Author: saso

Србинот Новак Ѓоковиќ со убедливи 3-0 во сетови го победи Џон Милман и се пласираше во полуфиналето на УС Опен каде ќе игра против Кеј Нишикори од Јапонија, кој во второто ноќешно четврфинале беше подобар од Хрватот Марин Чилиќ. Милман направи сензација со елиминацијата на Рожер Федерер, но беше немоќен против Ѓоковиќ. Некогашниот светски рекет бр. 1 рутински со 6-3, 6-4 и 6-4 го доби мечот и избори пласман во полуфиналето каде што ќе игра против Нишикори. Јапонскиот тенисер, пак, водеше голема битка со Чилиќ и во пет сета се избори за место во големта четворка.

Read More

Тотенхем најверојатно ќе ја искористи опцијата и ќе го продолжи договорот со дефанзивецот Јан Вертонген. Веста ја потврди и самиот фудбалер. Договорот на Белгиецот е до крајот на оваа сезона, но во него има клаузула која му овозможува на клубот да ги обезбеди неговите услуги за уште една сезона, а на тој начин тој ќе остане во тимот до летото 2020-та година. „Договорот ми истекува на крајот на оваа сезона, но Тотенхем има опција да го продолжи за уште една година и очекувам тоа да се случи наскоро“, изјави дефанзивецот пред медиумите во својата татковина.

Read More

Пред утрешниот старт на новиот формат на УЕФА натпреварувањето, наречено Лига на Нации, македонската фудбалска репрезентација во Гирбалтар се подготвува за дуелот со домашната селекција. на прес-конференцијата пред мечот, капитенот Горан Пандев истакнал дека овој меч е голема шанса да се почне со победа и да се бориме за историска шанса за учество на едно големо натпреварување. „Гибралтар е непознат ривал, но ние сме тука за да победиме и да тргнеме со три бода. Оваа генерација која ја има сега Македонија можеби е и најдобрата во историјата на Македонија. Многу од фудбалерите играат во големи клубови и затоа ова е…

Read More

Одборот за доделување на државната награда „8-ми септември“ денеска ги објави имињата на добитниците на годинешните признанија. Четирите признанија предвидени за посебни остварувања во спортот меѓу спортистите, тренерите и спортските работници ќе им припаднат на Ристо Таков, Сашко Арсовски, Владимир Радиќ и Стеван Гешовски. Наградата за животно дело оваа година оди во рацете на Таки Џиков. На прес-конференцијата членовите на одборот и првиот човек на Агенцијата за млади и спорт, директорот Дарко Каевски, истакнаа дека годинава конкуренцијата била голема, но успеале да направат адекватен избор за носителите на високите државни признанија, кои ќе им бидат врачени на добитниците в сабота.

Read More

Младата фудбалска репрезентација на Македонија денеска заминува за Нови Сад, каде в петок ќе го одигра седмиот квалификациски меч за пласман на ЕП. По пет последователни порази, новиот селектор Добринко Илиевски заминува со подмладен тим во обид да ја прекине серијата лоши резултати. „Оваа наша репрезентација нема комплекси. Без разлика на противникот и серијата лоши резултати, квалитетот е потврден. Ако добро ја вклопиме оваа генерација помлади фудбалери со поискусните, мислам дека не сме без шанси“, изјави за Спортското радио 90.3 фм, селекторот на младата репрезентација, Добринко Илиевски. Дуелот со селекцијата на Србија е закажан в петок со почеток од 18…

Read More

Со стартот на новата сезона нашиот млад фудбалер Ељиф Елмас доби поголема минутажа во својата екипа Фенербахаче. Доаѓањето на Филип Коку значеше пресврт, целосна доверба и поголема минутажа за нашиот млад игра кој има само 18 години. „Се зависеше од мене , работев напорно на индивидуален план и практично немав одмор за да бидам поподготвен за новата сезона. Убаво е кога тренерите ти веруваат, но јас можам многу, многу подобро. Полека се навикнувам на темпото на игра и во иднина верувам дека ќе пружам уште подобри партии“, изјави Елмас. Што се однесува до мечот со Гибралтар , Елмас вели дека улогата…

Read More

Ослабен без Филип Кузмановски и Мартин Велковски, тимот на Металург попладнево во Белорусија ќе го одигра и вториот меч од новата сезона во СЕХА лигата. „Металурзите“ беа поразени и на премиерниот дуел од новата сезона од градскиот ривал Вардар, а сега ги очекува уште еден исклучително тежок меч. „Овој дуел против Мешков ќе биде уште еден во кој ќе бидеме фокусирани на подобрување на нашата игра. Сè уште не го играме нашиот најдобар ракомет, но чувствувам дека сме на добар пат, само треба да работиме напорно и сигурен сум дека резултатите ќе стигнат и порано од очекувањата“, смета новиот тренер…

Read More

Дефанзивецот на Штутгарт, Бенжамин Павар, ги негираше гласините дека веќе има постигнато договор за трансфер во екипата на Баерн (М). Претходно медиумите објавија дека францускиот дефанзивец се согласил на договор со Баерн уште за време на Светското првенство во Русија. 22-годишниот дефанзивец според најавите требаше да замине во Минхен на крајот на сезоната за сума од околу 35 милиони евра. „Јас не сум потпишал ништо со Баерн. Тоа е само новинарска шпекулација“, изјавил Павар за француски „Л’Екип“.

Read More

Новиот тренер на Баерн Минхен, Нико Ковач е подготвен да ја исполни желбата на клупскиот претседател Ули Хенес за вметнување на што повеќе млади играчи од академијата на баварскиот тим. Последниот тренер на Баварците кој имаше храброст да наметне млади имињ аод академијата беше Луи ван Гал. Во Минхен тој стана познат по фразата „Томас Милер секогаш ќе игра“ во време кога на германскиот шампион и не му одеше најдобро. Под водство на ван гал се појавија и Холгер Бадштубер и младиот бек Давид Алаба.

Read More

Поранешниот напаѓач на Челзи, Дидие Дрогба, го објави своето враќање во клубот на нова позиција. 40-годишниот голгетер стана амбасадор на лондонскиот клуб за привлекување на спонзори. „Горд сум што повторно работам во Челзи“, напиша Дрогба на својот Твитер профил. Proud to be working again with @chelseafc as ambassador for @yokohamachelseafc 💙 #yokohama #chelseafc pic.twitter.com/GBN8jeVJq7 — Didier Drogba (@didierdrogba) September 4, 2018 Дрогба во два дела од својата кариера беше во Челзи како играч. Во 2004 година дојде во Лондон од Олимпик Марсеј за 38,5 милиони ера и играше за Челзи до 2012 година, а во 2014 година повторно се врати…

Read More