Author: riste

Селекторот на Уругвај Оскар Табарес не сака да се шпекулира со здравствената состојба на напаѓачот Единсон Кавани ден пред четвртфиналето на Светското првенство против Франција. Тој одби да коментира за тоа дали ќе може да смета на голгетерот. Кавани доби повреда во осминафиналниот натпревар со Португалија (2:1) и беше заменет, откако претходно постигна и двата гола. Подоцна се разјасни дека авторот на три погодоци во четири натпревари на турнирот има повреда на мускулот на левата нога. Во текот на денот фудбалерот на Париз Сен Жермен тренираше по индивидуална програма. „По оваа повреда, се разбира, дека се вознемиривме. За нас тој…

Read More

Фудбалерот на Спортинг (Лисабон), Желсон Мартинс пред трансфер во екипата на Атлетико Мадрид. Информацијата беше потврдена од страна на авторитетниот шпански весник „АС“. Мартинс е подготвен да се пресели во Мадрид и веќе разговарал со челниците на оваа екипа и постигнале договор, па сега се очекува официјална потврда. 23-годишниот Мартинс потекнува од фудбалската школа на Спортинг, а во 2015 година дебитираше за првата екипа. Од тогаш до сега има одиграно 92 натпревари и постигнато 18 гола. Играчот од средниот ред одлучи да ја напушти Португалија по немилите настани во клубот предизвикани од поранешниот претседател Бруно де Карваљо.

Read More

Челзи му дал ултиматум на поранешниот тренер на Наполи Маурицио Сари. 48 часа да се раздели со италијанскиот клуб и да потпише договор со Челзи. Во Наполи веќе назначија нов тренер, Карло Анчелоти, но Сари сѐ уште е поврзан со договорот и мора да плати 5 милиони евра за да го прекине истиот. Оваа ситуација е активна повеќе од еден месец, а Челзи ќе се откаже од Сари доколку тој не го реши својот статус со Наполи. Италијанскиот тренер добил 48 часа за решавање на ситуацијата, во спротивно претходно договорената соработка нема да биде реализирана. Ултиматумот на Челзи се должи…

Read More

Светското првенство влегува во четврт-финалната фаза, каде што нема да гледаме некои од традиционално најдобрите тимови. Изненадувачки или не, некои од омилените тимови едноставно не ги оправдуваат очекувањата со својата игра, но и со резултатите. Исто така меѓу осумте преостанати тимови во Русија нема континентални шампиони, како и некои од најголемите суперѕвезди на фудбалската игра. Меѓу четвртфиналистите недостасуваат последните три светски шампиони – Германија, Шпанија и Италија, а „азурите” воопшто не се пласираа во Русија, Бундестимот не ја помина групата, а Шпанија беше елиминирана од Русија на пенали. Во завршницата на ова СП ги нема шампионите на Африка (Камерун), Европа…

Read More

Хрватскиот голман Даниел Субашиќ го коментираше пласманот на својот тим во 1/4 финалето на Светското првенство – 2018 година, каде што ќе игра против рускиот национален тим. „Бев убеден во мене пред пенали со Данска. На ден пред натпреварот, одбранив шест пенали на тренинг. Беше тешко, притисокот беше многу голем. Јас не сум херој на Хрватска, јас само уживам во овие денови. Херојот не сум јас, туку целиот тим“ изјави Субашиќ. Голманот на Хрватска се осврна и на противникот во 1/4 финалето, селекцијата на Русија. „Рускиот тим има квалитетни и силни играчи. Покрај тоа, Русија игра дома пред илјадници свои фанови кои ќе ги бодрат. Тоа нема…

Read More

Раководството на Париз Сен Жермен не се откажува од идејата за привлекување на Н’Голо Канте од Челзи ова лето. Според весникот „ L’Equipe“, Парижаните се подготвени да понудат размена со друг француски репрезентативец, младиот Адриен Рабио. Минатата сезона Канте одигра 48 натпревари во сите натпреварувања, постигна 1 гол и направи 8 асистенции. Досега има 4 одиграни натпревари за Франција на ова СП во Русија, додека Рабио не се најде на списокот на Дидие Дешамп.

Read More

Бундестимот на светското во Русија, експертите во Германија направија анализа за тоа како сето тоа ќе има и финансиски негативно влијание во Германија. Минатата среда беше последниот натпревар во групата, а противникот беше Република Кореја. Натпреварот се играше во 16 часот по германско време, што доведе до намалување на приходите по различни основи затоа што натпреварот се играше во работно време. Ова резултираше со загуби за работодавците. По поразот од 0:2, рестораните беа празни, пишуваат медиумите во Германија. Според експертите, загубите од овие неколку причини, намалена гледаност и намалена потрошувачка изнесуваат околу 200 милиони евра.Секако на ова треба да се…

Read More

Манчестер Јунајтед потпиша договор со голманот Ли Грант од Стоук Сити, соопштија „црвените ѓаволи“. Според британските медиуми станува збор за трансфер со вредност од 1,5 милиони фунти. Задачата на 35-годишниот Грант е да биде добра резерва на шпанскиот стартен голман Давид де Геа . „За мене е остварување на сонот да потпишам со клуб како Манчестер Јунајтед. Тоа е можност која несмеев да ја пропуштам. Неверојатно сум среќен што станувам дел од овој голем клуб. Би сакал да останам што е можно повеќе, да се насладувам на мојот престој на „Олд Трафорд“. Ќе дадам се за да помогнам на клубот…

Read More

Англија конечно успеа да го разбие малерот и за првпат во историјата на мундијалите победи по изведувањето на пеналите. Синоќа, Англија ја совлада Колумбија и обезбеди четвртфинале на Светското првенство во Русија, а повторно еден од најзаслужните беше најдобриот стрелец на репрезентацијата на ова СП – Хари Кејн. Капитенот го постигна единствениот гол за Англија во регуларниот дел, а потоа беше присебен и во изведувањето на пеналот. По натпреварот Кејн истакна дека време беше оваа селекција да покаже колку вреди. „Можевме да победиме и во региларниот дел односно по 90 минути игра, но немавме среќа. По примениот гол паднавме, но…

Read More

Откако беше одигран последниот 1/8 финален натпревар на СП во Русија познати се и комплетните 1/4 финални двојки, односно кој против кого ќе игра во оваа фаза од СП во Русија. Англија успеа на пенали да ја совлада селекцијата на Колумбија и последна да обезбеди пласман меѓу најдоврите 8 селекции на ова СП. Денес и утре се денови на одмор на СП и за подготовка на репрезентациите за она што ги очекува во петок и сабота, а тоа се 1/4 финалните пресметки. Секако дека најголемо внимание предизвикува дуелот меѓу Бразил и Белгија, ништо понеинтересен нема да биде дуелот меѓу Франвција…

Read More