Author: saso

За македонските кошаркарски јуниори останува уште да го одиграат дуелот со Чешка денеска, а потоа веројатно да размислуваат како да се извлечат од дното на табелата на ЕП во Б-дивизија кое се одржува во Скопје. По синоќешниот пораз од Израел, нашите млади надежи денеска го имаат мечот од последното 5. коло во групата „Ц“ против големиот фаворит, кој досега во четири одиграни натпревари има три победи и само еден пораз и тоа оној од синоќа против селекцијата на Холандија. Нас само изненадување може да не однес ево групата на четири најдобри селекции во нашата група и потоа да се бориме…

Read More

Интер се подготвува за еден од најголемите трансфери ова лето. Според информациите кои ги објавија најтиражните италијански спортски весници “Кориере дело Спорт” и “Газета дело Спорт”, „нероазурите“ се подготвуваат да го купат хрватскиот репрезентативец од екипата на Реал (М), Лука Модриќ. Според последните информации тимот од Милано веќе воспоставил контакт со претставниците на хрватскиот фудбалер и тимот има за цел да го доведе во своите редови во следните неколку дена. Сè уште не е јасно што ќе биде понудата која Интер ќе им ја престави на “кралевите” за него. Главен проблем, сепак, може да биде високата плата на Модриќ, но…

Read More
NBA

Една од ѕвездите на Торонто репторс, Каваи Леонард, сериозно ќе ја разгледа опцијата за транзицијата во екипата на Бруклин Нетс, но најрано во летото следната година. Тогаш Леонард ќе добие статус на неограничен слободен агент. Леонард е импресиониран од фактот дека во Бруклин има многу луѓе со кои беше дел од Сан Антонио Спарс и сега би сакал повторно да се обидат заедно во нова средина. Исто така, Филаделфија има реални шанси да тргне по него. Претходно, пак, беше објавено дела Леонард има намера да потпише договор со еден од двата тима од Лос Анџелес.

Read More

Реал (М) нема да се откаже од намерата да го купи напаѓачот на Ливерпул, Мохамед Салах и наскоро ќе испрати своја прва понуда за Египќанецот, тврдат неколку влијателни шпански и англиски новинари. Неодамна, напаѓачот потпиша нов договор со тимот на Енфилд и даде силна индикација дека нема намера да го напушти тимот. Сепак, Реал нема да жали пари за да го доведе на „Бернабеу“ како наследник на Кристијано Роналдо, кој го засили Јувентус. Според последните информации претставниците на “кралскиот клуб” веќе имаат воспоставено контакт со агентите на египетскиот репрезентативец и се очекува во наредните неколку дена тимот да извади на…

Read More

23-кратната победничка на турнирите од Грен Слем серијата, Американката Серена Вилијамс го претрпе својот најтежок пораз во кариерата. Синоќа во меч од 2. коло на тенискиот турнир во Сан Хозе (САД), Вилијамс беше декласирана од Британката Конта со 6:1, 6:0. За поранешниот прв рекет на светот, овој пораз беше најтешкиот во кариерата. Претходно, 36-годишната Американка никогаш не дозволила да загуби со само еден освоен гејм на меч на овицијален турнир. Во 1998 година, на турнирот во Оклахома, таа го имаше досега најубедливиот пораз од тогашната Јужноафриканка Кругер со 6:1, 6:1.

Read More

Манчестер Јунајтед победи со 2:1 над Реал (М) во синоќешниот меч на Интернационалниот куп на шампионите во САД кој се одигра во Мајами. Овој натпревар беше деби на новиот тренер на “кралевите” Лопетеги, кој на новата позиција тргна со пораз. Во почетниот состав на “кралевите” имаше неколку млади играчи, а освен тоа во тимот недостигаа некои главните фудбалери како капитенот Рамос. “Црвените ѓаволи” почнаа доста подобро и во 18-тата минута веќе имаа предност со голот на Алексис Санчез. Во 27-тата минута екипата на Мурињо ја удвои предноста по погодокот на Ерера. Сепак во самиот финиш на првиот дел, мадриѓани го…

Read More

Ливерпул е подготвен да ги продаде своите двајца минатогодишни голмани, Лорис Кариус и Симон Мињоле. Претходно, англискиот клуб за рекордна сума го купи бразилскиот репрезентативен голман, Алисон Бекер од екипата на Рома, а Клоп потврди дека 25-годишниот Бразилец ќе биде првиот избор за претстојната сезона. Според „Телеграф“, на Кариус е заинтересиран германски Баер (Л), додека за Мињоле има интерес и од Реал и од Барселона.

Read More

Фудбалерите на Рома обезбедија победа од 4:2 на тест-средбата со Барселона одиграна синоќа во Тексас во рамките на Интернационалниот куп на шампионите. Резултатот на натпреварот го отворија поразените, фудбалерите на барселона со голот во 6. минута на Рафиња. Италијанците одговорија со голот на Ел-Шарави во 35. минута. Во втората половина, каталонците повторно водеа откако во 49-тата минута, поранешниот играч на Рома, Малком се запиша во листата на стрелци. Клучниот момент на средбата ба финалните 15 минути во кои Рома во период од само 10 минути успеа да постигне три гола. Напрво во 76. минута погоди Флоренци, па во 83. Кристанте,…

Read More

Шкендија со реми (0-0) на гостувањето кај Шериф Тираспол испеа да се пласира во 3. коло од квалификациите во Лигата на шампионите. Пласманот во следната рунда е благодарение на првиот меч во Скопје во кој тетовци обезбедија минимална победа од 1-0. Фудбалерите на Ќатип Османи на овој реванш дуел влегоа премногу претпазливо, и на стартот најавија дек аќе ја бранат предноста од првиот меч. Домаќинот постојано се обидуваше да го отвори резултатот, но во тоа не успеа до самиот крај на средбата. Следен противник на Шкендија на патот до групите во најелитното клупско натпреварување во Европа ќе биде австрискиот шампион,…

Read More

Интернационалната атлетска федерација (ИААФ) денеска ги одреди термините во кои ќе може да се обезбедува виза за настап на Летните олимписки игри во Токио 2020. Според информацијата потврдена од ИААФ, за трките на 10.000 метри, маратонот, брзо одење, како и комбинираните дисциплини, квалификациите ќе се одржуваат од 1 јануари 2019 до 29 јуни 2020 година. Тоа е периодот во кој ќе може да се избори олимписка норма. За другите атлетски дисциплини, периодот на обезбедување олимписка норма ќе бниде од 1 јули 2019 до 29 јуни 2020 година. Квалификациските норми ќе бидат објавени од страна на ИААФ пред крајот на 2019…

Read More