Author: riste

Она што се очекуваше , тоа и се случи, репрезентацијата на Хрватска по одличниот настап на Светското првенство (СП) во Русија кој беше најдобар резултат на оваа селекција и освоено сребро се врати во татковината, а навивачите им приредија спектакуларен пречек. Фудбалерите, стручниот штаб предводен од селекторот Далиќ беа пречекани од над 300.000 луѓе кои излегоа на улиците на Загреб, што е најголем пречек во историјата на Хрватска за некој спортски колектив. На плоштадот „Бан Јелачиќ“ немаше место каде игла да падне, а во боите на Хрватска се славеше за успехот на фудбалерите. И самите актери на Мундијалот беа одушевени…

Read More

Откако го помина медицинските прегледи во текот на претпладневните часови, Кристијано Роналдо и официјално беше претставен како нов член на италијанскиот шампион, Јувентус. Најдобриот фудбалер за изминатата година пристигна во Торино и ги помина прегледите, за потоа да стави потпис на четиригодишниот договор со „старата дама“. Кристијано Роналдо ја предводеше својата репрезентација на СП во Русија, каде беа елиминирани во осминафиналната фаза. Од тој момент, заедно со својата девојка, мајка и децата замина на краток одмор во Грција од каде го чекаше својот трансфер во Јувентус. По девет години поминати во Реал Мадрид и Ла Лига, Кристијано Роналдо прави чекор…

Read More

Светското првенство во Русија заврши со титула за Франција, а веднаш потоа се појавија и неколку интересни факти за љубители на фудбалот. Блес Матуиди беше единствениот во Франција што ја претставуваше италијанската Серија А во шампионската репрезентација. Логично е да се запрашаме кој е тимот со најмногу светски шампиони и колку се тие. Прво место на оваа листа е за Јувентус, кој поседува 25 фудбалери кои имале чест да бидат светски шампиони. Од нив, 22-ца се Италијанци. Вториот тим по „бјанконерите“ е Баерн Минхен, кој има 24 светски шампиони. Интер е исто така при врвот на оваа скала. „Нероазурите“ може…

Read More

Од Вардар никако не престануваат со изненадувања во пресред на значајни натпревари за клубот. Денес од вицешампионот изненадувачки дојде информација дека донеле одлука за разрешување на досегашниот шеф на стручниот штаб, Бобан Бабунски. Младиот стручњак нема повеќе да ја води екипата, откако ги мина подготовките и беше на клупата на Вардар на првиот меч против Пјуник, кој го загубија со 1:0. Бабунски дојде на тренерското место во април оваа година на местото на Чеде Јаневски и немаше забележителни резултати, но се очекуваше дека во новата сезона ќе го покаже својот квалитет со оваа нова екипа на Вардар. Претходно Бабунски беше дел од…

Read More

Хрватските навивачи се подготвуваат за финалето на СП во Русија и се на плоштадот во Москва каде се во главна улога пред мечот за историја за оваа земја. Еве како сето тоа изгледа на неколку часа пред почетокот на финалето на „Лужники“ во Москва.

Read More

Како предигра на финалниот натпревар на СП во Русија еден податок за тоа која репрезентација колку вреди на СП, односно каква е разликата меѓу двете селекции финалисти на ова СП во Русија. Франција според Трансфермаркет вреди нешто повеќе од 1 милијарда евра, додека Хрватските фудбалери според истиот показател вредат три пати помалку. Француските репрезентатиивци се највредните на ова СП, зад нив се селекциите на Бразил (981 милион евра), Шпанија со 974 милион евра, но овие селекции ги нема во заврѓшницата на овој Мундијал. Според податоците на Трансфермаркет , репрезентацијата на Хрватска има вредност од 364 милиони евра. Најскап играч кај…

Read More

Белгиска синџир на продавници за продажба на електрични апарати ќе им ги врати парите на клиентите кои купиле телевизори пред Светското првенство во фудбал. Во месец мај продавниците на „Крефел” започнаа акција со ветување дека ќе ги вратат парите на клиентите кои купиле 55-инчни телевизори, ако Белгија успе да постигне повеќе од 15 гола на Светското првенство. Вчера во натпреварот за третото место Еден Азар го постигна вториот гол за победата над Англија со 2:0, што беше 16-от гол за Белгијците на ова СШ. „Она што го ветивме тоа и ќе го исполниме. Нашите „ѓаволи” постигнаа повеќе од 15 гола…

Read More

Претседателот на ФИФА Џани Инфантино во својот говор по повод завршувањето на СП во Русија не го криеше своето задоволство од тоа како Русија го организираше овој Мундијал: „Сакам да кажам големо благодарам на сите учесници во светското првенство. На фудбалерите кои се главните актери во овој спектакл, на тренерите кои даваа упатства, на судиите кои беа прекрасни. Благодарам на милионите обожаватели од целиот свет, кои дојдоа и гордо ги вееа знамињата на своите земји. Благодарам на Русите, на волонтерите кои работеа неуморно да биде овој шампионат толку успешен. Погледнете ги овие насмевки, тоа е лицето на Русија, Русија, на…

Read More

Франција и Хрватска денес го играат финалето на СП во Русија, последниот натпревар на Мундијалот кој ќе биде запаметен по неколку новитети кои беа воведени на завршните натпреварувања од СП, но исто така и по големиот број на изненадувања. Франција по трет пат во својата историја игра во финалето на Светското првенство. „Петлите” го освоија Мундијалот 1998 на домашен терен, а осум години подоцна во Берлин загубија од Италија. Хрватска направи импресивен настап на светското во Франција пред 20 години, кога загуби од идниот шампион во полуфиналето и сегашната генерација има шанса да им се реваншира. „Ватрените” се исто така…

Read More

Аргентинската фудбалска федерација се договори за предвремено раскинување на договорот на селекторот Хорхе Сампаоли, соопшти весникот „Оле”. Двете страни се договориле на Сампаоли да му биде исплатена сума од од 2 милиони долари, пишува весникот. Аргентина се претстави неубедливо на светското првенство, едвај ја помина групната фаза, а во осминафиналето загуби од Франција со 3:4. Меѓу потенцијалните кандидати за функцијата се споменуваат имињата на Маурисио Почетино (Тотенхем), Диего Симеоне (Атлетико Мадрид), Матијас Алмеида (Гвадалахара), Марсело Гајардо (Ривер Плата) и други.

Read More