Author: saso

NBA

Кармело Ентони дал усна согласност за потпишување на договор со Хјустон Рокетс, објавија неколку релевантни извори од САД. Деталите за можниот договор остануваат непознати, но факт е дека кошаркарот на Оклахома пред стартот на новата НБА сезона може да ја промени средината. Минатата сезона во Сити Тандер, Ентони имаше лоша сезона со прилично лоши статистички показатели. Тој летово беше дел од договор со Атланта, но сега најверојатно ќе го избере Хјустон како нова средина за новата сезона.

Read More

Милан е во напредни преговори со Челзи за фудбалерот од средниот ред, Тиму Бакајоко, а според „Скај Италија“ договорот меѓу двата тима е прашање на време. „Росонерите“ бараат начин да го засилат средниот ред, а поранешниот играч на Монако не е во плановите на новиот менаџер на „сините“ Маурицио Сари и тој дал “зеленото светло” за неговото заминување. Доколку се постигне договор, Бакајоко ќе му се приклучи на тимот од „Сан Сиро“ на позајмица, со опција за постојан трансфер. Причината за ова е тоа што Милан имаше сериозни проблеми со финансискиот фер игра.

Read More

Арсенал се откажа од дефанзивецот Калум Чемберс и го испрати на позајмица во редовите на новиот првемиерлигаш, Фулам. Пред само еден месец 23-годишниот фудбалер потпиша нов 4-годишен договор со “топчиите”, но Унаи Емери проценил дека за младиот дефанзивец ќе биде подобро да добие поголема минутажа во некој друг клуб, пред следната година да с еврати во редовите на лондончани. „Многу сум возбуден од овој трансфер. Го гледав Фулам минатата сезона и бев импресиониран од она што го видов. Сигурен сум дека тимот ќе одигра довро во Премиер лигата и се радувам што ќе имам можност да играм тука“, призна Чемберс.

Read More

Тотенхем испрати понуда од 25 милиони фунти за играчот од средниот ред на Астон Вила, Џек Грилиш.Како што е познато, менаџерот на Спарс, Маурисио Почетино сака по секоја цена да го купи 22-годишниот играч од средниот ред и се надева дека овој предлог ќе биде доволен да ги убеди “Вила” за зделката да стане факт. Засега од Астон Вила се категорични дека не сакаат да се разделат со својот најдобар фудбалер, но на крајот веројатно ќе попуштат под високите понуди од Тотенхем.

Read More

Оваа година по 46. пат Струга ќе биде домаќин на Ракометниот турнир со најголема традиција во Македонија. Од 15 до 19 август осум екипи кои ќе бидат поделени во две групи ќе се подготвуваат за стартот на новата сезона. Организатор на турнирот традиционално е РК Струга, а покровители се Агенцијата за млади и Спорт и Ракометната федерација на Македонија. „Нашата заложба е да го задржиме нивото на турнирот кој има 46-годишна историја. Лани учествуваа шест екипи, годинава имаме осум. Им благодарам на РФМ и Агенцијата за млади и спорт кои ја увидоа нашата работа и го поддржаа турнирот“, изјави претседателот…

Read More

Ако успеат да ја поминат екипата на Салцбург, фудбалерите на Шкендија во плеј-оф колото за пласман во ЛШ ќе игра со победникот од двомечот меѓу Црвена Звезда и Трнава. Натпреварите од последната фаза пред групите ќе се одиграат на 21/22 август, а реваншите се закажани една недела подоцна, односно 28/29 август. Првиот судир со австрискиот првак е закажан за 8 август на „Ред Бул арена“, а реваншот „црвено-црните“ ќе го одиграат во Скопје шест дена подоцна.

Read More

Тренерот на италијански Интер, Лучијано Спалети, се осврна на гласините за можниот трансфер на Лука Модриќ во клубот од Милано. „Заедно со навивачите, ќе продолжиме да сонуваме дека овој трансфер ќе се реализира. Клубот јасно стави до знаење дека доследно работи по ова прашање. Се разбира, играч од неговото ниво ќе биде многу важен за нас. Се надевам дека нешто ќе се случи“, признал Спалети. Модриќ веќе неколку дена е поврзуван со трансфер во Милано. Се очекува средбата меѓу преставниците на двата тима, по која ќе се знаат и повеќе детали околу можноста европскиот првак да му дозволи на Хрватот…

Read More

Раководствата на Баерн Минхен и Манчестер Јунајтед се многу блиску до склучување на договор за централниот дефанзивец на германската репрезентација, Џером Боатенг. И двете екипи минатата ноќ одиграа  пријателски меч во Минхен, кој им припадна на Германците со 1:0. Пред и по дуелот, шефовите на двата клуба имале длабоки разговори за евентуалната продажба на германскиот фудбалер. Некои информации велат дека Баерн е подготвен да го ослободи Боатенг за 50 милиони евра. “Црвените ѓаволи” треба да се побрзаат бидејќи имаат сериозна конкуренција во ПСЖ, а згора на тоа за само неколку дена завршува преодниот рок во Премиер лигата.

Read More

Кадетската ракометна репрезентација на Македонија кон крајот на неделава во Грузија ќе го започне настапот на ЕХФ-шампионатот. Селекторот Данило Брестовац, кој направи одличен резултат со младинската селекција, освојувајќи го првото место на шампионатот во Скопје, сега ќе се обиде да го повтори подвигот исо кадетите во Грузија. Тој вчера го објави конечниот список на патници на ова првенство во кој се најдоа: Голмани: Марко Кизиќ (Вардар Ј), Виктор Василевски (Металург 2), Леви крила: Дарко Кондев (Металург 2), Марко Божиновски (Металург 2), Десни крила: Ален Ќосевски (Вардар), Ненад Костески (Струга), Леви бекови: Теодор Тодески (Прилеп), Игор Ѓоргиев (Вардар), Средни бекови: Мартин…

Read More

Дефанзивецот на Барселона, Јери Мина од синоќа и официјано е нов фудбалер на англиски Евертон. Во трката за потписот на овој млад дефанзивец победија „карамелите“ кои се договорија со Барселона да и платата 32 милиони евра за корпулентниот дефанзивец. Во следните часови клубовите треба само да се договорат за некои детали од договорот. Мина ќе потпише петгодишен договор со англискиот клуб. Мина се пресели во Барселона во јануари 2018 година. Во изминатата сезона одигра 5 натпревари, но имаше одличен настап на СП во Русија, по што за него се заинтересираа неколку големи клубови.

Read More