Author: saso

Легендата на сплитски Хајдук, Зоран Вулиќ, и официјално е поставен за нов тренер на тимот. 56-годишниот стратег кој е вистинска легенда на сплиќани, доаѓа на жешкото столче на „Пољуд”. Последен пат Вулиќ беше на „Пољуд” во 2007 година, а ова е негово петто враќање во клубот. Тој ќе биде нов тренер на нашиот интернационалец Мирко Ивановски, кој ова лето направи трансфер во сплитскиот тим.

Read More

Во пресрет на денешниот дуел со Ерменија, еден од нашите интернационалци во Шпанија, Енис Барди, зборуваше за шансата на генерацијата да стигне до едно големо натпреварување. „Лигата на Нации ни овозможува шанса да направиме успех со А-репрезентацијата на Македонија и да се обидеме да се пласираме на Европско првенство. Тоа е резултат за кој сите ние сонуваме и пласман кој досега не сме го направиле со најдобриот состав.  Реално, имаме противници кои се послаби од нашата репрезентација, но во модерниот фудбал тоа не значи многу. Мораме да бидеме паметни, концентрирани во секоја минута од секој натпревар и да не води…

Read More

Англискиот дефанзивец Лук Шо е во добра состојба по тешкиот судир кој го имаше на вчерашниот меч со Шпанија, по што предвреме мораше да ја напушти играта. Портпаролот на ФА даде официјална изјава со која потврдува дека дефанзивецот е веќе во добра состојба, но ќе остане под надзор. „Лук Шо ги мина прегледите на скенер и останува под грижа на двајца членови на медицинскиот персонал. Тој ќе остане под надзор и останува да видиме какви ќе бидат резултатите од останатите прегледи“, велат од Федерацијата.

Read More

Германскиот репрезентативец Матс Хумелс нема да биде дел од составот на „панцирите“ за денешниот дуел со селекцијата на Перу. Дефанзивецот е со полесна повреда на петата и нема да му биде на располагање на селекторот Јоаким Лев. На негово место се очекува да стартува дебитантот Нико Шулц, а исто како стартер ќе биде и Џулијан Бранд.

Read More

Пред утрешниот дуел против нашата фудбалска селекција, денеска прес-конеференција одржаа и Ерменците. Селекторот на ерменскиот национален тим, Вардан Минасјан, истакна дека ќе бара подобра реализација од своите фудбалери на дуелот со Македонија. „Ние создадовме добри шанси на натпреварот со Лихтенштајн, но во повеќето од нив не можевме да погодиме. Сега треба да бидеме попродуктивни со Македонија. Несомнено, сакаме да постигнеме позитивни резултати. Македонија игра дома и затоа е фаворит“, рече Минасјан.

Read More

Рускиот вицешампион ЦСКА ќе го смени стадионот на кој ќе ги игра натпреварите од новата сезона во Лигата на шампионите, затоа што нивниот им е претесен да ги прими сите навивачи. Ова го најави генералниот директор на клубот, Роман Бабаев. Досега ЦСКА (М) беше домаќин на стадионот „ВЕБ Арена“, која очигледно не е со потребниот капацитет да ги прими сите фанови на ЦСКА кои сакаат да ги гледаат мечевите од Лигата на шампиони. Оваа сезона вицешампионите сакаат да го користат стадинот на кој се играше финалето на годинешното СП. „Чекаме конечна одлука на УЕФА, но не мислам дека ќе има…

Read More

Македонската фудбалска репрезентација вечерва во Гибралтар ги почнува настапите во новото УЕФА натпреварување – Лигата на Нации. На премиерата, гостуваме против селекција која за првпат во историјата ќе одигра еден официјален УЕФА меч на свој стадион. Улогата на фаворит ја има Македонија и според квалитетот на играчите и според ФИФА ранкингот. За нас премиерата е особено важна, затоа што ќе се обидеме да го освоиме првото место во групата и да обезбедиме пласман во плеј-офот во Лига „Д“, затоа што само најдобриот од оваа лига обезбедува место на европското првенство. Според најавите, селекторот Ангеловски ќе тргне со најдобриот тим. Нема…

Read More
NBA

Тимот на Минесота Тимбервулвс покажа засилен интерес за крилото Луол Денг. 33-годишниот Британец од суданско потекло стана слободен агент ова лето, па сега е на крстопат. Денг добро го познава тренерот на Минесота, Том Тибодо, со кого заедно работеа во Чикаго Булс пред неколку години. Ако Тибодо успее да го донесе во Минесота, Денг ќе стане уште еден кошаркар кој играл и за Чикаго, и за Минесота под негово раковдоство, откако тоа веќе го направија Џими Батлер, Дерик Роуз, Џамал ​​Крафорд и Таџ Гибсон. Денг има 14 сезони во НБА лигата со просек од 15 поени и 6,1 скок по…

Read More

Вечерва стартува новиот формат на репрезентативно натпреварување под капата на УЕФА – Лигата на Нации. Многумина се уште не се целосно свесни за начинот на одвивање на натпреварувањето, но со текот веројатно полека работите ќе станат кристално јасни. На местото на досегашните пријатески мечеви, УЕФА направи натпреварување од кое репрезентациите повторно ќе можат да сметаат на пласман на континенталниот собир. Програмата предвидува спектакуларни дуели уште во првиот ден од натпреварувањето. Денеска во рамките на Лигата „А“ во која се репрезентациите со највисок коефициент според листата на УЕФА, ќе гледаме возбудлив дуел на „Алијанц Арената“ во Минхен, каде ќе се сретнат…

Read More

Искусниот фудбалер на Ливерпул, Џејмс Милнер, влезе во елитното друштво во премиер Лигата, откако стана само четврти фудбалер кој успеал да го стигне лимитот од најмалку по 100 одиграни натпревари за три различни тимови во англиската фудбалска елита. Минатиот викенд тој беше дел од „црвените“ во победата над Лестер од 2:1 и на тој начин ја забележа 100-тата средба во дресот на Ливерпул. Претходно, тој го направи и како играч на Манчестер Сити и Астон Вила, а исто така имаше 48 натпревари и за Лидс. Пред него тоа достигнување го направија и Герет Бери со Астон Вила, Манчестер Сити и…

Read More