Author: riste

Легендарниот поранешен фудбалер на Ливерпул, Стивен Џерард се договори со Глазгов Ренџерс и ќе биде менаџер на шкотскиот гигант во наредните три години, тврди „Скај Спортс”. Двете страни се договориле за соработката доцна синоќа во Лондон, откако поранешниот играч на Ливерпул се врати од Рим. Гери МекАлистер ќе биде асистент на Стиви Џ на „Иброкс“ стадионот. Според „Скај Спортс” Ренџерс ќе ја објави официјално веста во текот на денот, а Џерард ќе почне со работа во новиот клуб од 1 јуни. Тоа значи дека навивачите на Ливерпул ќе го следат со уште поголем интерес овој клуб во битката за подобар…

Read More

Голманот на Атлетико Мадрид Јан Облак продолжува да докажува зошто е еден од најдобрите на неговата позиција во светот. Словенецот го зачува голот и во реваншот од Лига Европа против Арсенал (1:0) и му помогна на својот тим  да се доближи на еден чекор од освојување на трофејот. Облак нема примено гол на домашниот „Ванда Метрополитано“ цели 1007 последователни минути, што значи повеќе од 11 натпревари. Во овој период, тој испеал да ги одбрани сите 21 удари кои биле упатени во оквир на неговиот гол. Облак е лидер во првенствата од топ 5 по најмногу натпревари без примен погодок -…

Read More

Дефанзивецот на Арсенал и француски репрезентативец Лорен Кошчелни ќе го пропушти Светското првенство во Русија од 14-ти јуни до 15-ти јули, пишува „Sky Sports“. Централниот дефанзивец заработи тешка повреда при поразот од 1:0 во полуфиналето на Лигата на Европа против Атлетико во Мадрид. Кошчелни беше заменет во 12-та минута од Чемберс, откако самиот лошо згазна и падна на теренот со силна болка. Капитенот на „топџиите“ поминал низ медицински прегледи, кои откриле дека постои кинење на Ахиловата тетива, а за санирање на таква повреда се потребни речиси шест месеци. Ова значи дека Кошчелни сигурно нема да учествува на Мундијалот во Русија…

Read More

Претставници на Маруан Фелаини ќе одржат нова серија преговори со раководството на Манчестер Јунајтед, на крајот од оваа недела, објави „Скај Спортс”. Белгискиот фудбалер е пред завршување на договорот на крајот на месец јуни и можноста да го напушти „Олд Трафорд” е реална – нешто што барем менаџерот на тимот, Жозе Мурињо не сака да се случи. 30-годишниот белгиски играч неодамна даде изјава со жалење за пристапот на клубот кон новиот договор. „Неколку клуба имаат интерес кон мене, па ќе видам што ќе се случи. Знам дека сите во тимот сакаат да останам, вклучувајќи го и Мурињо, но јас сакав…

Read More

Алжирскиот напаѓач на Њукасл, Ислам Слимани, нема да игра повеќе до крајот на сезоната откако беше казнет за три натпревари од страна на Фудбалската асоцијација за грубо однесување во натпреварот против Вест Бромвич Албион. 29-годишниот Слимани игра со позајмица од Лестер, се обидел намерно да го удри Крег Доусон во 80-та минута од натпреварот, кој заврши со минимални 1-0 за ВБА. Инцидентот не беше видел од страна на судиите, но Фудбалската асоцијација гоказни Слимани по прегледувањето на видео снимката. Казната значи дека Слимани нема да игра на натпреварите со Ватфорд, Тотенхем и Челзи.

Read More

Здружението за хумано – општенствен развој „Проект Среќа“ – Скопје кое е оформено од Кристина Арнаудова денес го промовираше новиот проект кој го реализираат со помош на Агенцијата за млади и спорт на Република Македонија и бројни спонзори и помагатели. Овој проект ќе ги опфати сите заинтересирани деца кои на возраст од 6 до 18 години , а кои сакаат да се занимаваат со спорт и да тренираат во својот омилен клуб. Проектот „Здраво Шампиони“ има за цел да им помогне на децата кои немаат услови да се занимаваат со спорт, професионално или рекреативно, а помошта се состои во тоа…

Read More

Полуфиналето меѓу Рома и Ливерпул беше најпродуктивното полуфинале досега одиграно во најсилното клупско натпреварување во Европа. Имено, двата дуела меѓу италијанскиот и англискиот преставник завршија со рекордни 13 постигнати гола, што досега се нема случено во ЛШ. На првиот меч во Англија фановите видоа 7 гола, додека на реваншот синоќа уште 6. Ливерпул обезбеди финале против Реал (М) кое е закажано на 26 мај во Киев.

Read More

Ден по завршената неизвеснот околу финалистите во Лигата на шампионите, вечерва Европа ги очекува и патниците на финалната пресметка во вторит клупски турнир под капата на УЕФА, Лигата на Европа. Екипата на Олимпик Марсеј гостува кај Салцбург во реванш полуфиналето откако на првата средба пред своја публика оствари победа од 2:0 и е блиску до пласман во финалето во Лион. Многу поинтересно се очекува да биде во второто полуфинале каде се среќаваат Атлетико (М) и Арсенал, кои на првата средба во Англија одиграа без победник, 1:1. Атлетико и Арсенал не успеаја да се победат во првото полуфинале, а првиот резултат…

Read More

Српскиот фудбалски репрезентативец Сергеј Милинковиќ-Савиќ е на добар пат следната сезона да заигра во Премиер лигата. Како што објави весникот „Ел Мундо Депортиво“, за услугите на дефанзивецот е загреан Мурињо и ќе напрфави се за да го донесе ова лето на „Олд Трафорд“. Барселона е исто така заинтересирана за него, но информациите говорат дека Манчестер Ј. во моментов е фаворит за неговиот потпис. Барселона првично најави дека почнала преговори со фудбалерот, но откако од Лацио им соопштија дека цената на 23-годишниот дефанзивец е 80 милиони фунти, каталонците се повлекоа. Сега на ред се Јунајтед, а по нив веројатно и ПСЖ…

Read More

Тренерот на Челзи, Антонио Конте, јасно им ставил до знаење на првите луѓе на клубот дека сам нема да ја напушти тренерската функција. И покрај бројните шпекулации дека Италијанецот на крајот на сезоната ќе си замине од Лондонт, тој потенцирал дека нема намера да си оди и планира да работи на „Стемфорд Бриџ“ и следната сезона. Ова значи дека со можното отпуштање на Конте, лондончани ќе бидат принудени да платат мултимилионски надомест за предвремено раскинување на договорот. Конте засега нема понуди од други клубови и би сакал да продолжи да биде тренер на лондончани и следната сезона. Во Челзи, пак,…

Read More