Author: saso

Новиот тренер на Реал Мадрид, Хулиен Лопетеги, во пресрет на вечерашниот Супер Куп меч со Атлетико (М) во Талин, вели дека неговиот тим е должен да продолжи да победува, а не да ги гледа минатите успеси. Лопетеги ја презеде функцијата во јуни откако Зинедин Зидан го напушти клубот откако трипати едноподруго ја освојуваше Лигата на шампионите. „Зидан заврши одлична работа тука и постигна прекрасни резултати. Но ние не можеме да гледаме кон минатото и должни сме да носиме уште трофеи во клубот”, рече Лопетеги. „Имавме добра предсезона и денеска ќе играме за Суперкупот на УЕФА.  Сакаме да ја започнеме сезоната…

Read More

Италијанскиот гигант Милан продолжува да го засилува својот состав пред стартот на сезоната во Серија А. “Росонерите” се блиску до договор со Џенова за уругвајскиот дефанзивец Диего Лаксалт . Денес се очекува да се договорат деталите за неговиот трансфер во Милано. Според Скај Италија, Милан ќе извади 14 милиони евра плус 4 милиони евра во форма на бонуси за потписот на Лаксалт.

Read More

Освојувачот на Лигата на Европа за минатата сезона, Атлетико (М), сака да го купи одбранбениот играч на Тотенхем, Серж Орие како замена за Шиме Врсаљко кој го напушти клубот ова лето. Самиот Орие исто има желба да замине во Мадрид, но двете страни се уште немаат постигнато компромис околу финансиските услови од договорот. Десниот бек пристигна во Лондон на почетокот на минатата сезона, но тешко успева да се избори за место во првиот тим на Почетино.

Read More

Напаѓачот на Севиља Бен Једер може да се врати во Франција до крајот на трансфер периодот. Како што објавија неколку француски весници, за фудбалерот се заинтересирани Олимпик (М) и Монако. Француските клубови се подготвени да платат 22 милиони евра, но Севиља сака да добие најмалку 25 милиони евра. Минатата сезона Бен Једер одигра 42 натпревари, постигнувајќи 22 гола и направи 5 асистенции, а и во новата сезона почна со гол и асистенција.

Read More

Кадетската ракометна репрезентација на Македонија си обезбеди место во полуфиналето на ЕХФ-шампионатот во Грузија, откако утринава ја совлада и селекцијата на Фарските острови со 30:29 во 3. коло од групната фаза. Во тежок натпревар во кој борбата траеше дури 60 минути, сè беше решено во последните десет секунди. Откако успеавме да одбраниме удар од 7 метри, преку Костески реализиравме за победа и нови два бода кои значат пласман во полуфиналето. Во нашиот состав денеска одличен беше голманот Кизиќ кој имаше 14 одбрани, а Серафимов со 9 и Костески со 6 гола беа најефикасни во нападот. Утре во 4. коло играме…

Read More

По поразот во Австрија од 3:0, Шкендија се подготвува за реванш средбата од 3. коло во елиминацискатафаза на Лигата на шампионите. Утре во Скопје ќе се одигра реванш средбата со Салцбург кој со голема предност доаѓа во нашата земја за да го потврди пласманот во плеј-офот. За Шкендија останува да потврди дека онаа средба во Австрија не беше вистинското лице на тимот и дека против Салцбург може и многу подобро. „Шкендија е подготвена да покаже дека резултатот од првиот меч не е реален. Ни останува да се подготвиме најдобро што можеме и максимално ангажирано да се претставиме во најдоброто светло.…

Read More

Контроверзниот сопственик на грчкиот фудбалски клуб ПАОК, Иван Савидис, им ветил премија на фудбалерите на тимот во висина од 1 милион евра, доколку успеат да го елиминираат Спартак (М) и да обезбедат пласман во плеј-офот од квалификациите во Лигата на шампионите. Според порталот Betfootball.gr , савидис на сличен начин ги мотивирал фудбалерите и пред дуелот со Базел во втората квалификациска рунда од Лигата на шампионите, но тогаш во игра била помала сума. Првиот натпревар меѓу ПАОК и Спартак, кој се одигра во Солун, заврши со победа на грчкиот клуб со 3:2. Реваншот е утре во Москва.

Read More

Со победата над Севиља во шпанскиот Супер Куп, Лионел Меси стана играч со најмногу трофеи во историјата на Барселона. Суперѕвездата го освои својот 33-ти трофеј и тоа го направи како капитен на тимот, откако и официјално ја доби капитенската лента пред неколку дена. Тој го мина Андрес Иниеста, кој остана со 32 трофеи, додека по нив се Жерард Пике и Серхио Бускетс, кои имаат по 28. Меѓу најзначајните признанија на Меси се 4 трофеи од Лигата на шампионите и 9 златни медали од првенството на Шпанија. Тој, исто така, го подигнал кралскиот куп 6 пати, 8 трофеи од Супер Купот…

Read More

Новиот менаџер на Арсенал, Унаи Емери изјави дека „топчиите“ ги чека една навистина тешка сезона по поразот на домашен терен од Манчестер Сити со 2:0. „Манчестер Сити со својата презентација покажа дека треба да продолжиме да работиме и да се подобруваме. Резултатот е заслужен. Ние сме нов тим на кој му треба време за развој. Разочарани сме и има многу работи што можеме да ги направиме подобро. Мислам дека сезоната ќе биде доста тешка за нас“, порача Емери.

Read More

Напаѓачот на француска Ница, Марио Балотели може да ја продолжи својата кариера во Италија. По шпекулациите дека неговиот менаџер Раиола преговара со Парма, сега на Апенините се шпекулира дека негова следна дестинација сепак е биде Сасуоло. Балотели ја потврди својата намера да замине од Ница, па сега е во интензивна потрага на нова средина. 28-годишниот фдубалер минатата сезона на 28 меча за Ница постигна 18 гола и беше едно од највпечатливите имиња во лигата. Сепак, неговата намера е враќање во својата земја, па затоа се очекува наскоро да постигне договор со Сасуоло, кој сериозно е заинтересиран за неговиот ангажман.

Read More