Author: dino

Фудбалерот на Вест Хем, Марко Арнаутович, може да добие понуда од Манчестер Јунајтед тврди  – „Манчестер Ивнинг Њуз“. Наводно, португалскиот тренер, Жозе Мурињо, сака да го привлече австрискиот интернационалец на – „Олд Трафорд“. Двајцата се познаваат одлично од периодот кој го поминаа во Интер кога австрискиот голгетер допрва требаше да се изгради како играч. Се тврди дека „чеканите“ сакаат 50 милиони фунти за Арнаутович кој во последнта сезона во Премиер лигата имаше 11 гола и 6 асистенции.

Read More

Тибо Куртоа може да го напушти фудбалскиот состав на Челзи и да се пресели на „Енфилд“,  тврди  експертoт за трансфери, Џанлука Ди Маркио, во објавата на неговиот блог. „Сините“ не обезбедија место во Лигата на Шампионите за наредната сезона што значи дека Белгиецот може да биде продаден доколку пристигне добра понуда. Во истовреме, тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, сака да пронајде  голман од светска класа бидејќи Симон Миноле и Лорис Кариус не ги оправдаа неговите очекувања. Во меѓувреме се појави вест дека и европскиот клупски првак, Реал Мадрид, е заинтересиран за голманот на Челзи.

Read More

Атлетико Мадрид преговара за дефанзивецот на Селта, Џонатан Кастро, кој има откупна клаузула од 18 милиони евра. Се претпоставува дека двете страни ќе постигнат договор и дека младиот фудбалер ќе и се придружи на четата на Диего Симеоне која е актуелен освојувач на Лигата на Европа. Кастро може да игра во центарот на одбраната и на позицијата лев бек што му се допаѓа на тренерот на Атлетико. Во истовреме се појавија шпекулации дека и клубови од Англија се заинтересирани за фудбалерот на шпанскиот состав, но, дека  Атлетико е во најповолна позиција да го обезбеди неговиот потпис.

Read More

Големата ѕвезда на Реал Мадрид во финалето на Лигата на фудбалските шампиони, Герет Бејл, кој постигна два гола за победа од 3:1 против Ливерпул, откако го подигна трофејот во Киев влегол во соблекувалната на противникот. Според „Дејли Меил“, по славењето на теренот, Бејл отишол кај „црвените“ наместо да се повлече во соблекувалната на Реал и заедно со соиграчите да ја прослави титулата. Велшанецот наводно сакал да се види со неговиот пријател, Адам Лалана, со кого играше заедно во Саутемптон пред неколку години. По финалето, Бејл рече дека може да замине ако неговиот статус во клубот не се промени.

Read More

Раководството на фудбалскиот состав Калјари официјално објави дека тренерот Диего Лопез ќе ја напушти функцијата на 30 јуни кога ќе му истече договорот. Поранешниот дефанзивец на тимот успеа да обезбеди опстанок во Серија „А“, но, шефовите сакаат да направат промена. „Лопез покажа дека екипата има сила да го задржи местото во елитата. Клубот сепак ќе му се заблагодари на Диего за соработката” , се вели во официјалното соопштение на Каљари. Поранешниот репрезентативец на Уругвај ја помина речиси целата кариера во тимот од Сардинија а во два наврата ја имаше и тренерската улога.

Read More

Шпекулациите околу евентуалното заминување на Кристијано Роналдо од Реал Мадрид ги подгрева и веста дека даночните органи во Шпанија му поставиле ултиматум да плати казна од 28 милиони евра поради затајување на данок. Португалскиот фудбалер во меѓувреме се обиде да издејствува намалување на казната на околу 14 милиони, но, судот останува на одлуката дека сумата треба да биде двојно поголема. Доколку играчот на „кралевите“ не ја подмири казната до 15 јуни, може да се соочи со судска постапка па дури и да заврши зад решетки.

Read More

Даниел Рикардо не верува дека има шанси да се бори за титулата во Формула 1 иако има еднаков број на победи со главните фаворити, Луис Хамилтон и Себастијан Фетел.Пилотот на Ред Бул во изминатиот викенд во Монако го забележа вториот сезонски триумф и се проби на третото место во генералниот пласман веднаш зад Хамилтон и Фетел. „Луис има прилично добра предност. Јас нема да го променам начинот на возење. Во Монтреал ќе биде интересно. Ќе се обидам да се искачам на подиумот“ вели Рикардо. „По летната пауза ќе не очекува борба на три тима, Ферари е секако во предност, но,…

Read More

Нашите најдобри кошаркари на 28 јуни на теренот на Швајцарија, ќе го одиграат последниот меч од првата фаза претквалификации за место на Евро-баскетот во 2021-та година. Селекторот, Јорданчо Давитков, заедно со стручниот штаб во состав Александар Јончевски и Љупчо Малинков, денеска го објави поширокиот список на кошаркари кои треба да се јават на стратот на подготовките на 11. јуни во малата сала при спортскиот центар „Јане Сандански“. На списокот на фигурираат: Војдан и Дамјан Стојановски, Александар Костоски, Дарко Соколов, Димитар Караџовски, Бобан Стајиќ, Андреј Магдевски, Адем Мекиќ,Стојан Ѓуроски, Бојан Трајковски, Бојан Крстевски, Кирил Николовски, Андреј Маслинко и Александар Штерјов. Македонија…

Read More

Англиските фудбалски репрезентативци пред стартот на Светското првенство во Русија, континуирано тренираат изведување на пенали. Тие сакаат да ја избегнат евентуалната традиционална елиминација токму преку пеналите од големите собири. Англија на светските и европските првенства дури шест пати во вкупно седум средби беше елиминирана по изведувањето на ударите од белата точка. Единствениот успех е против Шпанија во четврт-финалето на Евро 1996 година. „Сега во тимот имаме повеќе добри изведувачи на пенали. Во последниве денови напорно го тренираме тој елемент од играта” – изјави пред британските медиуми голманот, Џордан Пикфорд. Членот на Евертон е еден од тројцата повикани голмани во селекцијата…

Read More

Селекторот на нашите најдобри ракометари, Раул Гонзалез, го скрати првичниот список на репрезентативците кои добија покана за настап на двомечот со Романија за место на Светското првенство во 2019 година. Од списокот отпаднаа: голманот Јане Цветковски, бековите Мартин Серафимов, Стефан Дрогришки, Мартин Манасков, Ласко Андоновски, Томислав Јагуриновски, пивотот Костадин Петров и Димитар Димитриоски. Стартот на подготовките е предвиден в понеделник на 4 јуни. Македонија ќе се сретне со Романија на 10. јуни во Скопје и веднаш потоа на 13-ти кога ќе гостува во Клуж. Ракометниот Мундијал ќе се реализира догодина во јануари во Данска и Германија.

Read More