Author: saso

Ракометарите на Вардар утре ги очекува нов меч со екипата на Војводина во СЕХА конкуренцијата. Македонскиот првак има одлична низа во ЛШ, но исто така и од почетокот на сезоната во регионалното натпреварување. Пред утрешниот дуел со српскиот тим, тренерот Парондо вели дека треба да се остане фокусиран без разлика на улогата на фаворит која ја имаат нашите шампиони. „Војводина има добар тим. Играат агресивно и сакаат да покажат колку добро можат да играат. За нас е најважно да одиме на победа. Мора победата против Веспрем да ја оставиме зад нас и да влеземе концентрирано и мотивирано од самиот старт“,…

Read More

Манчестер Јунајтед изненадувачки е подготвен да го стави на продажба напаѓачот Алексис Санчез иако тоја само една година е во дресот на „ѓаволите“. Според венсикот „Дејли Стар“, тренерот на “црвените ѓаволи”, Жозе Мурињо ја загубил вербата во квалитетите на чилеанскиот фудбалер и е подготвен да се откаже од него доколку некој понуди соодветна цена веќе во јануари. 29-годишниот напаѓач се пресели во Манчестер минатиот јануари. Во пет натпревари оваа сезона во Премиер Лигата, се уште нема постигнато гол, а има само една асистенција.

Read More

Германскиот шампион Баерн Минхен се подготвува за следниот натпревар во вториот круг од Лигата на шампионите против екипата на Ајакс, но Нико Ковач се уште не знае на кого се ќе може да смета за овој меч. „Во Лигата на шампионите, сакаме да ги освоиме сите три бода и на овој меч и полека да започнеме да се подготвуваме смирено за секој следен меч. Тимот е тој, ќе видиме кој ќе игра пред самиот меч“, изјавил 46-годишниот тренер на германскиот шампион. Поголемиот дел од тимот вчера работеше индивидуално, па тоа остава сомнеж кој од рековалесцентите е подготвен за настап. Милер,…

Read More

Барселона го има најлошиот почеток на една сезона ако се погледне начинот на кој игра дефанзивната линија во тимот. Каталонскиот весник „Спорт“ објави дека Барса ја има најлошата одбрана во последните 13 сезони. Против Атлетик Билбао, тимот повторно бркаше резултат и на крајот извади само реми. Ова беше петти последователен натпревар во кои Барселона прима гол, а од стартот на сезоната тимот веќе прими 7 погодоци. Последен пат вакво нешто се случи во сезоната 2005/2006, кога тимот беше предводен од Франк Рајкард. Суперѕвездата на тимот Лионел Меси исто така, изрази незадоволство од играта во одбрана, па тренерот Валверде ќе треба…

Read More

Тренерот на Милан, Џенаро Гатузо, беше исклучително задоволен по победата со 4:1 над Сасуоло. “Росонерите” ја прекинаа серијата од три последователни средби без победа и тоа без типичен централен напаѓач, бидејќи Гонзало Игуаин, Фабио Борини и Патрик Кутроне имаа повреди. „Андреа Силва не сакаше да остане, па не можев да го убедам, и не можам да му ветам 25-30 натпревари во една сезона. Не се сомневав дека е голем напаѓач, но никој не го избрка Силва. Тој сакаше да замине. Во овие пет натпревари игравме навистина добро, но не бевме доследни до крај. Честопати можеме да имаме одлично прво полувреме…

Read More

Реал Мадрид ќе биде без капитенот Серхио Рамос за гостувањето во Москва против ЦСКА во мечот од 2. коло во Лигата на шампионите кој е закажан за утре. Тренерот Лопетеги одлучи да му даде одмор на капитенот, па тој не отпатува со соиграчите на гостувањето во Москва. Тоа значи дека Реал за оваа средба ќе биде со Начо во дефанзивната линија, додека Карвахал и Одриозола ќе почнат по крилните позиции. Покрај Рамос, Реал во Москва ќе биде и без Герет Бејл и Марсело, кои се повредени, како и без Иско кој претрпе операција на слепото црево.

Read More

Поранешната светска фудбалска ѕвезда, Диего Марадона, изјави дека најдобро за првата ѕвезда на аргентинскиот фудбал денеска, Меси е да остане надвор од репрезентацијата. „Јас би го советувал да не се враќа во репрезентацијата. Аргентинскиот тим кога губи, тоа е грешка на Меси.ако се случи нешто друго, повторно Меси е виновен. него го обвинуваат за се. Јас би му рекол: Лео не се враќај, па да видиме што ќе прават сами“, порачал Марадона. Последниот натпревар за репрезентацијата на Аргентина, Меси го одигра на СП.

Read More

Новиот тренер на екипата на Челзи, Маурицио Сари, наскоро ќе го објави фудбалерот кој во иднина ќе ја има улогата на капитен на „сините“ од Лондон. Засега улогата на капитен ја има дефанзивецот Гери Кејхил, но 32-годишниот играч е без статус на првотимец, а покрај тоа може да го напушти клубот во јануари. Италијански специјалист најверојатно ќе го направи изборот меѓу францускиот бек Аспиликуета и еден од најдобрите фудбалери во лигата, Еден Азар. „Сакам да разговарам лице во лице со клубот и играчите пред да ви кажам за мојата одлука. Мислам дека тоа ќе биде вистински чекор ако мојот тим…

Read More

Полскиот одбојкарски репрезентативец Бартош Курек е избран за најдобар играч на вчера завршеното СП во Италија. Курек беше еден од најзаслужните што Полјаците и вторпат едноподруго стигнаа до светската одбојкарска круна. Меѓу наградените на крајот на првенството се најдоа и Михал Кубјак (Пол) и Даглас Соуса (Бра) како најдобри примачи, Мика Кристенсен (САД) како најдобар техничар и Мет Андерсон (САД) кој беше прогласен за најдобар коректор. Наградата за најдобри блокери ја понесоа Саткамп (Бра) и Новаковски (Пол), додека најдобро либеро е Заторски (Пол).

Read More

Ракометарите на Вардар попладнево (17:30 часот) во третото коло од Лигата на шампионите ќе го имаат најтешкиот дуел досега во новата сезона од ЛШ. Екипата на Веспрем како голем фаворит ги дочекува на домашен терен, но „црвено-црните” најавија дека ќе се обидат да ја продолжат победничката серија. Вардар, интересно, досега нема победа на теренот на Веспрем, без разлика дали се работи за мечеви од Лигата на шампионите или, пак, во СЕХА-лигата. Во елитата Вардар и Веспрем играле само еднаш во групната фаза, поточно во сезоната 2014/2015, кога Унгарците славеа и на двата меча. И двајцата тренери најавија дека подготвуваат посебна…

Read More