Author: riste

Што може да направи навивач на Англија покажува примерот на Џејми Ричардсон кој покажал колку го сака својот омилен тим или поточно колку ја сака репрезентацијата на Англија. На пример, тој е толку сигурен дека Англија ќе ја освои светската титула, па затоа си направил тетоважа со трофејот и со натписот дека Англија е Светски прваи и тоа 21 ден пред финалето. Тој отишол во студиото за тетоважа во понеделникот по победата на Англија над Панама со 6:1 и побарал тетоважа со трофејот и натпис: „Англија 2018, Победник на Светското првенство”. „Јас ќе бидам првиот човек со таква тетоважа”, изјавил…

Read More

Селекторот на светскиот шампион Германија Јоаким Лев потврди дека неговиот фудбалер Себастијан Руди нема да може да игра во решавачкиот натпревар против Јужна Кореја кој се игра денес од 16:00 часот во Казан. Натпреварот е од третото последно коло во групата „Ф“ на светското првенство во фудбал во Русија, а пред него Бундестимот има освоено 3 поени, колку и Шведска. Лидер во групата е Мексико со 6 поени, а Корејците се на дното без освоени бодови. „Руди не може да игра, дури и со маска. Тоа нема никаква смисла, тој едвај дише во последните два или три дена. Секој друг…

Read More

Капитенот на Србија, Александар Коларов вели дека светското првенство значи многу за него и неговите соиграчи, и дека натпреварот со Бразил е шанса која се добива само еднаш во животот. Средбата од групата „Е” е денес од 20:00 часот. Србите имаат три бода, еден помалку од Бразил и Швајцарија. „Одам кон крајот на мојата кариера и овој натпревар ќе биде најважниот во неа. Секој фудбалер знае што значи тој. Тоа е највисоко ниво и шанса да те види целиот свет. Слични работи се случуваат еднаш во животот”, коментираше 32 годишниот Коларов. „Секој сака да игра против најдобрите во светот, бидејќи…

Read More

Селекторот на Хрватска Златко Далиќ демонстрираше висока самодоверба, откако неговиот тим забележа третата последователна победа и заврши како победник во група „Д“ на Мундијалот. Иако со 9 резерви, хрватите го совладаа Исланд со 2:1, што во голема мера го израдува селекторот. „Еве, видовте со каков тим располагаме. Со 9 не носители и покрај се победивме многу добар тим каков што е Исланд. 3 победи и 7:1 гол разлика, што повеќе можеме да бараме во оваа фаза? Да, сепак ова не беше најдоброто на што сме способни, но во тешка група како нашата, ние сме први пред Аргентина.  Дали мислите дека…

Read More

Манчестер Јунајтед ја следи ситуацијата околу искусниот дефанзивец на Милан, Леонардо Бонучи, пренесуваат медиумите на Островот. Менаџерот на „црвените ѓаволи”, Жозе Мурињо сака да го привлече во својот состав овој централен дефанзивец и сега веќе најави дека ќе даде понуда до Милан за поранешниот играч на Јувентус кој минатата година изненадувачки се пресели на „Сан Сиро“. Клубот од Милано сепак може да биде принуден да продаде многу од играчите, за да успее да влезе во нормата за финансиски ферплеј на УЕФА, откако тимот фрли доста пари за играчи пред почетокот на минатата сезона. Бонучи е меѓу најскапите играчи на тимот…

Read More

Египетската ѕвезда Мохамед Салах не планира да ја заврши кариерата во репрезентацијата. Ова го изјави на прес-конференција селекторот на тимот Ектор Купер по поразот со 1:2 од Саудиска Арабија во последниот натпревар на тимот од групата „А”. Египетските играчи не успеаја да освојат поени во трите натпревари и го завршија натпреварувањето во групната фаза. Медиумите објавија дека Салах може да го напушти националниот тим по Светското првенство. „Го познавам Салах. Не мислам дека ќе си замине од тимот. Можеби ова се само гласини. Не мислам дека тој рекол такво нешто”, изјави Купер. „Салах играше прекрасно на денешниот натпревар. Понекогаш не…

Read More

Фудбалерите на Швајцарија Гранит Џака, Џердан Шаќири и Стефан Лихтштајнер нема да бидат отстранети од натпреварите на Светското првенство во фудбал, но ќе бидат казнети, објавија од ФИФА. Против Џака и Шаќири, дисциплинската комисија на ФИФА отвори дело поради начинот на славење на погодоци на натпреварот со Србија (2:1). Тогаш двајцата се радуваа на головите, имитирајќи двоглав орел според грбот на Албанија. Тие се казнети со по 10.000 швајцарски франци. Лихтштајнер пак е санкциониран, бидејќи во интервју по дуелот ги поддржал своите соиграчи. Тој е казнет со парична казна од 5.000 швајцарски франци.

Read More

Со своето учество на денешниот натпревар помеѓу Египет и Саудиска Арабија, голманот на „фараоните“, Есам Ел Хадари, стана најстариот играч кој учествувал на завршницата од Светските првенства. Искусниот голман дојде до овој рекорд благодарение на тоа што ја доби довербата од неговиот селектор Ектор Купер. Ел Хадари стана број еден според овој показател со неговите 45 години и 150 дена, заменувајќи го ветеранот Фарид Мондрагон. Колумбиската легенда имаше настап  за својот национален тим на Светското првенство 2014 во Бразил. Тогаш , Мондрагон имал 43 години и 3 дена. А токму овој натпревар против Саудиска Арабија, Ел Хадари ќе го памети…

Read More

Голманот на Австралија Метју Рајан им плати трошоците на 27 членови од своето семејство, за да го поддржат за време на натпреварот против Перу од СП во Русија. Голманот кој игра за англискиот тим Брајтон, им обезбедил престој на своите блиски како знак на благодарност за нивната поддршка во текот на годините наназад. Најстариот член на неговото семејство е неговиот дедо, кој е во почетокот на 70-тите години, а најмладиот – неговиот братучед на 3 години. „Ние сме заедно во текот на целиот живот. Тие биле сведоци на секоја жртва и на сè, кое требаше да го поминам. За среќа,…

Read More

Фудбалерот на Германија Матс Хамелс ќе биде на теренот за последниот натпревар од Германија во групната фаза на Светското првенство, што е во среда против Република Кореја. Дефанзивецот на Баерн Минхен го пропушти натпреварот со Шведска поради болки во грбот, но тој веќе е добро. Неговата вклученост е од голема важност бидејќи неговиот партнер во центарот на одбраната Жером Боатенг е казнет и нема да игра на оваа средба. „Матс е сосема здрав и ќе игра”, потврдија од стручниот штаб на Германија. Во исто време, Себастијан Руди, чиј нос беше скршен и мораше да се оперира, ќе носи посебна маска.…

Read More