Author: saso

Напаѓачот на Јуве, Гонзало Игуаин најверојатно летово си заминува од Торино и ќе се пресели во Лондон. Неколку англиски и италијански медиуми веќе објавија дека нова дестинација на Аргентинецот ќе биде Челзи. Лондонскиот клуб ќе мора да плати 60 милиони евра за аргентинскиот голгетер. Трансферот на Игуаин ќе се одржи само доколку Кристијано Роналдо се пресели од Реал Мадрид во Јувентус за сума од 100 милиони евра. Гонзало Игуаин исто така одигра две сезони за Реал и во 105 натпревари постигна 55 гола.

Read More

Кристијано Роналдо, најверојатно, нема да остане во дресот на Реал Мадрид, а тоа веќе го потврдуваат повеќе медиуми од Шпанија, вклучително и авторитетната „Марка“. Според информациите, синоќа во Мадрид средба требаше да имаат Хорхе Мендеш, менаџерот на фудбалерот и претседателот на клубот, Флорентино Перез. Оваа средба дефинитиво ќе ја одлучи иднината на Португалецот во Мадрид. Перез сака да го реши овој проблем што е можно поскоро, за да не го одложи за до почетокот на новата сезона. Роналдо не доби нов подобрен договор од Реал како што бараше и тоа е една од главните причини поради која инсистира да си…

Read More

Аргентинскиот фудбалер и репрезентативец Кристијан Павон би можел карирата да ја продолжи во Англија и тоа во дресот на Арсенал. „Топчиите“ сериозно се заинтресираа за услугите на Павон, кој имаше редовен настап во дресот на „гаучосите“ на ова СП. Покрај Арсенал за услугите на Павон е заинтересирана и Барселона. Се претпоставува дека износот на трансферот на 22-годишниот напаѓач на Бока Јуниорс би можел да се движи околу 50 милиони евра.

Read More

Според весникот „Газета Дело Спорт“, поранешниот напаѓач на Јувентус Симоне Заза се согласил на трансфер во редовите на Милан. Според информацијата, Заза потпишал 4-годишен договор со „росонерите“ за кои ќе добие по 2,5 милиони евра од сезона. Интересно е што трансферот можеби и нема да се реализира ова лето, бидејќи Валенсија сака да го даде играчот под наем со право на откуп, а Милан се уште не е подгитвен да го купи, се додека во своите редови го има хрватскиот напаѓач Калиниќ.

Read More

Фудбалската федерација на Костарика го објави повлекувањето на Оскар Рамирез од функцијата селектор на националниот тим. Договорно, двете страни се одлучиле да ја прекинат соработката веднаш по СП. Рамирез ја водеше Костарика од 2015 година, а на Мундијалот во Русија имаше само едно реми и два порази во групната фаза на натпреварите со Србија (0:1), Бразил (0:2) и Швајцарија (1:1). Засега нема шпекулации за новото селекторско име, но од Федерацијата најавија дека до септември ќе биде познато кој ќе биде нов селектор на Костарика.

Read More

Јапонскиот репрезентативец Кеисуке Хонда реши да се повлече од репрезентацијата по ова СП. Тој вели дека во својата кариера успеа да одигра големи натпревари за својата репрезентација, а сега е време на помладите. „Сторив се што можев за тимот. Сега е време да им се дадеме шанса на младите играчи. Имаме многу добри млади луѓе, кои утре ќе го водат нашиот тим во нови височини. Сигурен сум дека може да одиме и подалеку. Јас сум доста среќен со мојата кариера. Играв на Олимписките игри и на три светски шампионати. Ова не му се случува секому“, изјавил Хонда.

Read More

Фелипе Луис ќе биде најверојатен стартер во репрезентацијата на Бразил на денешниот осминафинален меч со Мексико. По повредата, Марсело не ќе може да почне во стартните 11 на денешниот петти осминафинален меч на Мундијалот. Марсело има повреда на грбот која ја влече уште од мечот со Србија и поради тоа веќе цела недела тренира со многу намален интензитет. Тој сигурно ќе остане на клупата за резерви, но прашање е дали воопшто ќе добие шанса на денешниот дуел. Во составот на Бразил се враќа Данило. Десниот бек имаше повреда на бутот, но лекарите велат дека тој е комплетно опоравен и му…

Read More

Даниел Субашиќ го израмни рекордот по одбранети пенали на натпреварите на светските првенства. Тој успеа да одбрани дури три пенали во пенал-рулетот на синоќешниот дуел со Данска во осминафиналето на СП во Русија. Рекордот го постави голманот на португалската репрезентација, Рикардо во четврфиналето против Англија во 2006 година. Тогаш Рикардо одбрани три пенали против англичаните за пласман во полуфиналната рунда.

Read More

Утрово англискиот премиерлигаш Ливерпул објави дека потпишал нов долгорочен договор со египетскиот напаѓач, Мохамед Салах. Според новиот договор, Салах останува на „Енфилд“ до 2023 година, со што паднаа во вода сите најави дека тој летово може да си замине од редовите на англискиот тим. Салах којимаше извонредна деби сезона во Ливерпул, во која постигна неверојатни 44 гола во само 52 настапи, веднаш стана мета на најголемите европски тимови, особено на Реал (М) кој најави дека ќе се обиде да го купи уште ова лето. “Ова покажува две работи – неговата верба во Ливерпул и нашата верба во него“, кусо прокоментира…

Read More
NBA

Една од најголемите ѕвезди во НБА лигата во последната деценија, Леброн Џејмс, од денеска и официјално е нов член на ЛА Лејкерс. Неговиот менаџерски тим и официјално ја објавија преселбата на Леброн во Калифорнија. Договорот е за четири години, од кој Џејмс ќе заработи 153,3 милиони долари. Пред два дена стана јасно дека Леброн го напушта својот роден град Кливленд по вторпат во неговата кариера, откако во 2010-та година замина од Охајо, но тогаш за да се пресели во екипата на Мајами Хит.

Read More