Author: riste

На самиот старт на осминафиналната фаза од СП во Русија супер-дерби меѓу Франција и Аргентина. Франција предводена од можеби првата меѓу многуте ѕвезди Антоан Гризман ќе се обиде да ја изненади Аргентина, која водена од Лионел Меси едвај ја ппомина групата. Аргентина сигурно дека не посакуваше во 1/8 финалето да има противник како Франција, но втората позиција на табелата во својата група ги однесе директно на мегдан против една од најквалитетните селекции во досегашниот дел од СП. Очигледно дека двете фудбалски велесили не ја имаат покажано својата најдобра слика на Мундијалот, па зато аможе да очекуваме дека на оваа средба…

Read More

Македонската кошаркарска репрезентација успеа да се пласира во втората фаза од претквалификациите за ЕП 2021 и покрај поразот на гостување кај Швајцарија. Македонија загуби со 79:85, но за наша среќа овој пораз беше со помала разлика од онаа средба која ја добивме против овој ривал во Скопје (83:68). Можеби нашите кошаркари ја остварија планираната цел, но она што го прикажаа вечерва во Швајцарија е предупредување дека со ваква игра не може против многу посилните репрезентации. Избраниците на селекторот Јорданчо Давитков лошо го почнаа натпреварот, но успеаа да фатат приклучок во продолжение на оваа средба и беа во игра се до…

Read More

Африканскиот фудбал доби сериозен удар на ова СП откако остана без преставник во елиминациската фаза во Русија. Сенегал беше со големи шанси да ја помине групната фаза, но пропушти да го направи, така како што се случи и со Нигерија пред два дена. Значи ниту еден тим од „Црниот континент“ (Сенегал, Нигерија, Тунис, Мароко, Египет) не продолжи понатаму по одигрувањето на средбите во групите што не се е случило изминатите 36 години. За последен пат на светскиот шампионат во Шпанија 1982 година, во втората фаза немаше африкански тим. Потоа, сликата се менува се до денешното фијаско на Светското првенство 2018…

Read More

Дефанзивецот на Наполи, Раул Албиол, одлучи повторно да потпише договор со оваа екипа и воедно да го одбие предлогот од Виљареал. Одлуката дојде по повикот на тренерот Карло Анчелоти, кој го убедил Албиол да ја продолжи својата кариера на „Сан Паоло“, велат италијанските медиуми. Така, поранешниот дефанзивец на Реал Мадрид ќе потпише нов договор до 2021 година, а неговата клаузула за откуп од 6 милиони евра ќе биде отстранета. Во меѓувреме, раководството на клубот на Наполи продолжи да бара нови играчи и квалитетен голман. Според најновите информации, Наполи постигнал договор со Удинезе за привлекувањето на Алекс Мерет и Орестиус Карнесис.

Read More

Голгетерот  број 1 во историјата на англиската репрезентација и Манчестер Јунајтед, Вејн Руни веќе официјално е фудбалер на американскиот клуб Ди Си Јунајтед. Тимот од МЛС Лигата објави на клупскиот сајт дека постигнал договор со Евертон за трансферот на 32-годишниот напаѓач. Договорот на Руни со неговиот нов клуб е три и пол години. „Фантастично е што се приклучувам на Ди Си Јунајтед во толку возбудлив момент од историјата на клубот, кога новиот стадион ќе биде отворен по неколку недели”, изјави Руни, цитиран од официјалниот сајт на клубот од Вашингтон. „Доаѓајќи во Америка и МЛС Лигата, направив уште еден амбиционен потег…

Read More

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски организираше прием за нашиот пливач Андреј Стојановски, кој ќе земе учество на претстојното, 12-то по ред Европско првенство во пливање за глувонеми, а кое во период од 02-07.07. 2018 ќе се одржи во Лублин, Полска. Стојановски ќе настапи на 200,400 и 1500м слободен стил, 200 и 400м мешано, како и на 200м градно. На средбата присуствуваа и претседателот на НСФГМ Тихо Русовски, координаторот за спорт во федерацијата Никола Стојаноски, како и сопатникот на Андреј за Полска, тренерот Методија Ангелески.

Read More

Сигурно сте се запрашале кој е клубот кој најмногу заработува од спонзорски договорит. Барселона е клубот кој ужива најголеми приходи од спонзорски договори во европскиот фудбал, покажува анализа на авторитетното финансиско издание „Форбс“. Каталонците заработуваат 247 милиони долари по сезона само од спонзори, што е многу повеќе од оние кои се наоѓаат на второто и третото место на ова рангирање Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид. „Црвените ѓаволи” и „Кралскиот клуб се единствените други клубови кои ја поминуваат бариерата од 200 милиони долари. За разлика од нив, сепак, Барса бележи скок со 15 милиони долари во однос на приходите, додека Јунајтед…

Read More

Шпанскиот фудбалски шампионат ги продаде своите телевизиски права во следните пет години за 4,48 милијарди евра. На аукцијата победи Медијапро, која ги држеше до сега, а сега го продолжува својот договор до крајот на сезоната 2023/24. Раководството на „Ла Лига“ изрази задоволство што приходите од телевизиските права се 30% поголеми од сегашниот договор, кој истекува за една година. „Задоволен сум бидејќи се задржува трендот на зголемување на приходите. Ова покажува дека „Ла Лига“ добива се поголема популарност и продолжува да биде квалитетен производ. Шпанската лига останува најдобра во светот”, рече претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас. Правата на внатрешниот пазар…

Read More

Претседателот на Реал Мадрид Флорентино Перез може да го продаде Марко Арсенсио, а потоа со тие пари да го финансира евентуалниот трансфер на Нејмар во Реал Мадрид . Според шпанските медиуми претседателот на Реал Мадрид не се откажал од можноста да го привлече Бразилецот на „Сантијаго Бернабеу” уште ова лето, иако од Пари Сен Жермен се категорични дека Нејмар ќе остане во клубот. Во последните денови медиумите во Мадрид тврдат дека Ливерпул има сериозен интерес кон Асенсио, а според истите извори Ливерпул е подготвен да платат нетипични за нив 200 милиони евра за Шпанецот. Оваа сума ќе биде доста помала…

Read More

Португалскиот десен бек Жоао Кансело веќе ги поминува медицинските прегледи во Јувентус пред трансферот во „Старата Дама”. Неофицијално италијанскиот шампион ќе плати 40 милиони евра на Валенсија за 24-годишниот фудбалер. Овој фудбалер минатата сезона беше со позајмица во Интер, каде што беше ангажиран од Валенсија. Се очекува Кансело да потпише договор за 5 сезони со Јувентус, а годишната плата, според медиумите во Италија ќе биде 3 милиони евра. Доцна синоќа Кансело пристигна во Торино и беше пречекан од многубројкните фанови на “бјанконерите”, а утрово повторно се радуваше на вниманието кое го доби од страна на навивачите.

Read More