Author: riste

Тимот на Јувентус е многу близу до финализирањето на трансферот на Кристијано Роналдо од Реал Мадрид, пренесува „Скај Спорт“. Според медиумот во следните 48 часа ќе има дефинирање на многу работи по договорот и се очекува во текот на истото време од шпанскиот клуб да донесат конечната одлука како да постапат со понудата на „Старата Дама”, за која се претпоставува дека е во износ од 100 милиони. евро. Во меѓувреме агентот на фудбалерот Жорже Мендеш зборувал пред португалскиот весник „Рекорд” по повод трансфер гласини: „Ако тоа се случи, ќе биде нов предизвик во неговата брилијантна кариера. Ако Кристијано го напушти…

Read More

Доминацијата на европските репрезентации на Светското првенство не го изненади претседателот на УЕФА Александар Чеферин. Завршницата на СП им е оставена само на селекции од Стариот континент откако Уругвај и Бразил беа елиминирани во четвртфиналето од Франција и Белгија. Овие две екипи ќе се сретнат во првото полуфинале, додека другото го сочинуваат Англија и Хрватска. „Не сум изненаден, бидејќи организацијата во европскиот фудбал е уникатна. Има подобра инфраструктура и повеќе технички одговорни лица. Се работи тотално различно и работите се подобруваат од година на година. За мене не е изненадување дека 10 од 13 репрезентации ги поминаа групите, шест од…

Read More

Од Марио Манџукиќ се очекува да биде страв и трепет за англиските дефанзивци во натпреварот кој утре го играат Англија и Хрватска во вториот полуфинален натпревар на Мундијалот во Русија. Напаѓачот на Јувентус, меѓутоа очигледно покажува афинитети и кон чувањето на голот. На еден од последните тренинзи на неговата селекција тој одлучи да влезе во улогата на голман. На социјалните мрежи веќе се појави краток клип и фотографии кои покажуваат како Манџукиќ добро се снаоѓа и во улогата на неговиот репрезентативен колега Даниел Субашиќ. Хрватска се пласираше во полуфиналето на Светското првенство по два последователни успеси со изведби на пенали.…

Read More

Поранешниот напаѓач на Атлетико Мадрид, Челзи, Ливерпул и Милан Фернандо Торес официјално потврди на прес-конференција дека ќе се приклучи како слободен агент на јапонскиот клуб Саган Тошу. Во последната сезона тој играше за својот матичен клуб Атлетико, но по завршувањето на сезоната му истече договорот и тој го напушти клубот. Торес се одлучи да се песели во Јапонија и долго преговараше со својот нов клуб. Саган Тошу моментално се наоѓа на 17 место во јапонската лига, победувајќи само во 3 натпревари од сегашните 15 од сезоната. Торес беше дел од шпанскиот национален тим со над 100 натпревари и е двократен…

Read More
NBA

Леброн Џејмс и официјално е нов кошаркар на ЛА Лејкерс со тоа што се обврза на четиригодишна верност со „Езерџиите“ , а за овој договор ќе добие 154 милиони долари. Поранешниот кошаркар на Кливленд Кавалирс минатата сезона во регуларниот дел имаше индикатор од 27,5 поени, 8,6 скока и 9,1 асистенции по натпревар, додека во плеј-офот беше уште подобар со 34 поени, 9 асистенции и 9,1 скока по натпревар. „Ова е голем ден за Лејкерси и за нивните навивачи од целиот свет, бидејќи во нашиот тим дојде играч кој во иднина сигурно ќе придонесе „езерџиите“ повторно да се вратат на самиот врв. Тој…

Read More

Светската фудбалска федерација (ФИФА) изрече казна од 15 илјади швајцарски франци на Хрватскиот фудбалски сојуз поради видеото што го објавија двајца членови на тимот по успехот над Русија во четвртфиналето. Натпреварот заврши 2:2 по дополнително време (1:1 во регуларнио дел), но по пеналите Хрватите триумфираа. Во радост, дефанзивецот Домагој Вида и поранешниот фудбалер, а сега скаут Огнен Вукојевиќ објави видео на социјалните мрежи, велејќи: „Слава на Украина! Оваа победа е за Динамо (Киев) и за цела Украина!“. Таквото однесување беше толкувано како политичка провокација, веројатно поради воениот конфликт што беше во Источна Украина.

Read More

ФИФА ги објави судиите што ќе го водат полуфиналниот дуел на Светското првенство 2018 помеѓу Хрватска и Англија. Главен судјија на оваа средба е Турчинот Џунејт Чакир, а неговите помошници ќе бидат Бахатин Дуран и Тарик Онгун. Четвртиот судија ќе биде Холанѓанецот Бјорн Кујперс. Чакир на ова СП веќе судеше два натпревари од групната фаза: Мароко – Иран и Нигерија – Аргентина. Турчинот е меѓу најкористените арбитри на ФИФА и УЕФА, но често прави грешки во важни моменти од натпреварите. Последниот таков момент беше на мечот помеѓу Нигерија и Аргентина, кога досуди контроверзенпенал за Нигеријците, а потоа тој не суди…

Read More

Белгија е на чекор од пласман во финалето на Светското првенство, а за таа цел во вторник вечер треба да се соочи со тимот на Франција. Еден од најважните играчи во селекцијата на Белгија е Кевин де Бруин, кој не смета дека успехот е случајен. „Пред една година реков дека имавме сила да ја освоиме титулата. И тоа не беше сватено сериозно”, изјави играчот од средниот ред на Манчестер Сити. „Нашиот тим е многу добар и мораме да ја покажеме нашата амбиција, бидејќи во спротивно не можеме да триумфираме. На турнирот постигнавме голем напредок, но сакаме да одиме понатаму. Јас…

Read More

Главната сила на тимот на Белгија е во нападот, но добро ги познаваме противниците, но тоа не ни дава предност ниту на нас, ниту на нив пред полуфиналниот натпревар. Ова го изјави францускиот селектор Дидие Дешамп на прес-конференцијате пред натпреварот. Утре (вторник) во 20:00 часот е натпреварот помеѓу двата тима. „Да, ние ги познаваме многу добро, но и тие не познаваат исто толку добро. И тешко може некој да извлече предност од тоа. Белгијците имаат напаѓачки тим и тие покажуваа таков стил во текот на целиот турнир до овде. Во натпреварот со Бразил тие покажаа дека можат да играат добро…

Read More

Германскиот играч од средниот ред Емре Чан беше официјално претставен како фудбалер на Јувентус. Поранешниот играч на Ливерпул доаѓа во „бјанконерите” како слободен агент. Талентираниот играч денес во сбојата изјава открил зошто ја избрал понудата од раководството на италијанските шампиони. „Пред да дојдам, знаев дека Јувентус е голем клуб, можете да го видите тоа и од базата и тренинг-центарот, ова е мојот прв ден, се е во ред и среќен сум што сум тука. Дојдов во екипа која има сериозни цели”, рече новата ѕвезда во составот на Јувентус.

Read More