Author: riste

Напаѓачот на Атлетико Мадрид Фернандо Торес веројатно ќе игра во САД од новата сезона. Торес има понуда од клубот Хјустон Динамо кој игра во МЛС лигата. 34-годишниот фудбалер има добиено понуди од уште три клуба – Чикаго, Монтреал и Канзас Сити. Тој сепак би го одбрал Хјустон поради топлото време. Тим од Кина исто така има желба да го привлече Торес, кој веќе ја објави својата одлука дека ќе го напушти Атлетико Мадрид, бидејќи тренерот Диего Симеоне ретко смета на него. Од почетокот на сезоната, поранешниот шпански репрезентативец има 25 натпревари и 3 гола во Ла Лига. Во финалето на…

Read More

Легендата на Барселона Андрес Иниеста ќе ја продолжи својата кариера во Јапонија, објавија шпанските медиуми. Фудбалерот неодамна објави дека заминува од Барселона по 22 години играње за овој клубот, а очекувањата беа дека ќе се пресели во тим од Кина. Сега, сепак, тој вели дека ќе игра во јапонскиот Висел Кобе. Локалниот тим Чонкинг Лифан сепак најави дека Иниеста нема да пристигне во тимот, по што беше соопштено дека ќе игра во јапонската лига. Според информациите, договорот на Иниеста е за период 3 години и ќе добива 25 милиони евра по сезона. Интересна информација е дека сопственик на овој клуб…

Read More

Оливера Наковска Бикова стана Светски рекордер, го освои треттото место на СП и обезбеди директна квота за учество на Параолимписките игри во Токио 2020 година. Оливера Наковска Бикова стана првата спортистка од Македонија со директна квота за учество на Параолимписки игри во Токио 2020. На Светското првенство во стрелаштво што се одржува од 01-12.05.2018 година во Чеонгју, Република Кореја, македонската спортистка – параолимпијката Оливера Наковска Бикова на 04.05.2018 година во дисциплината Спорт пиштол 25 метри со резултат од 569 кругови влезе во финалето како четвртопласирана од 32 спотисти кои настапија во борбата за медали, што воедно значеше и освојување на…

Read More

Легендарниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон попладнево бил префрлен во болница, а неофицијално се наоѓа во сериозно тешка состојба. Човекот кој долги години го предводеше тимот на Манчестер Јунајтед до многу трофеи се наоѓа пред можеби најтешката битка во животот, но иако сеуште нема официјални информации, сепак се стравува за неговото здравје.Синот на Сер Алекс Фергусон, Дарен Фергусон денес не се појавил на тренинг на неговиот клуб Донкастер, а причината е здравствената состојба на неговиот татко. Алекс Фергусон последен пат беше забележан во јавноста пред една недела кога го испрати Арсен Венгер пред почетокот на натпреварот Манчестер Јунајтед…

Read More

Тренерот на Барселона Ернесто Валверде не смета дека утрешниот натпревар со Реал Мадрид ќе биде чисто формален. „Ел Класико си е Ел Класико. За наша радост ние сме шампиони. Тие доаѓаат со идеа да ја нарушат нашата прослава”, рече тренерот на Барселона на денешната прес-конференција. „Титулата е секогаш за најдобриот, во Лигата на Шампионите сето тоа е различно – има повеќе фактори. Може да имате лош ден, да немате среќа. Во исто време во Лигата на Шампионите има повеќе кандидати, додека во Ла Лига има два, три или четири”, изјави Валверде. „Мислам дека не постои недостиг на почит за тоа…

Read More

Претседателот на Рома Џим Палота, се соочува со казна од УЕФА за неговото однесување за време на реваншот од полуфиналето во Лигата на шампионите против Ливерпул, одиграно во средата вечерта. Европската фудбалска куќа го обвини Палота за непримерните реакции. Случајот ќе биде повторно разгледан на 31 мај, по финалето на најпрестижото клубско натпреварување. Претседателот на италијанскиот клуб беше лут на судиите, вклучувајќи го и играњето на Александар-Арнолд со рака во казнениот простор на мечот кој се одигра на „Олимпико“. Џим Палота побара брзо да биде воведено видео повторување на спорните ситуации и во Лигата на Шампионите. Во финалето во Киев…

Read More

Ливерпул, кој во последните години направи големи инвестиции со купување на играчи од Саутемптон на тој начин редовно ја полнеше касата на „светците”, ќе плати дополнителни меѓу 10 и 15 милиони фунти на клубот од „Сент Мери”, во случај Ливерпул да ја освои Лигата на Шампионите. Сето ова доаѓа од бонуси, утврдени во договорите за продажба на Вирџил ван Дајк, Садио Мане, Натаниел Клајн, Адам Лалана и Дејан Ловрен, кои беа привлечени од Саутемптон од 2014 година наваму. Ова дополнително плаќање сепак нема да биде проблем за клубот од „Енфилд”, кој веќе си обезбеди 69 милиони фунти од учеството во…

Read More

Стигна и официјална потврда дека е реализиран уште еден трансфер на ракометар на Вардар. Станува збор Хорхе Македа кој и дефинитивно заминува од Скопје. Неговата следна дестинација ќе биде екипата на Пик Сегед, каде повторно ќе игра со Жуан Канељас. „Време е да ги прекинеме шпекулациите. Можеме да соопштиме дека постигнавме договор со Македа за следните две години. Добро го познаваме, на неколку натпревари последниве две сезони ни беше противник. Не трева да се трошат зборови за негово преставување“, изјави Нандор Шеги, менаџерот на Пик Сегед за официјалната клубска веб страна. Македа дојде во Вардар во 2015 година и беше…

Read More

Тренерот на Салцбург Марко Розе призна дека бил многу лут на руските судии по елиминацијата во полуфиналето во Лига Европа. Австрискиот тим победи со 2:1 по продолженија во реваншот против Олимпик Марсеј, но беше елиминиран поради поразот со 0:2 во првиот натпревар. Дуелот одеше кон пенали, но пет минути пред крајот на дополнителното време главниот судија Сергеј Карасев неправилно досуди корнер за Марсеј, по што Французите постигнаа гол кој ги однесе во финалето. „Првично бев исклучително лут и тоа е нормална човечка реакција на една неправда. Потоа дознав од судскиот контролор дека судиите се многу вознемирени, бидејќи сфатиле дека направиле…

Read More

Напаѓачот на Атлетико Антоан Гризман се надева дека овојпат ќе може да освои европски трофеј со тимот на Атлетико. Во 2016 година загубата во финалето против Реал Мадрид во Лигата на шампионите, а Гризман пропушти да реализира пенал. Сега Французинот е амбициозен дека може да ја освоие Лигата на Европа. Синоќа, тој му помогна на Диего Коста да го постигне победничкиот гол против Арсенал (1:0). „Многу сме среќни, се надевам на успех и со нетрпение очекуваме среќен крај, и се надевавме дека атмосферата ќе биде иста како „Ванда Метрполитано“ како вечерва. Се чуствував како да играме на стариот стадион „Висенте…

Read More