Author: saso

Поранешниот напаѓач на Арсенал и на француската репрезентација, Тјери Анри, одбил да го преземе францускиот прволигаш Бордо. Претходно, Анри беше назначен за главен кандидат за испразнетото тренерско место во редовите на Бордо. Францускиот тим остана без тренер по заминувањето на Густаво Појет. Можното назначување на Анри беше потврдено и од поранешниот тренер на Арсенал, Арсен Венгер. Сепак, според последните информации во француските медиуми, некогашниот голгетер и раководството на Бордо не можеле да се договорат за личните услови на договорот. Исто така, двете страни не се согласиле и за политиката на трансфери на клубот, затоа што раководството не сакало да му…

Read More

Македонскиот судија Александар Ставрев оваа недела повторно ќе има меѓународен ангажман. Еден од најдобрите македонски судии доби задача да ја дели правдата на мечот од плеј-офот во Лигат ана Европа кој ќе се одигра во Баку меѓу Карабах и Шериф Тираспол од Молдавија. Натпреварот меѓу Карабах и Шериф се игра во четврток и ќе биде клучен за пласманот во групната фаза од ЛЕ за овие два тима. Ставрев веќе подолг период е активен на европската сцена, па и во продолжение на европската сезона сигурно ќе биде делегиран за некои од натпреварите во групната фаза во ЛЕ.

Read More

ПСЖ е подготвен да ја подигне понудата за репрезентативецот на Данска Кристијан Ериксен и на 100 милиони фунти само да го добие како засилување ова лето. Играчот на Тотенхем е прва трансфер цел на парижани кои ќе се обидат да ги искористат последните денови од европскиот трансфер период за да го реализираат трансферот на офанзивниот играч за врска. Новиот тренер на ПСЖ, Тухел, изјавил дека со доаѓањето на Ериксен, тимот сериозно ќе го подигне квалитетот во сезоната во која и натаму главна амбиција е освојувањето на Лигата на шампионите.

Read More

Манчестер Јунајтед ќе се обиде да го купи во јануарскиот преоден рок играчот за врска на екипата на Рома, Лоренцо Пелегрини, тврди британскиот печат. Според последните информации Пелегрини е меѓу првите на списокот на посакувани од менаџерот на Манчестер Ј., Жозе Мурињо. Пелегрини има 22 години и се смета за еден од најталентираните млади играчи на Апенините. Тој, исто така, има 6 натпревари за националниот тим на Италија по неговото деби во 2017 година.

Read More

Еден од лидерите на екипата на Челзи и оваа сезона, Еден Азар, стигна до јубилејниот 70-ти гол во дресот на „сините“. Со овој погодок тој успеа да го помине на листата на најдобри стрелци во клупската историја на лондончани, Холанѓанецот Флојд Хаселбанк, кој досега беше третопласиран. Сега Азар останува да се обиде да ги стигне резултатите на оние кои се наоѓаат на самиот врв. Легендата на Челзи Френк Лампард изгледа недостижен со 147 гола, а исто така на второто место се уште далеку пред Азар е и Дидие Дрогба со 104 гола.

Read More

Со голот постигнат во 59. минута на синоќешното гостување кај Жирона, Велшанецот герет Бејл стигна до бројката од 150 постигнати голови во својата професионална кариета. 89 од овие погодоци се постигнати во дресот на Реал (М), 56 има за Тотенхем, а 5 за Саутемптон. Покрај тоа, Бејл има и 29 гола во дресот на фудбалската репрезентација на Велс. Вреди да се напомене дека Велшанецот постави личен рекорд, запишувајќи се во листата на стрелци на последните 6 одиграни натпревари во шпанската Примера.

Read More

Фудбалерите на Вардар во рамките на 3. коло на домашната фудбалска сцена стигнаа до тесна победа над Македонија ЃП. Предводникот на тимот, Александар Васовски, по средбата истакна дека не може да биде задоволен од играта, но добро е што и во такво издание Вардар ги освои бодовите. „Не сум задоволен како игравме. На стартот им дозволивме да направат неколку шанси за гол и можеа да поведат, но потоа некако ја стабилизиравме играта, дојдовме до тој пенал за гол и за победа. Направивме многу грешки, но на крајот добро е што победивме. Сега не чекаат подготовки за следниот дуел со Белесица“,…

Read More

Сопственикот на Челзи Роман Абрамович се подготвува за продажба на клубот, тврди “Сандеј Тајмс”. Русинот најмил банка со седиште во Њујорк, која го проценила клубот на 2 милијарди фунти. Од Челзи се обратиле за финансиски консултации со банката, откако таа му помогна на Манчестер Сити да продаде 13 проценти од “граѓаните” на кинеска компанија за 265 милиони фунти во 2015 година. Не е јасно дали Абрамович има желба да продаде дел од клубот, со што ќе донесе свежи пари и ќе дозволи нови инвестиции, или е подготвен да се раздели со “сините”, кои за 140 милиони ги купи во 2003…

Read More

Напаѓачот на Спортинг Лисабон, Сејду Думбиа, е пред трансфер во шпанска Жирона. Спортскиот директор на шпанскиот клуб, Кике Карсел, изјави дека тие немаат против да го донесат Думбиа, доколку и играчот е согласен на трансферот. Во сезоната 2017/18, Думбија одигра 17 натпревари и постигна само четири гола за Спортинг. Неговиот договор со португалскиот клуб е до летото 2020 година.

Read More

Играчот за врска на екипата на Рома, Кевин Стротман се слеи во Франција. Медиумите на апенините потврдија дека и играчот и Рома ја прифатиле понудата на Олимпик Марсеј. Францусиот тим понудил 25 милиони евра и уште 4 милиони евра во форма на бонуси за Холанѓанецот. Играчот, пак, ќе добие плата од 4,5 милиони евра, што е за 50% повеќе од онаа која ја добива на „Олимпико“.ж

Read More