Author: saso

Поранешниот тренер на Манчестер Јунајтед, Дејвид Мојс, може да ја продолжи својата тренерска кариера во Франција. Споре днекои извори, стратегот добил понуда да го преземе тимот на Нант. Францускиот клуб е активен во потрага по замена за Мигел Кардосо, па Мојс беше вклучен во листата на потенцијални кандидати за негов наследник. Во текот на минатата сезона, Мојс го предводеше Вест Хем и ја завршил сезоната на 13. место, но „чеканите“ не се одлучија да ја продолжат соработката со него. Во моментов, Нант го зазема 19. место во табелата во Лига 1 во Франција и влезе во зоната за испаѓање.

Read More

Денеска, во 71 година од животот почина Благоја Истатов, еден од најдобрите македонски фудбалери на сите времиња. Еден голем човек, кој во својата, голманска кариера настапувал за екипите на Беласица од Струмица, Победа од Прилеп, но и белградски Партизан, и холандски Утрехт. Освен фудбалската Истатов имаше и тренерска кариера, и тоа во повеќе клубови во Македонија. А во еден период беше и тренер на голманите во македонскиот национален тим.

Read More

КК Барселона синоќа организираше специјална прослава за легендата на овој кошаркарски клуб, Хуан Карлос Наваро, кој замина во пензија. Кошаркарот кој практично целата кариера ја помина во каталонскиот клуб, на 17 август и официјално го најави своето пензионирање. 38-годишниот кошаркар доби грандиозна вечер во која клубот му се заблагодари за се што направи за Барселона во својата кариера. Наваро и по завршувањето на кариерата ќе остане во клубот, но останува да се види на која функција.

Read More

Арсенал ќе се раздели со Арон Рамзи или оваа зима, или позавршувањето на сезоната. Преговорите меѓу Велшанецот и раководството на тимот за нов договор не завршија успешно и тој нема да потпишува нов договор со „топчиите“. Неговиот договор завршува следното летото, но за да потпише нов договор со лондончани раководството на клубот ќе треба да му ги исполни големите финансиски побарувања. Изминатиот летен преоден рок, лондончани отфрлиле понуда од 50 милиони фунти за велшкиот репрезентативец од засега непознат клуб, бидејќи биле сигурни дека ќе ја продолжат соработката со него. Сега излезе дека Рамзи не сака да остане под условите кои…

Read More

Јувентус синоќа славеше против Болоња во натпревар од 6. коло на италијансата Серија А со 2:0 и со тоа го направи најдобриот старт во клупската историја во последните 88 години. За прв пат од 1930 година, „бјанконерите“ реализираа седум победи во првите седум натпревари. Јувентус почна со 6 триумфи во домашното првенство, но исто така победи и во премиерниот настап во групната фаза од Лигата на шампионите. Во седумте одиграни средби, момците на Алегри постигнаа 15 гола и примија само 4.

Read More

Извршниот комитет на УЕФА денеска во Нион ќе донесе одлука за домаќинот на Европското првенство 2024 година. Во конкуренција остануваат само две земји – Германија и Турција. Многумина предвидуваат дека Германија е голем фаворит да ја добие организацијата на ова ЕП, пред се поради блиските политички врски помеѓу турскиот фудбал и првиот човек на Турција, Реџеп Ердоган, нешто што не им оди во прилог на Турците. Турција беше кандидат за ЕУРО 2008, 2012 и 2016. година, но досега ниту еднаш не успеа да ја добие организацијата на настанот, додека Германците се појавија како домаќини на ЕП 1988 година.

Read More

Фудбалерот од средината на теренот на екипата на Барселона, Серхио Бускетс, по вчерашниот пораз на гостувањето кај Леганес, истакна дека причина за поразот се бројните нереализирани шанси. „Сега не можеме да бараме изговори, бидејќи игравме 11 на 11. Моравме да покажеме поубедлива игра, но ги промашивме шансите, и тоа не чинеше скапо. Јас сум загрижен за реализацијата, многу шанси пропуштивме“, изјави Бускетс по мечот. За грешката на Пике, Бускетс вели дека таа е дел од тимската игра. По 6 кола Барселона се наоѓа на врвот со 13 бодови, а разликата со Реал остана иста, откако и мадриѓани „кикснаа“ на гостувањето…

Read More
NBA

Српскиот кошаркарски репрезентативец Богдан Богдановиќ вчера го опреираше левото колено и ќе мора да паузира меѓу 4 и 6 недели од кошаркарските терени, објавија од екипата на Сакраменто Кингс. Кошаркарот мораше да оди на операција по обновената повреда за време на последните репрезентативни настапи. О дклубот инсистира атаа да се заврши што побргу, за да можат да сметаат на него од стартот на новата сезона. Минатата сеозна како „руки“ кошаркар во НБА лигата, Богдановиќ имаше просек од 11,8 поени, 3,3 асистенции и 2,9 скокови на 78 одиграни средби.

Read More

По вчерашните убедливи победи во премиерното коло над репрезентациите на Брунеи (мажи) и Свазиленд (жени), нашите шаховски репрезентации денеска ќе го имаат и вториот настап на Шаховската олимпијада во Грузија. Во Батуми, мажите денеска за противник ќе ја имаат селекцијата на Молдавија, додека дамите ќе имаат исто така сериозен противник во селекцијата на Унгарија. Во машка конкуренција почнуваме на првата табла со Кирил Георгиев кој со црни фигури ќе почне против Бологан. На следните три табли за Македонија ќе играат Владимир Георгиев, Панчевски и Недев. Кај дамите, на првата табла Бејатовиќ ќе игра со црни фигури против Хоанг, додека на…

Read More

Последните информации во италијанските медиуми велат дека раководството на Рома веќе почна да бара замена за тренерот Ди Франческо, по лошиот старт на новата сезона на „римската волчица“. дел од шпекулациите кои с епојавија во Италија велат дека раководството на римскиот состав веќе почнало преговори со актуелниот тренер на кинески Тијанџин, Пауло Соуза. Станува збор за поранешен тренер на Фиорентина, кој има каквк-такво искуство од Серија а лигата. Информации од клубот велат дека веќе се отпочнати преговори со застапникот на Пауло Соуза, кои треба да се обидат предвреме да го раскинат неговиот договор со кинескиот клуб.

Read More