Author: saso

35 натпревари и 2279 минути на теренот. Ова се бројките зад името на Артуро Видал минатата сезона како играч на Баерн. Оваа сезона, се чини дека Чилеанецот може само да сонува за такво време поминато на теренот во дресот на Барселона. Видал е доведен во Каталонија со големи очекувања, но тој сè уште е многу повеќе на клупата отколку на теренот. Досега, Чилеанецот одиграа само 176 минути. Видал, велат извори од клубот, е лут и незадоволен и трпението му е при крај. Со оглед на ситуацијата во која Валверде го преферира младиот Артур, Видал може да побара и трансфер оваа…

Read More

Агентот на Златан Ибрахимовиќ, Мино Раиола, потврди дека тие ги чекаат понудите од Милан за да видат дали има можност Ибра да се врати во Италија. 37-годишниот ветеран во моментов блеска со тимот на Лос Анџелес Галакси во МЛС лигата, па се појавија инфомации дека Ибракадабра би можел д аму помогне на Милан во еден дел од оваа сезона. Меѓу 2010 и 2012 година, Ибрахимовиќ постигна 42 гола за Милан, а неодамна спортскиот директор Леонардо потврди дека мали се шансите да го вратат Швеѓанецот во тимот.

Read More

Оваа година, по вторпат, ќе се одржи атлетската трка Skopje Run 10K која претставува уште една алка која ќе го поттикнува здравиот начин на живеење и спортување. Во недела, 7 октомври 2018, на бул. Илинден во Скопје со почеток од 9 часот ќе стартува и второто издание на трката на која годинава ќе има рекорден број учесници од 22 земји кои се пријавени за стартот. Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски, потенцираше дека трката добива голем потенцијал и го зазема своето метсо во календарот на спортските настани во државата. „За две години оваа трка порасна во трка…

Read More

Пред ракометарите на Вардар следува уште еден голем меч во Лигата на шампионите. В сабота во Скопје гостува екипата на Рајн Некар од Германија, против која „вардарци“ очекуваат уште една голема борба. „Рајн некар има многу квалитетен тим. Затоа мора да бидеме многу фокусирани. Тоа е тим кој игра во различни ситуации, менуваат многу во текот на играта и играат силно 6 на 6“, вели Парондо. Капитенот на нашиот шампион, Тимур Дибиров, потенцира дека Германците се исклучително квалитетен ривал, но Вардар знае што го очекува. „Многу добар противник, познат противник. Знаеме што да очекуваме. Оваа екипа има одличен тренер и…

Read More

Селекторот на фудбалската репрезентацијата на Македонија, Игор Ангеловски денеска на прес-конференција го објави списокот со повикани фудбалери за натпреварите од Лига на Нации против Лихтенштајн (13. октомври, Национална арена „Филип Втори“) и Ерменија (16. октомври, „Вазген Саргсјан“). На изборот нема поголеми промени од септемвриските дуели со Гибралтар и Ерменија, освен повратниците Аријан Адеми и Ферхан Хасани. На листата се најдоа 21 фудбалер кои ќе конкурираат за првиот избор. „Ова е стандарден список на репрезентацијата во кој имаме три имиња со кои ќе ја зголемиме конкуренцијата. Очекувам максимално подготвени да влеземе на оној прв ме. Сите погледи се на тој меч,…

Read More

Повредата на играчот од средниот ред на Ливерпул, Наби Кеита не е серозна, и тој уште денеска ќе му се приклучи на тимот, објавија одклубот. Фудбалерот беше изнесен на носилка во 19-та минута од натпреварот со Наполи минатата ноќ по еден судир со Лоренцо Инсиње. Излезе дека болките во грбот и половината, не се сериозни, иако врз него беа направени медицински прегледи. Неговото учество во дербито со Манчестер Сити во неделата не е исклучено, но веројатноста да настапи велат е многу мала.

Read More

Тренерот на француски Монако, Леонард Жардим, по поразот од Борусија во Дортмунд синоќа, веќе се откажа од идејата за пласман на првите две места во групата и вели дека пред Монако сега е една цел – третото место кое води во ЛЕ. „Имавме добро прво полувреме, бевме опасни и одлично ја поседувавме топка. Откако го примивме првиот гол, продолживме да играме вака, но не можевме да одговориме. Остававме многу простор, а тоа Борусија го искористи. Во следните натпревари играме против Бриж, треба да ги освоиме тие 6 бода и да го обезбедиме местото во Лигата на Европа“, смета Жардим.

Read More

Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман, беше стрелец на јубилејниот 8000. гол во Лигата на шампионите. Тој започна како стартер за мадриѓани на натпреварот против Бриж и успеа да реализира два погодоци за победа од 3:1. Неговиот втор гол во 66. минута е токму оној кој е забележам како 8000-ти во најпрестижниот клупски турнир на планетава. 6000-тиот гол беше на Марио Гетце, а 7000-тиот на Анхел ди Марија.

Read More

Тренерот на Реал Мадрид, Хулен Лопетеги, е под силен притисок по очајниот старт на новата сезона. Според информација на дел од шпанскиот печат, во Реал веќе почнале да размислуваат за ново тренерско име. Лопетеги веќе го споредуваат со Рафаел Бенитез, кој пред повеќе од две години не успеа да се најде на чело на “белите”, а подоцна беше заменет од Зинедин Зидан. Претпоставка е дека доколку тимот доживее ново разочарување и при претстојното гостување на Депортиво Алавес, раководството на актуелниот европски клупски шампион ќе почне да контактира со можните наследници на клупата.

Read More

Фудбалерот на Барселона, Иван Ракитиќ, по вчерашниот триумф на гостувањето кај Тотенхем во 2. коло од Лигата на шампионите истакна дека е восхитен од тоа што го постигна јубилејниот 600-ти гол за Барселона во Лигата на шампионите. Ова значи дека Барселона е само третиот европски тим, по Реал (М) и Баерн (М) кој има постигнато повеќе од 600 голови во ЛШ. Реал и натаму е лидер со 945, додека Баерн (М) е на второто место со 668 погодоци. „Да го постигнам овој јубилеен гол на Вембли е многу посебно чувство”, вели Хрватот.

Read More