Author: saso

Новото засилување на Манчестер Јунајтед, Фред, изјави дека во тимот нема несогласувања меѓу играчите и менаџерот Жозе Мурињо. По поразот од Брајтон во минатото коло, почнаа и шпекулациите за несогласувањата на релација Мурињо – фудбалери. „Медиумите сакаат да пишуваат многу работи. Во соблекувалната атмосферата е одлична. Од она што го видов по пристигнувањето, нема никакви проблеми. Напротив – секој сака да му помогне да другиот“, изјавил Фред. Манчестер Ј. утре има дерби со Тотенхем во рамките на 3. коло од Премиер лигата.

Read More

Холандскиот стратег Гус Хидинк, кој е поранешен селектор и на руската фудбалска репрезентација, може да ја преземе селекцијата на Колумбија. Како што објавија светските медиуми, Хидинк би требало да го наследи Хозе Пекреман, кому му завршува договорот. Договорот на сегашниот тренер на Колумбијците истекува на 31 август, а за можни негови наследници, освен Хидинк, конкурираат и селекторот на иранската репрезентација Карлос Кеирос и поранешниот тренер на Аргентина, Герардо Мартино.

Read More

Дефанзивецот Тотенхем Дени Роуз може да го напушти клубот следната недела. Како што објавија англиските весници, дефанзивецот е во сериозни преговори со ПСЖ и Шалке и до крајот на летниот трансфер период во овие две земји може да замине во нова средина. Според англискиот печат и Маурицио Почетино нема ништо против евентуалното заминување на Роуз. Тој го загуби местото во стартната постава, затоа што Почетино има уште тројца квалитетни дефанзивци кои можат да ја покријат неговата позиција.

Read More

По сите критики упатени на адреса на сопствениците на тимот, првиот стратег на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, ќе може да ги купи посакуваните играчи во зимскиот преоден рок. Мурињо и покрај тоа што ова лето успеа на „Олд Трафорд“ да донесе три нови имиња, остана крајно незадоволен од составот со кој располага во моментов. Португалецот ги донесе Фред од Шахтјор, Далота од Порто и голманот Грант, но постојано во медиумите вели дека тоа не е ростерот кој треба да го направи Јунајтед шампион. Со оглед на критиките, од раководството на тимот од „Театарот на соништата“ решиле во јануари да му…

Read More

Лидерот на светската АТП листа, Рафаел Надал, одбраната на титулата на Отвореното првенство на САД на почетокот на следната недела ќе ја започне со дуел против сонародникот Давид Ферер. 36-годишниот Ферер е двократен полуфиналист на „Флашинг Медоус“ во 2007 и 2012 година. Трикратниот победник во Њујорк, Надал, оваа сезона дојде до 17. трофеи од Грен Слем турнирите по триумфот на „Ролан Гарос“ и повторно ќе се обиде да се искачи на тронот и во САД. Во горниот дел од ждрепка како петти фаворит ќе биде Кевин Андерсон (Јужна Африка), кој потенцијално може да се соочи со Надал во четвртфиналето. Во…

Read More

Братучед на сопственикот на Манчестер Сити, шеикот Мансур, исто така, изрази желба да купи свој фудбалскиот клуб во англиската Премиер лига. Извесниот Калид бин Султан бин Зајед Ал Нахјан им понудил на сопствениците на Ливерпул сума од 2 милијарди фунти уште во јануари оваа година, за да ги откупи акциите во еден од најпопуларните англиски клубови. Шеикот Калид неколку месеци од крајот на 2017 до почетокот на 2018 година – преговарал со американските сопственици на Ливерпул. Според англиски извори, преговорите биле неуспешни и двете страни ги прекинале односите. Fenway Sports Group, која е сопственик на Ливерпул, веќе реагираше изјавувајќи дека…

Read More

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да ја мине и втората елиминациска рунда на US Open. Таа синоќа во 2. коло од квалификациите беше поразена од хрватската тенисерка Јана Фет со 2-1 во сетови (3-6, 6-2, 3-6). По слабиот прв сет, Ѓорческа одигра моќно во вториот и успеа да израмни, но во завршниот сет Хрватката повторно беше на висина на задачата и успеа да се избори за победа.

Read More

Сахара Форс Индија сега има ново име – Racing Point Force India. Тимот под ова име ќе се натпреварува уште на трката за ГН на Белгија на патеката СПА. Промената формално значи дека ова е нов тим, а сите 59 поени ќе бидат избришани.Racing Point започнува овој викенд како нов учесник од нула. Сепак, Серхио Перез и Естебан Окон, ги задржуваат своите поени во рангирањето кај пилотите. Промената на името дојде бидејќи новиот сопственик не успеа да го добие брендот, поради проблемите со законот кои го има со 13 индиски банки кредитори.

Read More

Македонскиот фудбалски шампион Шкендија загуби убедливо на првиот меч од плеј-офот во Лигата на Европа на гостувањето кај Розенборг со 3:1 и останува со мали шанси на реваншот во Скопје. Тренерот Ќатип Османи и покрај поразот верува дека македонскиот првак може да ја надополни негатива и да се пласира во групите. „Судејќи според играта, мислам дека Шкендија заслужи подобар резултат. Дадовме гол, тоа ни дава надеж дека на реваншот можеме да се квалификуваме во групите на Лигата на Европа. Не очекува историски натпревар во Скопје и ќе се обидеме да ја надополниме негативата“, изјавил по мечот стратегот на тетовци.

Read More

Иако се очекуваше дека ФФМ на 1 септември ќе добие нов претседател, Вонредната изборна седница на Генералното Собрание на Фудбалската федерација на Македонија за избор на претседател поради повлекување на поднесената и утврдена кандидатура за претседател на ФФМ се откажува. Во соопштението од ФФМ се вели дека Управниот одбор на ФФМ, администрацијата и другите тела и органи на ФФМ во наредниот период активно ќе работат со цел организација на Генералното Собрание на Фудбалската федерација на Македонија за избор на претседател почитувајќи ги одредбите од Статутот на ФФМ и водејќи сметка да се обезбеди максимална конкурентност и транспарентност во целиот процес.

Read More