Author: saso

Интер е во очекување на лекарските информации за состојбата со хрватскиот репрезентативец Шиме Врсаљко. Тој се повреди за време на настапот за хрватската репрезентација во Лигат ана Нации и сега се уште е неизвесно колку време ќе мора да паузира. Во катастрофата на светскиот вицешампион, Врсаљко се повреди по само 20 минути игра, по што мораше принудно да ја напушти играта. Според последните информации има сомнеж дека станува збор за повреда на лигаментите во десното колено, но најпрво ќе се чекаат денешнте специјалистички прегледи за да се утврди комплексноста на повредата.

Read More

Федерико Бернардески не се сомнева дека неговиот Јувентус е фаворит да ја освои Лигата на Шампионите оваа сезона. Со доаѓањето на мегаѕвездата на Реал (М), Кристијано Роналдо, очекувањата на „Старата Дама“ се зголемија значително, па многумина сметаат дека Роналдо ќе ја има клучната улога во обидот на Јувентус да го освои европскиот трон. „Мислам дека оваа година сме навистина многу силни. Имаме исклучително стабилен и силен тим со многу квалитетни играчи на секоја позиција. Веројатно сме фаворит да ја освоиме Лигата на Шампионите и се надевам овој пат тоа ќе се случи. Нема да ни е лесно, но тоа ќе…

Read More

Осминафиналистот на последното СП во Русија, фудбалската репрезентација на Аргентина одигра само 0:0 на контролниот меч со Колумбија синоќа во САД. Големата ѕвезда на „гаучосите“, Лео Меси повторно не беше во составот на Аргентина, бидејќи си зеде одмор од репрезентативните настапи. Во негово отсуство нападот го поведоа Мауро Икарди, Максимилијан Меза и Гонзало Мартинез, додека Паоло Дибала беше на клупата.

Read More

Младата фудбалска репрезентација на Македонија за играчи до 21 година одигра само нерешено, 3:3 на дуелот со Ерменија во продолжението од квалификациите за ЕП. Иако на минута пред крајот водевме со 3:1, на крајот Ерменците успеаја да стигнат до реми постигнувајќи два гола за само 3 минути. Отворивме со одличен погодок на Јани Атанасов во 26. минута и на пауза заминавме со водство од 1:0. Следуваше пенал на стартот на вториот дел за гостите кои преку Аветисјан израмнија на 1:1, за ние повторно да поведеме, исто така од пенал, со голот на Здравковски во 73. минута. Кога се чинеше дека…

Read More

Фудбалската репрезентација на Чешка ќе има нов селектор. Досегашниот предводник на националниот тим, Карел Јаролим беше ослободен од функцијата по вчерашната катастрофа на тест-дуелот со Русија од 5:1. За Чесите тоа беше втор пораз во рок од само неколку дена откако претходно загубија од Украина дома во првото коло од Лигата на нации на УЕФА. Од Фудбалската федерација на Чешка соопштија дека го прекинуваат договорот на Јаролим, кој го презеде тимот во 2016-та година, но не успеа да го однесе на Светското првенство во Русија ова лето. 62-годишниот стретег оствари само 10 победи во 22 натпревари на чело на Чешка.…

Read More

Претседателот на Европската клупска асоцијација, Андреа Ањели потврди дека Европската фудбалска асоцијација, УЕФА, дозволила формирање и на трето европско натпреварување. Станува збор за нов формат кој официјално ќе дебитира во сезоната 2021/22. Форматот на новото УЕФА натпреварување во моментов е непознат, но се очекува во него да учествуваат 96 екипи и да биде сличен со поранешното издание на Купот на победниците на куповите, кој последен пат се одржа во сезоната 1998/99

Read More

Пилотот на Заубер, Чарлс Леклер, кој ќе вози за Ферари следната сезона, ќе биде најмлад пилот кој се појавил во болид на италијанскиот тим од 1961 година. Рекордот се уште го држи мексиканскиот пилот Рикардо Родригез, која првпат седна зад воланот на Ферари во 1961 година на возраст од 19 години и 208 дена. Покрај тоа, Леклер ќе биде и најмалку искусниот пилот на „Скудерија“ од деновите на Жил Вилнев, кој се пресели на Маранело по една Гран При трка во неговата кариера. За трансферот на Леклер во Ферари стана јасно денеска, откако и Кими Раиконен го објави заминувањето во…

Read More

Иако со денови се зборува дека постои пречка за постигнување на нов договор, по се изгледа Интер и Мауро Икарди се договориле за продолжување на соработката. Според весникот „Газета дело Спорт“ двете страни се договориле да потпишат нов договор со траење до 2023 година. Платата на капитенот на “нероазурите” ќе скокне на 6 милиони евра, а клаузулата за предвремен раскин на договорот од 110 милиони евра ќе биде укината. Засега се уште не се дефинирани бонусите на Икарди. Откако и тоа ќе се комплетира, двете страни ќе стават параф на новата соработка.

Read More

Денеска во Ѓорче Петров под покровителство на Општината, а во организација на фудбалскиот тим Волково, започна традиционалниот турнир во мал фудбал -“Ге -Ге Куп 2018” на кој учествуваат повеќе од 30 екипи. Турнирот за отворен го прогласи Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски. Медиумски покровител на турнирот е Спортско радио 90,3 ФМ. „Тоа што го ветив и го направив, по извесен период го вративме турнирот на локацијата на која започна во 2001 година. Морам да го искажам задоволство што годинава има навистина голем број на пријавени екипи, јас како градоначалник морам да нагласам дека Оштината секогаш ќе застане на…

Read More

Ричард Хендрикс сепак ќе игра за Македонија во престојните две квалифиакциски средби против Косово и Романија. Американецот со македонски пасош веќе е во Скопје, а за тоа стигна потврда и од МКФ. Тој ќе биде од голема помош во обидот да дојдеме до две победи во дуелите со Косово (13. септември) и Романија (16. септември). Хендрикс веднаш ќе му се приклучи на селекторот Давитков кој веќе извесен работи со нашиот национален тим во Скопје.

Read More