Author: saso

Рафаел Надал обезбеди полуфинале на УС Опен откако утринава во вториот четврфинален дуел во машка конкуренција успеа да слави над австрискиот тенисер Доминик Тим во меч кој траеше 5 сета со 3:2. Дуелот траеше скоро пет часа, а Надал славеше во тај-брејкот во петиот сет со резултат 7:5. Противник на Надал во полуфиналето ќе биде Хуан Мартин Дел Потро. Тој пак во првото четврфинале беше подобар од Американецот Џон Изнер во четири сета со 3:1.

Read More

Селекторот на шпанската фудбалска репрезентација, Луис Енрике, ги сменил правилата на однесување за играчите на неговиот тим. Според пишувањето на шпанска „Марка“, играчите во редовите на „фуријата“ сега немаат право да ја напуштаат локацијата на репрезентацијата за време на репрезентативните обврски. Порано репрезентативците добивале слободно време за да го поминат со пријателите или со своите семејства. Покрај тоа, Луис Енрике им забранил на фудбалерите да користат гаџети додека одат на ручеци или додека патуваат на натпреварите.

Read More

Анастасија Севастова ја запре Американката Слоан Стивенс на патот кон одбраната на титулата на УС Опен. Во денешниот прв четврфинален меч во женска конкуренција, Летонката во два сета со 6:2 и 6:3 ја совлада третата фаворитка на турнирот и обезбеди пласман во полуфиналето. Севастова, која го одигра својот трет последователен четвртфинален меч во Њујорк, го постигна својот најдобар резултат. Во моментов 18-тата на ВТА листата, го обезбеди своето петто полуфинале во кариерата.

Read More

Шпанскиот фудбалски прволигаш Ваљадолид на својот Twitter профил објави дека од денеска новиот сопственик на клубот е двократниот светски шампион во репрезентацијата на Бразил и поранешен напаѓач на Барселона и Реал (М), Роналдо. Популарниот „Феномен“ за 30 милиони евра купил 51% од акциите на клубот. „Во текот на мојата кариера, добив многу искуство, кое ме подготви за овој чекор. Фудбалот секогаш е страст“, изјавил Роналдо. Трансакцијата е направена во општина Ваљадолид во присуство на претседателот на клубот Карлос Суарез и шефот на градот Оскар Пуенте.

Read More

Аргентинскиот репрезентативец и дефанзивец на шпанска Севиља, вчера на големото градско дерби против Бетис доби фрактура на коска во десната рака. како што потврдија од клубот денеска, инцидентот кој се случи пред крајот на натпреварот кој го доби Бетис со 1:0, Меркадо падна по судирот со противнички играч и веднаш почувствувал силна болка во раката. Играчот беше изнесен од теренот на носила, по што клупскиот лекар најави дека станува збор за потешка повреда. Утрово 31-годишниот Меркадо заминал на операција, по што ќе бидат познати и условите и времето потребно за негово комплетно закрепнување и враќање на терените. Меркадо е дел…

Read More

Ракометарите на Вардар утре во Скопје го имаат и вториот настап во СЕХА лигата, овој пат против српски Железничар. Нишкиот тим почна со пораз во српското дерби против Војводина, додека Вардар го доби македонското дерби со Металург. Тренерот на „црвено-црните“, Парондо, пред мечот вели дека очекува подобро издание од она на првиот меч во новата сезона. „Против Железничар ќе се обидеме да бидеме подобри отколку со Металург. Сакаме да се докажуваме и да напредуваме. Овие мечеви треба да ги  искористиме за добар старт на Лигата на шампионите“, изјави Парондо. Мечот меѓу Вардар и Железничар се игра утре во СЦ„ Јане…

Read More

Резервниот пилот на Ферари, Данаил Квјат може да ја продолжи својата кариера во тимот на Торо Росо. Веста ја потврдија неколку извори, откако 24-годишниот Русин е една од варијантите за преселба во тимот следната сезона. Квјат е на врвот на листата на потенцијални кандидати за местото во Торо Росо, па наскоро се очекува само потврда со официјално потпишување на договорот. Главен опонент засега му е возачот на Мекларен, Лендо Норис. Враќањето на Квјат стана можно поради фактот што Пјер Гесли ќе ја продолжи својата кариера во Ред Бул , а иднината на Брендон Хартли во тимот сеуште не е сигурна.

Read More

Вчера во Штип се одржа Државниот изборен карате турнир за сениори-ки, кој имаше критериумски карактер за избор на македонската сениорска карате репрезентација, која во ноември треба да настапи на Светското првенство во Мадрид, Шпанија. Во генералниот пласман најдобар резултат постигнаа каратистите од КК Макпетрол од Скопје, кои се најдоа на првата позиција со вкупно осум освоени медали од кои 4 златни, 2 сребрени и 2 бронзени. Златни медали за КК Макпетрол освоија Сара Радичевска во категорија -50 кг., како и Наташа Стефановска во категорија -61 кг. Меѓу дамите злато освои и Моника Стефановска (-68 кг.), додека кај мажите Давид Петков…

Read More

Мануел Пелегрини ја има довербата кај упрвата на Вест Хем и покрај неуспешниот старт во англиската Премиер лига. По четири одиграни кола лондончани имаат исто толку порази, по што многумина сметаа дека Чилеанецот ќе се најде под сериозен притисок. Управата на тимот излезе со соопштение дека тие имаат полна доверба во менаџерот. Тој, пак. ќе мора да ја надмине ова акриза во следниве 15 дена за време на репрезентативната пауза. По последниот пораз од Вулверхемптон во саботата, многумина очекуваат Чилеанецот да биде првиот кој ќе добие отказ оваа сезона во Премиер лигата. Останува да с евиди настапот на „чеканите“ на…

Read More

Македонската фудбалска репрезентација денеска со чартер лет заминува за Малага, од каде пак со автобус ќе замине за Гибралтар каде в четврток треба да го одигра првиот меч од новото натпреварување, Лигата на Нации на УЕФА. Дел од репрезентативците кои се најдоа на списокот на Игор Ангеловски тргнаа од скопскиот аердром, додека останатите како и капитенот Горан Пандев, Николов, Спировски, кои синоќа имаа клупски обврски ќе дојдат директно во Малага.

Read More