Author: saso

Лука Модриќ синоќа во Лондон го прими најголемото признание во кариерата, наградата за најдобар фудбалер на светот, во конкуренцијата на Кристијано Роналдо и Мохамед Салах. Изборот во кој своите гласови ги даваа селекторите и капитетните на националните селекци од светот, новинарите и навивачите заврши со победа на Хрватот, кој според информациите добил 29,05% од сите гласови. Второто место му припадна на Роналдо кој добил 19,08% од гласовите. Интересно е што во гласањето, капитенот на Аргентина, Лионел Меси најмногу поени му даде токму на Лука Модриќ, додека пак Кристијано Роналдо својот глас му го даде на Французинот, Рафаел Варан.

Read More

Претседателот на Хрватскиот фудбалски сојуз, Давор Шукер, ги критикуваше Кристијано Роналдо и Лионел Меси, кои не присуствуваа на церемонијата на доделувањето на наградите на ФИФА синоќа во Лондон. „Не сакам да ја расипам оваа вечер, но за неколку дена ќе кажам нешто друго. Животот не е само пат до победата. Кога ќе загубите, треба да покажете почит. Што се однесува до победата на Модриќ, крајот на ерата на Роналдо и Меси е добра за фудбалот и за сите навивачи. Оваа награда за Лука е заслужена, со оглед на сето она што го стори во текот на годината“, изјавил Шукер.

Read More

Женската ракометна репрезентација на Македонија вчера почна со подготовките пред контролните натпревари со селекцијата на Италија закажани за в петок и в сабота во Скопје. Во рамките на ЕХФ-неделата, селекторот Симе Симовски ќе има можност да направи уште еден тест на квалитетите на оваа генерација македонски репрезентативки. Поради повредите на Елена Ливриниќ и Теодора Керамичиева на тренинзите беше повикана и Мери Арсениевска од Металург.

Read More
NBA

Кошаркарот на Мајами, Двејн Вејд, призна дека бил на чекор од објавување на своето пензионирање, но во последен момент се договори за нова соработка со Мајами и реши да ја одигра и следната сезона. „Во одреден момент, моите шанси за завршување на кариерата беа околу 90%. Размислував за тоа и бев подготвен“, призна Вејд во едно интервју за американските телевизи. Претстојната сезона ќе биде 16-та за Вејд во НБА лигата. 36-годишниот кошаркар од овие 16 сезони дури 14 помина како кошаркар на Мајами, а играше по една сезона и за Чикаго и Кливленд.

Read More

Полската фудбалска федерација доби делумна забрана за исполнување на стадионите на домашните натпревари на кои игра националниот тим, поради расистички навреди на дуелот со Италија во Лигата на Нации. УЕФА поднесе обвиненија за расистичко пеење, како и употреба на пиротехника на натпреварот на 7 септември. Вчера дисциплинците на УЕФА го разгледуваа сучајот и донесоа одлука за „делумно затворање на стадионот на Фудбалската федерација на Полска (ПЗПН) за време на следниот натпревар натпревар во УЕФА во кој Полска ќе биде домаќин“.

Read More

Машката и женската шаховска репрезентација на Македонија почнаа со победи на 43. Шаховска Олимпијада во Грузија. Во премиерното коло нашите шахисти извојуваа победи против селекцијата на Брунеи со 4:0, а со истиот резултат тргнаа и дамите. На првата табла Владимир Георгиев славеше над Омар Ак Хира, а победи извојуваа и Панчевски, Недев и Николовски на останатите три табли. Во женска конкуренција на дуелот со Свазиленд обезбедивме убедливи 4:0. На првата табла со бели фигури Бејатовиќ беше подобра од Носимило, а исто така сигурни победи обезбедија и Коскоска, Николовска и Петровска на останатите три табли.

Read More

Новата сезона во регионалната кошаркарска БИБЛ лига ќе почне со сиромашни 6 учесници. Официјалната програма е потврдена, што значи дека ова ќе биде една од најсиромашните сезони во ова кошаркарско натпреварување. Македонија ќе има еден претставник, а тоа е тимот на Кожув, кој се враќа по една година пауза. Покрај гевгеличани оваа сезона во оваа лига ќе бидат и Берое (Бугарија), Приштина (Косово), Академик Бултекс (Бугарија), Башкими (Косово) и Теута (Албанија). Регуларниот дел од 11. сезона ќе се состои од 10 кола.

Read More

Играчот од средниот ред на Астон Вила, Џек Грилиш го продолжи договорот со својот сегашен тим и покрај огромниот интерес кој владее за него кај големите англиски тимови. Новиот договор на 23-годишниот фудбалер со клубот од Бирмингем е потпишан на пет години. Ова лето, младиот играч беше на мета на Тотенхем, кои понудија за негос ума од 17 милиони фунти, но Атсон Вила одби да го продаде. Челзи, Фулам и Лестер исто така се вклучија меѓу интересентите за неговиот потпис.

Read More

Реал има намера да достави понуда до Ајакс за дефанзвниот играч за врска, Френки де Јонг. Според извори блиски до клубот, менаџментот на Реал (М) е подготвен да извади и 80 милиони евра за 21-годишниот фудбалер. Претходно беше објавено дека интерес за Де Јонг има и кај Манчестер Сити и Барселона. Ајакс веќе постави висока цена за слободата на Де Јонг, па затоа уште ова лето Тотенхем одби да плати повеќе од 50 милиони евра за него. Френки е дел од Ајакс од 2015 година. Минатата сезона играчот одиграа 22 натпревари во првенството во Холандија и имаше 7 асистенции.

Read More

Една од најстарите велосипедски трки во светот, „Џиро Ди Италија“ следната година ќе почне од Болоња. Како што објавија организаторите стартот на трката ќе мине со хронометар на 8,2 километри. 102-то издание на трката ќе започне на 11 мај и ќе заврши на 2 јуни. Болоња по пауза од 25 години за првпат станува домаќин на премиерната етапа на популарното Џиро.

Read More