Author: riste

Вест Хем официјално го промовираше Џек Вилшир. 26-годишниот играч од средниот ред потпиша договор за три сезони, откако на почетокот на летото ја отфрли можноста да го продолжи договорот со Арсенал, чиј играч беше во последните 17 години. „Чувството е посебно. Многу луѓе знаат дека имав посебна врска со овој клуб, додека растев. Луѓето ја виделе мојата слика со дрес на Вест Хем. Имам многу добри спомени од детството, кога го поддржував Вест Хем, гледајќи натпреварите на тимот на „Аптон Парк “. Моето семејство, како и некои од моите пријатели, се фанови на Вест Хем”, изјави Вилшир. Вилшир кој има…

Read More

По цели 28 години, Англија повторно ќе игра во полуфиналето на Светското првенство. Фудбалерите на Англија успеаја да се пласираат меѓу најдобрите 4 селекции на СП во Русија откако ја совладаа Шведска со 2:0. Погодоците ги постигнаа Хари Мегваер (30) и Деле Али (59). Повторно, голем адут на англискиот селектор Герет Саутгејт беше скок играта. Англичаните практично со многу малку идеа дојдоа до предност и победа. Многу добар натпревар на голот на Англија имаше голманот Џордан Пикфорд, кој ги спаси сите удари во рамката на својот гол и со тоа ги откажа шведските напаѓачи. За последен пат англискиот тим беше…

Read More

Македонскитe автомобилисти Игор Стефановски – Иџе и Виктор Давидовски имаа свој настап на трката од „ТЦР-шампионатот“ која се одржува во Унгарија на патеката „Хунгароринг“. Стефаносвки ја заврши првата трка на тринаесеттата позиција, додека давидовски беше веднаш зад него. Иџе започна од 17 место, но до крајот успеа да напредува само неколку позиции. Имаше и мала незгода на патеката, која го оневозможи да го подобри својот пласман. Вториот македонски возач, Виктор Давидовски, стартуваше од 23 место, а на крајот успеа да дојде до 14. позиција во конечниот пласман. Победник на трката во Унгарија е српскиот возач Душан Борковиќ, а подиумот го…

Read More

Францускиот репрезентативен голман Уго Лорис е оптимист дека тој и неговите соиграчи можат да ја освојат титулата на СП во Русија, но призна дека треба да го подобрат својот квалитет на овој натпревар. Лорис вчера не дозволи да прими гол од Уругвај, мечот заврши со 2:0 во четврт-финалето, а следниот ривал на Франција ќе биде Белгија. „Верувам дека Франција уште еднаш може да стане светски шампион. Но, за да го направиме тоа, прво ќе мораме да ја победиме Белгија во полуфиналето. Ова е незгодна задача и треба да играме подобро во споредба со мечот против Уругвај. Не очекува дуел со…

Read More

За прв пат во историјата на светските првенства ниту еден од тимовите – Бразил, Германија или Аргентина нема да бидат дел од полуфиналето на еден Мундијал. Петкратниот светски првак Бразил , предводен од Нејмар загуби во четвртфиналето од Белгија со 1:2, а со тоа се збогуваше од сонот да ја освои шестата титула. Бундестимот беше катастрофален во групната фаза, завршувајќи на последното понижувачко место. Аргентина предводена од Лионел Меси имаше големи очекувања, но на теренот ниту еднаш не покажа дека има потенцијал за нешто сериозно, па беше елиминирана уште во осминафиналето во можеби најубавиот натпревар на СП против Франција (3:4).…

Read More

Автоголот на Фернандињо, со кој Белгија поведе со 1:0 против Бразил, е автогол број 11 на ова Светско првенство, кое е прво со двоцифрен број на вакви погодоци. Девет од нив се во групната фаза, а останатите два се во елиминациската фаза. Белгија за прв пат во Русија имаше автогол во своја корист. Листа на сите автоголови на СП во Русија 2018: Азиз Бехиќ (Австралија) – во корист на Франција Ахмед Фатхи (Египет) – во корист на Русија Азиз Бухадуз (Мароко) – во корист на Иран Едсон Алварес (Мексико) – во корист на Шведска Огунекаро Етебо (Нигерија) – во корист…

Read More

Уругвајскиот селектор Оскар Табарез вели дека го напушта националниот тим. 71-годишниот тренер ова го изјави веднаш по поразот од Франција со 0:2 во четвртфиналето на Светското првенство. „Со завршувањето на СП , заврши и мојот договор со националниот тим. Имав можност да го продолжам, но тоа нема да биде фер. На таков начин би дал само храна на новинарите и не планирам да лобирам за останувањето”, рече Табарес. Поранешниот тренер на Милан го водеше Уругвај на Светското првенство во 1990 година, по што се врати на чело на тимот во 2006 година и го предводеше до уште три учества на…

Read More

Селекцијата на Белгија се пласираше во ½ финалето на СП во Русија откако беше подобра од Бразил со 2:1 (2:0). Белгија дојде до предност со автоголот на Фернандињо во 13.минута од мечот, а откако Бразил тргна да го израмни резултатот следуваше уште еден шок за навивачите на „јужно американците“, прекрасен удар на кевин де Бруин во 31.минута за зголемување на предноста на 2:0. Во вториот дел од мечот целосна доминација на Бразил, но Белгија одлично се бранеше се до 76.минута кога Ренато Аугусто кој само што влезе во игра со прекрасен удар со глава го совлада Куртуа кој одлично бранеше…

Read More

Легендарниот италијански голман Џанлуиџи Буфон потпиша договор со Париз Сен Жермен, објави „Скај Спорт“. 40-годишниот голман се согласи на двогодишен договор со клубот од Париз, кој ќе го води Томас Тухел во наредната сезона. Буфон играше за Јувентус од 2001 до 2018 година. Во овој период тој успеа да ја освои титулата во Италија 9 пати, но ги загуби сите три финалиња во Лигата на шампионите, во кои играше против Милан, Барселона и Реал Мадрид. Засега неговата плата не е позната, но се шпекулира дека тој ќе заработува осум милиони евра по сезона, плус додатни бонуси.

Read More

Франција е првата селекција која обезбеди место во полуфиналето на Мундијалот во Русија, затоа што во натпреварот против Уругвај славеше со 2:0 (1:0) и влезе меѓу најдобрите четири репрезентации во светот. „Триколорите“ успеаа да го совладаат тимот на Уругвај во еден изедначен меч, а средбата беше решена по кикс голот на голманот на Уругвај, Фернандо Муслера кој ја испушти топката по ударот на Антоан Гризман во 61.минута од натпреварот и дозволи Франција да дојде до предност од 2:0. Претгодно во финишот на првото полувреме Франција го отвори резултатот преку Рафаел Варан кој по асистенција на Гризман ја смести топката со…

Read More