Author: riste

Актуелниот европски шампион Вардар в недела го очекува последниот натпревар оваа сезона пред своите гледачи во Лигата на шампионите. По победата над Кил во Германија со 29:28, ракометарите на Вардар треба да го одиграат реваншот во Скопје и да го потврдат своето учество на Ф4 турнирот во Келн по втор пат. Тренерот на Вардар Раул Гонзалез очекува тежок натпревар и во Скопје. „Го играме последниот натпревар оваа сезона во Скопје, реванш против Кил. Јас мислам дека ова е второ полувреме, победивме таму со еден разлика. Тоа е добар резултат, сега треба да играме во нашата сала и пред нашите навивачки.…

Read More

Раководството на Бешикташ официјално објави дека играчите на тимот нема да се појават за да го одиграат полуфиналниот реванш натпревар против Фенербахче од Купот на Турција. Средбата беше прекината во 57-та минута при резултат 0:0, кога тренерот на Бешикташ беше погоден во главата од предмет фрлен од навивачите на Фенербахче. Турската федерација го разгледа случајот и одлучи дека двата тима треба да го доиграат натпреварот пред празни трибини на 3 мај. „Веќе 115 години сме на фудбалските терени – сме победувале, сме играле нерешено или сме губеле. Но за да не влегуваме во улогата на губитници, донесовме решение да не…

Read More

Претседателот на САД Доналд Трамп ја поддржа заедничката кандидатура на САД, Мексико и Канада за домаќин на Светското првенство во фудбал во 2026 година, па дури се закани на земјите кои се против. Мароко е единствената земја со кандидатура за организирање на Мундијалот по осум години, а одлуката ќе биде донесена на Конгресот на ФИФА во Москва на 13 јуни. „САД има сериозно барање со Канада и Мексико за Светското првенство во 2026 година. Ќе биде срамно, ако земјите кои секогаш сме ги поддржувале, да застанат против кандидатурата на САД. Ако тоа се случи, зошто ние да ги поддржуваме, откако…

Read More

Еден од фаворитите за нов менаџер на Арсенал Луис Енрике ќе побара од раководството на клубот 200 милиони фунти за купување на играчи во летниот преоден рок, ако дојде до тоа тој да го замени Арсен Венгер на чело на тимот, пишува „Сан”. Имено, стручњакот изгледа како најголем фаворит за оваа функција, но проблемот е тоа што шефовите на „топџиите” сакаат да го натераат на многу поскромна селекција во летниот преоден рок и да не потрошат повеќе од 50 милиони фунти, а останатите средства да дојдат од продажба на играчи. Ако екс-тренерот на Барса го преземе тимот, тогаш тој е…

Read More

Големото дерби на Италија помеѓу Интер и Јувентус ќе постави финансиски рекорд во Серија А. За пресметката меѓу овие два тима во сабота на „Џузепе Меаца“, 78 328 билети се веќе продадени, се пофалиле од Интер. Така касата на клубот ќе се наполни со над 5 милиони евра само од влезници, што е нов рекорд од продажба на влезници во Серија А. Се очекува на ова дерби на Италија да присуствуваат околу 10.000 навивачи на Јувентус и токму поради тоа безбедносните мерки ќе бидат строги и затегнати. Овој натпревар е исклучително важен за двата тима. Интер се бори за место…

Read More

УЕФА може да го казни тренерот на Атлетико (Мадрид) Диего Симеон со 3 натпревари поради неговото исклучување за време на синоќешниот прв 1/2-финален дуел против Арсенал од Лига Европа, пишува весникот „Марка”. Аргентинскиот стручњак беше исклучен од судијата и испратен на трибините веднаш по покажаниот црвен картон на Шиме Врсаљко кој дозволи за 10 минути да заработи два жолти картони и да го напушти терернот. Симеоне жестоко реагираше на одлуката на судијата при доделувањето на црвениот картон на Врсаљко и беше исклучен. Ако судијата од синоќешниот натпревар Клеман Турпен изјави дека бил навредуван од Чоло, тогаш казната на тренерот на…

Read More

Вечерва не очекува мечот меѓу Баерн Минхен и Реал Мадрид во 1/2 финалето до Лигата на шампионите, а еве што велат бројките пред оваа прва средба меѓу две екипи кои имаат најмногу меѓусебни натпревари во Евро куповите. * Двата клуба се среќаваат по четврти пат во фазата на елиминација во последните седум години. Во претходните три случаи, Реал Мадрид двапати  беше конечен победник, а Баерн – еднаш. * Реал Мадрид ги доби последните пет натпревари против Баварците, постигнувајќи 13 гола, а прими само четири. * Кристијано Роналдо постигна седум гола на последните три средби со тимот од Минхен и вкупно…

Read More

Алекс Окслејд-Чембрлен може да се прости со надежите за учество на светското првенство, откако повредата на натпреварот со Рома синоќа се покаже сериозна. Играчот на Ливерпул го напушти теренот во 18-та минута од првиот дел, кога по судир со Александар Коларов остана на земјата поради проблем со коленото, а потоа беше изнесен на носилка. Претстојат нови тестови кои ќе покажат за што точно станува збор, но првичните впечатоци се дека неговата ситуација е доста тешка и повредата е сериозна. „Ние сеуште немаме јасна слика, но медицинскиот тим е прилично загрижен поради тоа што може да биде навистина сериозна повреда. До…

Read More

Манчестер Јунајтед размислува да го вклучи Лук Шоу во предлогот за левиот бек на Тотенхем Дени Роуз, за ​​да стане понудата попривлечна за Тотенхем. Според весникот „Сан“, лондонскиот менаџер Маурицио Почетино не е расположен да го ослободи овој фудбалер. Самиот Роуз, кој беше погоден од повреди во оваа сезона и дури беше надвор од комбинација во стартниот состав за сметка на Бен Дејвис, сака да го напушти Тотенхем. Според медиумите на Островот Шоу исто така нема иднина на „Олд Трафорд” поради влошените односи со менаџерот на „црвените ѓаволи”, Жозе Мурињо. Шоу и Почетино пак работеа заедно 18 месеци во Саутемптон,…

Read More

Италијанскиот прволигаш Удинезе објави дека тренерот на тимот, Масимо Одо, бил отпуштен. Италијанскиот стручњак има 13 последователни порази на чело на оваа екипа во серијата А, што го принудило клубот да го прекине договорот со својот тренер. Од Удинезе му се заблагодарија на Одо за времето поминато во клубот со официјална изјава објавена на официјалниот сајт на тимот. Поранешниот фудбалер на Милан го презеде Удинезе во ноември минатата година, заменувајќи го Луиџи Дел Нери на клупата на тимот од „Фриули“.

Read More