Author: dino

Италијанскиот шампион Јувентус е многу близу до потписот на играчот од средниот ред, Ориол Бускетс, објави денеска – „Мундо Депортиво“. 19-годишниот играч на младинскиот тим на Барселона има договор со „бјанконерите“ кои имаат намера да го ангажираат во текот на летото како слободен играч. Ориол кој се наметнува како голема преспектива на шпанскиот фудбал, имаше посеризона повреда која го спречи да се избори за место во првиот тим на Барселона. Според наведеното, за младиот фудбалер се заинтересирани уште неколку европски гиганти.

Read More

Фудбалерот на Тотенхем, Кристијан Ериксен, може да добие понуда од Барселона доколку Каталонците не успеат во намерата да го купат напаѓачот на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман, шпекулираат медиумите во Шпанија. Според весникот Спорт,  шампионот на Примера има резервен план доколку не ја исполни првичната цел и не го обезбеди потписот на францускиот репрезентативец. Ериксен има договор со Тотенхем до 2020 година и се претпоставува дека неговата трансферна цена е околу 100 милиони евра.

Read More

Некогашната тенисерка од Белгија, Ким Клајстерс, која сега работи како стручен аналитичар за – „Евроспорт“ додека се реализира отвореното првенство на Франција на терените на Ролан Гарос, вели дека Бугаринот, Григор Димитров, може да го запре Шпанецот, Рафа Надал, на патот кон победничкиот пехар. „Очигледно во машкиот дел главен фаворит е Рафаел Надал. Меѓутоа, постојат и помлади играчи како Зверев, Тим или Димитров, кои би можеле да му го одземат трофејот “, изјави Белгијката. Некогашната најдобра тенисерка на ВТА листата има освоено вкупно 4 пехари од големите Грен Слем турнири. Според неа, многу понеизвеснo и изедначено ќе помине женскиот дел…

Read More

Фудбалерите на Борец ќе играат против Победа на 2 јуни на стадионот „Младост“ во Струмица во последниот филтер за пополнување на прволигашката конкуренција за наредната сезона. Велешани денеска во првата фаза од баражот одиграа без голови со Гостивар  на  тренинг комплексот – „Петар Милошевски“, но, се покажаа како поуспешни во пенал-рулетот и го продолжија патот кон елитата. Фудбалерите на Гостивар го промашија првиот пенал и тука практично ја загубија шансата. До крајот на пенал-серијата двата тима успешно реализираа а Борец излезе како победник.

Read More
NBA

Шампионот на Евролигата со Фенербахче и актуелен член на Јута Џез – Екпе Јодо, започна проект кој не е поврзан со кошарката. Професионалниот играч и неговите бизнис партнери ќе инвестираат во земјоделството се со цел, училиштата во неговата држава – Оклахома, да бидат редовно снабдени со свеж зеленчук. „Сакам да им помогнам на јавните училишта и помалите заедници. Милсам дека сè е лесно и достапно. Во кошарката нема да останам засекогаш“ рече Удо. 31-годишниот спортист се врати во НБА во сезоната 2017/2018  откако помина две години како кошаркар на турскиот Фенербахче.

Read More

Адвокат од Египет поднесе тужба против Серхио Рамос од 1 милијарда евра бидејќи го повреди Мохамед Салах во финалето во Лигата на шампионите.Тој го обвинил Шпанецот дека намерно го повредил противникот и со тоа и нанел физичка и психолошка повреда на целата египетска нација. „Поднесов тужба до ФИФА. Ќе барам компензација, која може да биде и повисока од 1 милијарда евра за физичката и психичката траума што Рамос му ја нанесе на Салах и на цел Египет“, вели адвокатот. Ќе потсетиме дека и навивачите покренаа он-лајн петиција барајќи Рамос да биде суспендиран. Според информациите досега на истата се потпишале повеќе од 300.000…

Read More

Крис Фрум откако ја освои титулата на велосипедската трка – „Џиро Д`Италија“, изјави, дека не постои причина за било каков сомнеж поврзан со наводна допинг-афера. „Останав фокусиран на тоа што требаше да го направам. Нареден предизвик е Тур Д’Франс. Навистина верувам дека можам да победам и во Франција“ – изјави Британецот. Светската антидопинг агенција неколку месеци нема изградено став дали британскиот велосипедист ги прекршил правилата кога по една етапа од минатогодишната Вуелта му беше откриено повисоко ниво од дозволеното на салбутамол.

Read More

Шпанскиот дефанзивец, Дани Карвахал, ќе биде подготвен за настап на Светското првенство во Русија кое ќе започне на 14 јуни, објавија дел од медиумите во неговата татковина. Тој се повреди во саботното финале во Лигата на шампионите против Ливерпул и мораше да ја напушти играта уште во првиот дел. Денеска пристигнаа одлични вести за дефанзивецот. Лекарите по деталните прегледи објавија дека Карвахал ќе биде подготвен за настап во Русија. Да потсетиме, Шпанците се во групата со Португалија, Мароко и Иран а првиот меч ќе го одиграат против Португалија на 15-ти јуни во Сочи.

Read More

Португалецот, Кристијано Роналдо, вчера по петти пат во кариерата го подигна победничкиот пехар во Лигата на фудбалските шампиони. Неговиот Реал Мадрид успеа да го совлада англискиот Ливерпул со 3:1, со што влезе во историјата како првиот тим што дури три пати во серија го освоил врвот на Европа. Веднаш по финалето одиграно на стадионот во Киев, големата ѕвезда на шпанскиот гигант имаше неочекувана изјава поврзана со неговиот престој на „Сантијаго Бернабе“. „Беше прекрасно да се игра во Реал Мадрид. За неколку дена ќе дадам еден одговор кој ги интересира сите навивачи кои секогаш ме поддржувале. Сега е време да се…

Read More

Кошаркарите на Голден Стеј Вориорс го совладаа Хјустон Рокетс во текот на ноќта со 115:86 и се изборија за мајсторка во финалето на Западната дивизија. Домаќинот не само што се врати по негатива од 17 поени, туку и убедливо ги совлада „ракетите“. Клеј Томпсон даде 35 поени, додека Стеф Кари застана на 29. Кај Хјустон во поглед на реализација се издвои Џејмс Харден кој постигна 32 коша. Последниот меч меѓу Хјустон и Голден Стејт кој треба да го даде патникот во големото финале на НБА ќе биде одигран во вторник рано наутро по наше време.

Read More