Author: dino

Репрезентативецот на Швајцарија, Џердан Шаќири, кој настапува за англискиот Стоук, веднаш по фудбалскиот Мундијал во Русија може да направи голем трансфер. Наводно, тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, изјавил дека сака да го ангажира брзоногиот напаѓач кој пружа одлични игри на собирот во Русија. Шакири пред да заигра за Стоук, ги бранеше боите на Базел, Баерн Минхен и Интер. Тој за Швајцарија има одиграно 72-два меча и постигнато 21 гол. Според медиумите, трансферот може да се реализира без проблеми бидејќи неговиот тим не успеа да обезбеди опстанок во Премиер лигата.

Read More

Раџа Наиголан кој деновиве ја напушти Рома и направи трансфер во Интер, вчера беше пречекан од повеќе фанови на „нероаѕурите“. Фудбалерот прво влегол од задниот дел на хотелот во кој традиционално престојуваат новите играчи на Интер а потоа излегол за да се сретне со фановите кои го чекале надвор. Наиголан во текот на денов треба да ги помине лекарските прегледи и да стави потпис на договорот. Според медиумите, Интер ќе плати 24 милиони евра и во насока кон Рим ќе ги испрати дефанзивецот Давиде Сантош и младиот фудбалер, Николо Џаноло.

Read More

Србија е бесна по поразот од Швајцарија а прстот го впери кон судијата Брих за кој проценува дека не досудил чист пенал врз Александар Митровиќ во 66. минута иако имаше шанса да го стори тоа доколку го искористеше ВАР системот. Тоа го потенцираше и потпретседателот на Фудбалската федерација на Србија, Саво Милошевиќ, кој не може да се помири со поразот. „По многу разговори, поднесовме официјална жалба и протест на адреса на ФИФА. Никогаш не сум барал оправдување, сме изгубиле многу натпревари и ќе губиме и во иднина… но воведен е ВАР систем. Да доживееме две слични ситуации на два меча.…

Read More

Поранешниот аргентински фудбалски репрезентативец, Хернан Креспо, остро го критикуваше селекторот,  Хорхе Сампаоли. Како што е познато, двократните светски шампиони одиграа 1: 1 со Исланд и загубија од Хрватска со 3-0. Во последната средба, Лионел Меси и една компанија ќе мора да ја поразат Нигерија и да се надеваат дека Хрватите нема да загубат од исландците. „Аргентина одигра без идеја, немаме идентитет. Милсам дека Сампаоли не успеа да донесе позитивна атмосфера. Тој е тренер за долги проекти а не засветско првенство”, изјави Креспо.

Read More

Францускиот шампион, Париз Сен Жермен, е подготвен да се раздели со играчот од средниот ред Марко Верати, тврди – Мундо Депортиво. Французите во летото во 2012 година го купија поранешниот фудбалер на Пескара за сума од 12 милиони евра. Сега новиот тренер на ПСЖ, Томас Тухел, му посочил на раководството дека Верети може да се продаде со добра понуда. Пред една година Барселона беше во напредни преговори со агентот на играчот Мино Раило, но, трансферот не се случи. Постои сценарио Верати да се врати во Италија бидејќи за неговите услуги се заинтересирани Наполи и Јувентус.

Read More

Слабата форма на Лео Меси и на неговата Аргентина на СП во Русија, во континуитет ги провоцира големите фудбалски имиња од минатото да направат според меѓу играчот на Барселона и Португалецот Кристијано Роналдо. Французинот, Емануел Пети, останува на ставот дека Меси ги нема квалитетите на Роналдо. „Меси не е како Роналдо.Тој во Барселона е одличен играч, но, видовме дека и во Лигата на шампиони знае да се изгуби на теренот“, вели Пети. „Се гледа дека во репрезентацијата немаат самодоверба. Дури би било и штета да се пласираат понатаму бидејќи беа ужасни против Исланд“ – објаснува Французинот.

Read More

Селекторот на Хрватска, Златко Далиќ, објави дека поголем дел од играчите што имаат картони или ситни повреди ќе бидат изоставени за последниот меч  во Групата Д на Мундијалот 2018. Балканците се сигурни патници во наредната фаза и мечот за нив нема посебно значење.  Аргентина, Нигерија и Исланд ќе се борат за второто место. Изјавата на Далиќ ги изнервира луѓето од Нигерија кои побараа Хрватите да одиграат професионално и без калкулации на мечот со Исланд бидејќи од тој резултат може да зависи и нивното натамошно учество на Мундијалот. Во изјавите посебно беше агресивен капитенот, Џон Оби Микел. „Мислам дека тоа е…

Read More

Репрезентативецот на Франција, Набил Фекир, е трансферна цел на повеќето европски фудбалски гиганти. Претседателот на неговиот сегашен клуб Лион, Жан Мишел Ауљас, потврди дека пропаднал договорот со Ливерпул и дека преговорите ќе се насочат кон Реал Мадрид. „Јас дадов зелено светло за трансферот во Англија, но, работите се променија. Фактот дека пропадна договорот со Ливерпул, не тера да побараме други опции. Мислам дека новиот тренер на Реал Мадрид има намера да го купи Фекир. Има уште време до крајот на летово, ќе видиме што ќе се случи’ изјавил Жан Мишел.

Read More

Тренерот на фудбалерите на Баерн Минхен, Нико Ковач, посакува во неговите редови да го ангажира играчот на Реал Мадрид, Лука Модриќ. Според најавите во германските медиуми, искусниот стратег сака да го убеди 33-годишниот Хрват да направи нов трансфер иако има активен договор со „кралевите“. Капитенот на хрватската репрезентација одигра фантастично на првите два меча на Светското првенство.Се претпоставува дека неговата трансферна цена е околу 60 милиони евра.

Read More
NBA

Легендата на НБА, Леброн Џејмс, нема желба да оди на прием кај претседателот на САД, Доналд Трамп, дури и ако го освои шампионскиот прстен. Тој воедно ја коментираше и одлуката на претседателот да го откаже приемот на шампионот во НФЛ лигата, Филаделјфија, бидејќи играчите отворено се спротивставија на неговите политики. „Тоа е типично за него, не сум изненаден. Сигурен сум дека ниту еден кошаркар не сака да оди во Белата куќа“ – изјави играчот на Кливленд кој е еден од најуспешните во поглед на освоените признанија а има и големо влијание во спортот и воопшто во  јавноста во САД.

Read More