Author: saso

Атлетико Мадрид по третпат во својата историја ја освои Лигата на Европа. По трофеите во 2010 и 2012 година, Симеоне и неговите момци уште еднаш се закитија со трофејот во второто по ранг европско клупско натпреварување. Вечерва на стадионот во Лион, „јорганџиите“ славеа со 3:0 во пресметката соОлимпик Марсеј, кој загуби во третото финале едно подруго во кое се појави францускиот тим. Гризман ја отвори серијата во 21 минута по една голема грешка на противничката одбрана. Истиот фудбалер погоди и за 2:0 во 49 минута и го најави новото крунисување на шпанскиот тим. Со голот на Габи во 89. Минута…

Read More

Кошаркарите на МЗТ Скопје А. обезбедија финале во домашниот кошаркарски плеј-оф, откако во четвртиот меч со Блокотехна, денеска во Гевгелија успеа по тешка борба да ги совладаат гевгеличани со 74-72 и да дојдат до третата победа која ги носи во финалето. Во битката за тронот, МЗТ СкКопје А. за противник ќе го има големиот градски ривал Работнички. Во четвртиот полуфинален меч меѓу Блокотехна и МЗТ Скопје А. видовме голема борба и неизвесност до самиот крај. Првиот дел од мечот им припадна на домашните, додека МЗТ Скопје А. одигра подобро во заврните 20 минути. Најдобар кај скопјени беше Бојиќ со 22…

Read More

Менаџерот на Тотенхем Маурисио Почетино ќе оствари разговори со претседателот на тимот Даниел Леви следната недела, за да ги чуе плановите на клубот за иднината. Почетино го донесе Тотенхем до третото место во Премиер лигата и по третпат во последните четири сезони под негово раководство Тотенхем заврши во ТОП 3 и ќе игра во Лигата на Шампионите. Аргентинскиот специјалист се смета за еден од најдобрите тренери во светот. Почетино смета дека раководството треба да “преземе одредени ризици”, за да продолжи развојот на тимот. “Морам да разговарам со претседателот. Имам јасна идеја што е потребно. Не знам дали од раководството на…

Read More

Менаџерот на Манчестер Сити Пеп Гвардиола изјави дека би разбрал, ако Микел Артета побара да си оди и да стане нов тренер на Арсенал. Сепак, Пеп вели дека сака Артета да остане кај шампионите и двајцата да продолжат со заедничката работа. Артета е асистент на Гвардиола од 2016 година, но во некои медиуми тој се смета за совршена замена за Арсен Венгер, кој ги напушти „топчиите“ по 22 години на функција. „Ако одлучи да се пресели, бидејќи има таков предлог, нема да кажам дека не треба да оди. Сакам се најдобро за моите пријатели. Ќе бидам навистина тажен, но тоа…

Read More

Манчестер Јунајтед е многу блиску до склучување договор со ѕвездата на Јувентус, Алекс Сандро, објавија денеска авторитетните англиски изданија. „Црвените Ѓаволи“ сакаат да го добијат бразилскиот интернационалец на „Олд Трафорд“ следната сезона, а првата рунда преговори со агентот на фудбалерот минала одлично. Жозе Мурињо е подготвен да ја плати бараната сума за левиот бек на Јувентус, која според некои проценки се движи околу 57 милиони евра. 27-годишниот Алекс Сандро треба да биде замената за искусниот Ешли Јанг, кој оваа сезона мораше принудно да игра на позиција лев бек, иако негова вистинска позиција е крило. Дел од изворите и во Јувеентус…

Read More

Актуелниот тренер на италијанскиот шампион Јуветус, Масимилијано Алегри, по синоќешното реми со Рома без погодоци изјави дека е задоволен од резултатот, но и воопшто од сезоната која е зад него и неговиот тим. „Среќен сум. Го имаме следното поглавје во историјата на клубот. Беше многу тешка сезона. Сакам да им се заблагодарам на Наполи, бидејќи продолжија да вршат притисок врз нас до крајот на сезоната. Верувам дека нашата главна предност во однос на ривалот беше тоа што останавме смирени во секоја ситуација“, ја оцени сезоната Алегри. На прашањето за неговата иднина во Торино, тој додаде: „Ако менаџментот на клубот не…

Read More

Дефанзивецот на Барселона, Томас Вермален ја повреди тетивата на десната нога на синоќешниот меч со екипата на Леванте и ризикува настап на СП во Русија. 32-годишниот Белгиец излезе во игра во 31. минута, а денеска ќе се чекаат најновите лекарски прегледи за да се дознае точниот период потребен за рехабилитација. Првите прогнози на лекарите велат дека повредата е сериозна, но сепак, треба да се почекаат денешните резултати од специјалистичките наоди.

Read More

Извонредна фудбалска вечер за македонскиот фудбалски репрезентативец Енис Барди. Со два гола против Барселона, Барди го исполни сонот да слави против каталонците, кои оваа сезона до синоќешното гостување против Леванте не знеја за пораз на домашната сцена. Барселона загуби со 5-4, а Леванте и фантастичниот Барди потврдија дека под водство на новиот тренер и на крајот на сезоната го покажаа својот вистински квалитет. „Леванте е фантастичен тим. Одигравме многу добро, со голема самодоверба. Среќен сум за головите. Сонував да постигнам гол против Барселона и да му помогнам на тимот. Треба и наредната сезона да продолжиме со ваква игра“, изјави Барди,…

Read More

Голманот на Манчестер Сити, Едерсон Мораеш потпиша нов договор со клубот, кој ќе трае се до летото 2025 година. Веста ја потврдија од Сити на официјалната веб-страница на клубот. „Се надевав на ваков развој, но не мислев дека ова ќе се случи толку брзо!” За една година, во една сезона имаше толку многу, но јас се подготвував за ова. Многу сум среќен што ќе играм за Манчестер Сити долги години. Ова е мојот сон“, изјавил Едерсон по потпишувањето на новиот договор. Едерсон дојде во Манчестер Сити од Бенфика минатото лето.

Read More

Ракометарките на ЖРК Вардар останаа без европската титула, па мала утеха по синоќешното финале во Будимпешта добија во изборот за најдобра ракометарка на Ф4 турнирот. Признанието отиде во рацете на неверојатната голманка на „црвено-црните“ дами, Амандин Лејно, која брилјираше и на двата меча за нашиот шампион. Французинката против Ростов Дон во полуфиналето имаше 14 одбрани, додека во финалниот меч против Ѓер забележа дури 17 интервенции. Тоа беше доволно од страна на ЕХФ да ја добие престижната награда.

Read More