче и со оглед на фактот дека Курзава не е на листата на омилени играчи на новиот тренер Томас Тухел. Интересот на ПСЖ кон Роуз не е нешто ново и пред една година тимот исто сакаше да привлече фудбалерот на „Спарси“ во своите редови. Сега сепак „принцовите” го обновиле интересот кон него и се очекува да испратат понуда за негово привлекување. Англискиот репрезентативец беше трансферна цел и…

Read More

Англискиот гигант Манчестер Јунајтед и холандскиот Ајакс се договорија за трансферот на Дејли Блинд на „Амстердам Арена“, и двата клуба официјално го потврдија ова. Дефанзивецот се очекува да потпише договор со Ајакс со 4 сезони, кој ќе го задржат во новиот тим до 30 јуни 2022 година. Екипата од Амстердам ќе им плати на „црвените ѓаволи” 16 милиони евра за 28-годишниот играч, информира официјалната страница на Ајакс. Износот може да се зголеми на 20,5 милиони евра под одредени услови. Дејли Блинд е тинејџер на Ајакс, каде ја започна својата професионална кариера во 2008 година. Универзалниот дефанзивен фудбалер беше продаден од…

Read More

Новиот тренер на Реал Мадрид Јулен Лопетеги ги одржа првите тренинзи на чело на Реал Мадрид. Тој исто така ги сподели своите очекувања и амбиции за новата сезона. „Треба да создадеме еден голем тим. За остварување на оваа цел треба да работиме многу. Во Реал има одлични играчи. За мене овој клуб отсекогаш бил посебен, бидејќи сум израснал во Мадрид, овде е мојот дом. Одговорноста е огромна, но радоста не е мала. Јас едноставно немам зборови да ги опишам моите чувства и впечатоците за одличните играчи и условите за работа што ги имам. Можеме да бидеме уште посилни. Очекувам моите…

Read More

Белгиската фудбалска ѕвезда Еден Азар се сретнал со сопственикот на Челзи Роман Абрамович на кого му ја пренел желбата да го напушти клубот, велат британските медиуми. Главен фаворит за привлекување на 27-годишниот играч од средниот ред е Реал Мадрид, кој сака да го претвори Еден Азар во наследник на Кристијано Роналдо. Реал Мадрид е подготвен да плати 185 милиони фунти за белгискиот играч од средниот ред, но Челзи одбива да го продаде Азар за помалку од 220 милиони фунти.

Read More

Шпанскиот напаѓач во екипата на Челзи, Алваро Мората, е трансфер цел на Италијанскиот тим Милан. Ова беше објавено од познатиот новинар, Џанлука ди Марцио кој доста добро е упатен во трансферите на големите екипи од Италија. Според неговите извори, прашањето за привлекување на Мората веќе било дискутирано во Лондон од страна на генералниот директор Марко Фасоне и спортскиот директор Масимилиано Мирабели. Истите извори тврдат дека самиот Мората сака да се врати во Италија. Милан исто така ја разгледува можноста да го ангажира и Гонзало Игуаин, кој може да си замине од Јувентус откако беше привлечен Кристијано Роналдо.

Read More