Author: saso

Македонската кадетска ракометна репрезентација е поразена во полуфиналето на ЕХФ-шампионатот во Грузија. На денешната средба со Белорусија, ракометарите на Данило Брестовац беа поразени од Белорусија со 32-30, и со тоа не успеаја да обезбедат пласман во финалениот меч. Белорусите одиграа еден од своите најдобри натпревари, за разлика од нас кои дефинитивно го имавме најлошиот настап на првенството. Единствена светла точка во поразот денеска беше Серафимов, кој го заврши мечот со 15 постигнати гола.

Read More

Аргентинските пливачи Гилермо Бертола и Елизабет Сесилија Биаџоли се победници на Интернационалниот пливачки маратон на 10 километри кој денеска се одржа во водите на Охридското езеро. Бертола делницата од 10 километри ја помина за време од 2:02,46 часа, оставајќи го зад себе Венцислав Ајдарски, додека третопласиран заврши Алехандро Хоакин Морено. Нашиот единствени преставник Александар Илиевски финишираше петти. Кај дамите, првото место и припадна на Елизабет Биаџоли, која имаше време од 2:10,27 часа. Втора беше нејзината сонародничка Ромина Ивинкерлајд, а трета заврши Ерика Јенсен. Македонската пливачка Ева Петровска се пласираше на петтата позиција.

Read More

Македонските одбојкари вечерва во СРЦ „Кале“ (20.30 ч.) ги продолжуваат квалификациите за ЕП. По победата над Унгарија на гости со 3:2, вечерва нашите репрезентативци во Скопје ја дочекуваат селекцијата на Украина против која игравме лани во финалето на Европската лига во Гентофте, Данска и загубивме со 3:1. Украинците важат за фаворити за освојување на првото место во групата, пред Македонија, Унгарија и Швајцарија. Победата над Унгарија на крајот од квалификацискиот циклус може да се покаже како решавачка, ако не за првото, тогаш за освојување на второто место што исто така води во завршницата на ЕП. Во вториот меч во 2.…

Read More

Македонската кадетска ракометна репрезентација попладнево (17.15) во Грузија ќе го одигра полуфиналниот меч на ЕХФ-шампионатот против соодветната селекција на Белорусија. Избраниците на селекторот Брестовац, денеска против Белорусија ќе се борат за пласман во финалниот меч кој е на програмата утре. Белорусите до полуфиналето стигнаа со две победи и два порази како второпласирани од она автора група Само победникот од овој турнир, како и турнирот кој се одржува во Австрија, ќе обезбедат настап во поелитната европска конкуренција

Read More

Второто издание на ракометниот Супер куп на Македонија вечерва е на програмата во рамките на Струшкиот ракометен турнир со почеток од 21 часот. Во него ќе видиме нова пресметка меѓу градските ривали, Вардар и Металург. Градското дерби овојпат ќе биде на неутрален терен, и за првпат на отворено. Минатата година, Вардар триумфираше во првото финале на Супер Купот, а тогаш ривал му беше Еурофарм Работник. Во последните четири години на дуелите против Металург билансот е 15 победи за Вардар и само два триумфа на „металурзите“.

Read More

Привремениот селектор на Аргентина, Лионел Скалони, направи сериозни промени во составот за претстојните две контроли против Гватемала и Колумбија. Само девет играчи од светското првенство најдоа место на листата со 23-има лица за претстојните пријателски средби. Надвор од составот е мегаѕвезда Лионел Меси, кој побарал одмор за претстојните натпревари на националниот тим. Не се повикани и Гонзало Игуаин, Серхио Агуеро и Анхел Ди Марија. Меѓу новите имиња се играчите од Италија, Лаутаро Мартинез и Џовани Симеоне. Во групата се враќа и Мауро Икарди од Интер.

Read More

Симоне Заза пристигна во Торино за да го заврши трансферот во истоимениот италијански прволигаш. Напаѓачот последен пат играше за Валенсија и се очекува за него „биковите“ да платат 14 милиони евра. Италијанскиот фудбалер вчера го потпиша договорот пред да се затвори трансфер пазарот во Серија А. 27-годишниот стрелец ќе дојде како позајмен до крајот од сезоната за 2 милиони евра, а следното лето Торино ќе може да го купи за уште 12 милиони евра.

Read More

Шалке е заинтересиран за фудбалерот на Интер Жоао Марио. Португалецот е на листата на потенцијални засилувања и кај Севиља, Бетис и Рубин Казан. Фудбалерот кој пристигна на “Сан Сиро” во текот на летото 2016 година за 40 милиони евра од Спортинг Лисабон, не успеа да се наметне и во минатата сезона играше како позајмен во Вест Хем. Жоао Марио не е во плановите на Лучијано Спалети за оваа сезона и Португалецот сега бара нов клуб, каде ќе ја продолжи кариерата. Се вели дека желбата на играчот од средниот ред е да се пресели во клуб во Шпанија.

Read More

Една од легендите на Јувентус, Клаудио Маркизио, денеска по 25 години поминати во клубот заминува од редовитена „Старата Дама“. Како што објавија од клубот, двете страни се договориле за прекин на соработката. 32-годишниот Маркизио е во првиот тим на Јуве од 2005 година и заминува од клубот по 389 одиграни натпревари и 37 постигнати гола. Јувентус му се заблагодари на Маркизио за неговата верност. Засега не е објавено дали и каде Маркизио ќе ја продолжи кариерата.

Read More
NBA

Центарот Денвер Нагетс, Никола Јокиќ , кој претходно потпиша нов петгодишен договор со клубот вреден 148 милиони долари, изјави дека не планира да учествува на есенските квалификациски натпревари за Светското првенство во 2019 година. Играчот не учествуваше ниту во летниот дел од квалификацискиот циклус, а не сакаше да зборува за тоа кога следен пат ќе биде дел од селекцијата на Србија. 23-годишниот Џокиќ изминатата сезона ја има со одличен просек од 18,5 поени по натпревар, имаше 10,7 скока и 6,1 асистенција.

Read More