Author: saso

Рускиот репрезентативец Глеб Калараш е нов член на македонскиот и СЕХА шампион, Вардар. „Црвено-црните” потпишаа едногодишен договор и тој веќе е пристигнат и тренира со екипата. Новиот играч е висок 205 см. и тежок 100 кг. со што одбраната повторно ќе биде висока и непробојна. Калараш има зад себе настап на едно ЕП и едно СП за репрезентацијата на Русија. Играше на ЕП 2016 во Полска и на СП 2017 во Франција. Пролетва играше во бараж средбите меѓу Русија и Чешка кога „Зборнаја” се пласираше на следното СП 2019 и постигна по еден гол на двата меча. Во клупската кариера…

Read More

Македонската кошаркарска репрезентација за играчи до 16 години која го освои 3. место и бронзениот медал на Б-ЕП во Босна и Херцеговина, денеска беше на прием во Македонската кошаркарска федерција. Претседателот Петар Наумоски им честиташе на младите надежи и им се заблагодари за посветеноста со која настапуваа за националниот тим. Селекторот на репрезентацијата, Александар Јованчев, истакна дека е благодарен на Федерацијата која две и пол години му даде простор да работи со оваа генерација. На приемот еден од бронзените медали заврши и на градите на Наумоски.

Read More

Играчот на средниот ред на Манчестер Сити, Александар Зинченко се уште е главната опција за засилување на Бетис пред завршувањето на летниот трансфер период. Агентите на украинскиот фудбалер веќе биле на нова рунда преговори со Шпанците. 21-годишниот играч ја чека конечната одлука на Манчестер Сити. Англискиот клуб се уште размислува дали Зинченко треба да биде ослободен по повредата на Кевин де Бруин, кој ќе биде надвор од терените околу три месеци.

Read More

Играчот од средниот ред на Лестер, Вилфред Ндиди потпиша нов долгорочен договор со клубот. Договорот на 21-годишниот фудбалер е до крајот на сезоната 2023-2024. Ндиди беше дел од репрезентацијата на Нигерија и на СП во Русија, но не одигра ниту еден од трите натпревари колку што ги имаа Нигеријците на шампионатот. Играчот од средниот ред им се приклучи на “лисиците” од белгискиот Генк во јануари 2017 година. „Уживам во секој момент од времето во клубот, и среќен сум што потпишав нов договор“, изјавил Ндиди за официјалната веб-страница на Лестер.

Read More

Црногорскиот кошаркарски стретег Душко Ивановиќ , кој во 2017 година ја напушти својата позиција како главен тренер на Химки, сега повторно најде нов ангажман. Според информации на „Eurohoops“, 60-годишниот тренер ќе работи со турскиот клуб Бешикташ, кој претходно го отпушти досегашниот тренер Уфук Сарика. Ивановиќ ќе добие договор на една сезона со опција за продолжување на  уште една.

Read More

Поранешниот дефанзивец на Манчестер Ј, Гери Невил, остро го критикуваше тимот по поразот од Брајтон во вчерашниот меч од 2. коло на Премиер лигата. Невил отиде дотаму што изјави дека не гледа дека Манчестер во догледно време ќе има тим кој може да ја освои титулата во лигата. „Сега битката за титулата изгледа малку поинаква. Да, сезоната само што започна, но малку е веројатно дека Манчестер Ј. ќе биде во состојба, да биде и блиску до трката за трофејот. Иако го имаат најдобриот голман во светот, силен среден ред, немаат игра. Проблемот е во одбраната. Тимот прима многу голови, а…

Read More

Кошаркарот на Голден Стејт Вориорс, Клеј Томпсон изјави дека нема намера да го промени тимот. „Многу пати реков дека сакам да играм за Голден Стејт до крајот на мојата кариера. Преговорите за нов договор не се далеку. Но, мислам дека нашите интереси се совпаѓаат. Ќе бидам среќен да играм за ’Воините’ цела моја кариера“, изјавил Томпсон. 28-годишниот Томпсон веќе 7 години е дел од тимот, откако во 2011 година беше избран од Воините како 11-ти пик на драфтот.

Read More

Поранешниот играч од средниот ред на Јувентус, Клаудио Маркизио, најверојатно ќе ја продолжи кариерата во француската Лига 1. Италијанските медиуми уште синоќа најавија дека 32-годишниот фудбалер, кој моментално е во статус на слободен агент, пристигнал во Монте Карло и е подготвен да потпише договор со Монако. Претходно беше објавено дека за услугите на играчот од средниот ред се исто така заинтересирани клубови од Кина, како и ПСЖ, Севиља и Спортинг Лисабон. Како дел од тимот од Торино, Маркизио стана седумкратен шампион на Италија, трипати го освои Купот и трипати италијанскиот Супер Куп.

Read More

Ден по завршницата на Мастерсот во Синсинати, дојде и промената на врвот на АТП ранг листата на тенисерите кои се борат за настап на завршниот турнир од тековната сезона. И покрај тоа што не настапи во Синсинати, Шпанецот Надал остана на врвот со 6760 бода, но сега зад петици му се најдоа двајцата финалисти од Синсинати. Второто место е за поразениот Рожер Федерер кој се искачи една позиција погоре со 4620 поени, а третопласиран е победникот на турнирот, Србинот Новак Ѓоковиќ кој направи пробив од петтото место со инкасирани 4445 бода. Второпласираниот минатата недела, Зверев од Германија сега е четвртти,…

Read More

Бешикташ испрати и официјална понуда до Ливерпул за резервниот голман Лорис Кариус. Како што објавија англиските весници, турскиот клуб бара најпрво да го добие германскиот голман на позајмица до крајот на сезоната, а потоа да добие и можност за откуп на договорот. Оваа опција се појави откако Бешикташ не можеше да се договори со Арсенал за позајмицата на Оспина. Претходно во медиумите беше објавено дека Ливерпул е подготвен да ги продаде двајца голмани, Кариус и Мињоле.

Read More